Регистрација на домен
Македонски Телеком – овластен регистрар на .mk домени
Регистирањето нови и пререгистрирањето на постојните .mk домени можете да го направите и во Македонски Телеком, кој со либерализацијата на пазарот, стана овластен регистрар за управување со .mk доменот.
Покрај регистрација на врвниот домен .mk, Македонски Телеком е овластен и за регистрирање на секундарните домени: edu.mk, org.mk, com.mk, net.mk, inf.mk.
Што е потребно за прва регистрација и пререгистрација на домен
- Пополнето барање со веродостојни податоци, со печат и потпишано од овластено лице на правниот субјект, односно од лицето регистрант ако станува збор за физички лица.
- Потребно е да приложите лична карта, доколку сте приватен корисник, или извод од Централен регистар, доколку сте деловен корисник.
- Изводот од централен регистар (тековна состојба на правен субјект) кој треба да биде во оригинал и не постар од 6 месеци (во случај доколку нема поставено печат од страна на регистрантот).
Каде да аплицирате?
Потребната документација за регистрација и пререгистација на домен можете да ја доставите во најблиската Телеком продавница или на вашиот продажен агент.
Цени
Заштедете време и пари и регистрирајте го вашиот домен на период подолг од една година.
(*) Обезбедуваме бесплатна едногодишна регистрација и пререгистрација за кориcниците на веб хостинг услугата и продуктите: Business Office, Business Internet, Magenta 1 Business, како и за податочните услуги.
(**) Во претплатата на домен е вклучена и обновата на доменот.