За компанијата

Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Развој и имплементација на BI Dashboards B2C

Дали сакате да работите со податоци што директно влијаат на деловните одлуки?

Уникатна можност да развивате BI dashboards и аналитички алатки кои му помагаат на тимот да ги следи перформансите, да носи подобри одлуки и да го движи бизнисот напред.

Повеќе за проектот

Проектот е насочен кон развој и автоматизација на BI dashboards кои ќе овозможат подобро следење на клучните бизнис индикатори во B2C сегментот. Преку анализа на податоци за користење на услуги, приходи, корисничка активност и инфраструктура, ќе се создадат аналитички алатки кои ќе помогнат во подобро разбирање на перформансите и поддршка на деловните одлуки базирани на податоци

Ваши секојдневни активности

Ќе учествувате во развој и автоматизација на data dashboards кои ги следат клучните KPI индикатори во B2C сегментот. Ќе работите на собирање, структурирање и анализа на податоци од различни извори, со цел да се добијат јасни аналитички увиди за бизнис перформансите. Во текот на проектот ќе имате можност да развивате едноставни аналитички модели, да подготвувате визуелизации и да предлагате идеи за подобрување на перформансите и квалитетот на податоците.

Квалификации

  • Интерес за data analytics, BI алатки и работа со податоци.
  • Основно познавање или интерес за Power BI.
  • Разбирање на основи на статистичка анализа и аналитичко размислување.
  • Флексибилен и проактивен пристап во динамична работна средина.
  • Добри комуникациски и тимски вештини.

Предност ќе имаат кандидати со основно познавање на Python или SQL за подготовка и анализа на податоци и студентите од ФЕИТ и ФИНКИ со насока во информатички технологии, Природно-математички факултет и Економски факултет.

Зошто да аплицирате?

  • Практично искуство со реални бизнис податоци и BI алатки.
  • Развој на технички, аналитички и бизнис вештини.
  • Работа на реални use-cases кои придонесуваат за подобрување на бизнис резултатите.
  • Соработка со различни тимови и стекнување искуство во data-driven одлучување.

Ако сакате да работите со податоци, да развивате аналитички алатки и да придонесете во донесување на подобри бизнис одлуки, АПЛИЦИРАЈТЕ!