РОАМИНГ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН

Почнувајќи од 01.07.2021 година, започнува примената на роаминг регулативата „Roam Like At Home“ (RLAH), која се однесува на 6-те земји од Западен Балкан (WB6). Регулативата важи за сите оператори од WB6 земјите - Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора.

Со оваа регулатива, мобилниот интернет, СМС пораките и разговорите остварени кон земјите од Западен Балкан, додека корисниците се во роаминг во тие земји, ќе се тарифираат како дома.

ПОСТПЕЈД

Разговори и СМС

Согласно воведената регулатива од страна на АЕК, сите постпејд корисници на Телеком кои имаат вклучени разговори и СМС пораки кон други домашни мрежи во претплатата на своите тарифи, можат да ги користат и кога се наоѓаат во роаминг во земјите на Западен Балкан (WB6 – Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија).

Појдовни повици

Појдовните роаминг повици и СМС пораки од WB6 земјите, направени кон која било од 6-те земји од WB6, нема да се наплатат и ќе се одземат од вклучените минути/СМС пораки кон други мрежи во претплатата на корисниците.

Пример

Кога корисник на Моbile M тарифата патува во Србија и повикува број во Македонија, нема да плати дополнително, туку разговорот ќе се тарифира како дел од вклучените минути кон сите мрежи, дел од тарифниот модел Моbile M.


Кога постпејд корисниците што ги потрошиле вклучените минути или што немаат вклучени минути или СМС пораки кон други домашни мрежи во претплатата, престојуваат во земјите од WB6 и ќе направат појдовен повик кон било која од земјите на WB6, ќе бидат тарифирани исто како и повиците направени дома според цените за национален сообраќај согласно со официјалниот Ценовник за приватни корисници (цена по Минута/СМС) и Ценовникот за актуелни Бизнис тарифни модели и пакети.

Појдовните повици во роаминг на територијата на WB6 земјите, кон некоја друга држава која не е дел од Западен Балкан, ќе се тарифираат како регуларни појдовни роаминг повици според официјалниот Ценовник за роаминг во зависност од тарифата на корисниците.

Дојдовни повици

Дојдовните повици примени од кој било од операторите во WB6 земјите кога корисниците на Телеком се во тие земји нема да се наплаќаат.
Дојдовните повици на територијата на WB6 земјите, примени од некоја друга држава која не е дел од WB6, ќе се тарифираат како регуларни дојдовни роаминг повици според официјалниот Ценовник за роаминг во зависност од тарифата на корисниците.

Интернет

Сите постпејд корисници кои имаат вклучен мобилен интернет во својата месечна претплата, од 01.07.2021 година, автоматски добиваат дополнителен месечен интернет пакет наменет само за користење во роаминг при престој во земјите од Западен Балкан.

Овој роаминг интернет е автоматски активиран кај секој корисник.

Вклучениот мобилен интернет достапен во роаминг во земјите од Западен Балкан, согласно со тарифата на корисникот, е прикажан подолу:

Тарифен модел Дополнителен месечен интернет пакет за роаминг во земјите од Западен Балкан (во GB)
Magenta 1 мобилни услуги S 1
Magenta 1 мобилни услуги M 3
Magenta 1 мобилни услуги L 5
Magenta 1 мобилни услуги S+ 3
Magenta 1 мобилни услуги S++ 3
Magenta 1 мобилни услуги M+ 4
Magenta 1 мобилни услуги S'16 0,5
Magenta 1 моб. услуги M’16-1 3
Magenta 1 мобилни услуги M'16 3
Magenta 1 м. услуги M Video 3
Magenta 1 мобилни услуги L'16 4
Magenta 1 мобилни услуги S'15 0,5
Magenta 1 мобилни услуги M'15 3
Magenta 1 мобилни услуги L'15 3
COOL 3
COOL Junior 3
COOL Kids 0,5
eSIM Plus 0,5
Фамилија M 0
Фамилија L 0
Фамилија М+ 0,5
Фамилија С 0
Фамилија С+ 0,5
Family Box 1 1
Тарифен модел Дополнителен месечен интернет пакет за роаминг во земјите од Западен Балкан (во GB)
Mobile S 1
Mobile M 3
Mobile L 5
Mobile S+ 3
Mobile S++ 3
Mobile M+ 5
Пензионер 0,5
Пензионер 1 0
Посебен 0
Смарт M Video 4
Смарт М’16 3
Промо 499 1
Промо 649 3
Смарт 499 0,5
Смарт 799 3
Тандем L 3
Тандем M 3
Тандем S 1
Тандем XS 0,5
Mobile 1 0,5
Mobile 2 3
Mobile 3 3
Mobile 4 3
Клуб М 3
Тарифен модел Дополнителен месечен интернет пакет за роаминг во земјите од Западен Балкан (во GB)
Business Executive 9 GB
Business Internet M 0,5 GB
Business Internet L 1 GB
Business Internet XL 2 GB
Business Internet XXL 2 GB
Business L 5 GB
Business L`15 5 GB
Business M 3 GB
Business M`15 3 GB
Business Mobile Office 3 GB
Business S 1 GB
Business S`15 0,5 GB
Business Special L 3 GB
Business Special M 2 GB
Business Special S 1 GB
Business Special XL 9 GB
Business XL 9 GB
Business XL`15 9 GB
Business XXL 13 GB
Business XXL`15 13 GB
GPS 5 GB
GSM Adapter 2 GB
GSM Pro 0 GB
Бизнис и Партнер 5 GB
Тарифен модел Дополнителен месечен интернет пакет за роаминг во земјите од Западен Балкан (во GB)
Magenta 1 Mob Business Promo S 0,5 GB
Magenta 1 Mobile Business L 3 GB
Magenta 1 Mobile Business L`15 5 GB
Magenta 1 Mobile Business M 5 GB
Magenta 1 Mobile Business M`15 3 GB
Magenta 1 Mobile Business S 1 GB
Magenta 1 Mobile Business S`15 0,5 GB
Spodeli Business 0 GB
T-Fleet Basic 0,5 GB
T-Fleet Pro 0,5 GB
T-Fleet Special 0 GB
Бизнис 350 1 GB
Бизнис 360 Бејзик 0 GB
Бизнис 360 Комфорт 0 GB
Бизнис 50 0,5 GB
Бизнис ВПН Ултимејт Л 3 GB
Бизнис Дата Ултимејт 0,5 GB
Бизнис Дата Ултимејт 2 0 GB
Бизнис Дата Ултимејт 3 0 GB
Бизнис Дата Ултимејт 4 0,5 GB
Бизнис Дата Ултимејт 6 0,5 GB
Бизнис и3.199 10 GB
Бизнис Промо 1499 3 GB
Бизнис Промо 299 0,5 GB
Тарифен модел Дополнителен месечен интернет пакет за роаминг во земјите од Западен Балкан (во GB)
Бизнис Промо 499 2 GB
Бизнис Промо 799 3 GB
Бизнис Промо Л 5 GB
Бизнис Промо М 1 GB
Бизнис Промо ХЛ 9 GB
Бизнис Смарт Л 3 GB
Бизнис Смарт М 1 GB
Бизнис Смарт С 0,5 GB
Бизнис Смарт ХЛ 5 GB
Бизнис Смарт ХХЛ 10 GB
Бизнис Старт 2 GB
Бизнис Ултимејт 20 0 GB
Бизнис Ултимејт 22 2 GB
Бизнис Ултимејт 36 0 GB
Бизнис Ултимејт 40 0 GB
Бизнис Ултимејт 58 0 GB
Бизнис Ултимејт 59 2 GB
Бизнис Ултимејт 60 2 GB
Бизнис Ултимејт 61 3 GB
Бизнис Ултимејт 62 5 GB
Бизнис Ултимејт 63 9 GB
Бизнис Ултимејт 64 0,5 GB
Бизнис Ултимејт 65 2 GB
Бизнис Ултимејт 66 3 GB
Тарифен модел Дополнителен месечен интернет пакет за роаминг во земјите од Западен Балкан (во GB)
Бизнис Ултимејт 67 1 GB
Бизнис Ултимејт 68 2 GB
Бизнис Ултимејт 73 0 GB
Бизнис Ултимејт 74 2 GB
Бизнис Ултимејт 75 3 GB
Бизнис Ултимејт 76 9 GB
Бизнис Ултимејт 77 13 GB
Бизнис Ултимејт 78 0,5 GB
Бизнис Ултимејт 79 2 GB
Бизнис Ултимејт 80 4 GB
Бизнис Ултимејт 81 9 GB
Бизнис Ултимејт 82 13 GB
Бизнис Ултимејт 9 0 GB
Бизнис Ултимејт Бејзик 0 GB
Бизнис Ултимејт Екстра 1 GB
Бизнис Ултимејт Комфорт 3 GB
Бизнис Ултимејт Л 4 GB
Бизнис Ултимејт М 2 GB
Бизнис Ултимејт Макс 2 GB
Бизнис Ултимејт Мини 0 GB
Бизнис Ултимејт С 0 GB
Бизнис Ултимејт Топ 0 GB
Бизнис Ултимејт ХЛ 9 GB
Бизнис Ултимејт ХС 0 GB
Тарифен модел Дополнителен месечен интернет пакет за роаминг во земјите од Западен Балкан (во GB)
Бизнис Ултра Медиум 2 GB
Буба Аларм 0 GB
ВПН Администратор 0 GB
Дата M 0,5 GB
Дата S 0,5 GB
Дата Флекс 0,5 GB
М2М Мобиле Сурф Бејзик 0,5 GB
М2М Фискална опрема 0 GB
Промо 649 3 GB
Смарт Дата M 0,5 GB
Смарт Дата S 0,5 GB
Телеметрик 0 GB
Тим интернет 0 GB
Ултимејт ВПН 1 1 GB
Ултимејт ВПН 2 2 GB
Ултимејт ВПН 3 3 GB
Ултимејт ВПН 4 5 GB
Ултимејт ВПН 5 9 GB
Ултимејт ВПН ЦЦХ 0 GB
Флит Менаџмент 3 0,5 GB
Флит Напреден 0 GB
Флит Основен 0 GB

За корисниците кои немаaт вклучен интернет сообраќај во претплатата, користењето на роаминг интернет во земјите од Западен Балкан ќе се тарифира по домашната цена според Официјалниот ценовник (цена по MB), но не повисоко од дефинираниот максимум согласно со регулативата.

Корисниците ќе добијат СМС известување при достигнување на 80% и 100% од роаминг интернетот доделен за користење за WB6 земјите. По искористување на роаминг интернетот наменет за WB6 земјите, услугата роаминг интернет ќе биде прекината и корисниците ќе може да активираат дополнителен роаминг пакет за да продолжат да сурфаат.

ПРИПЕЈД

Во зависност од припејд тарифниот модел, за земјите во Западен Балкан ќе бидат валидни соодветните/моментални цени по минута/СМС/MB за национални разговори, СМС и интернет, но не повисоки од регулираните максимални цени дефинирани од АЕК.
(во продолжение е дадена детална табела на цени по тарифен модел).

Воспоставувањето на повик за припејд корисниците не се наплаќа во WB6 земјите.

Дојдовните повици примени од корисници на оператори од WB6 земјите, кога корисниците се на територија на земјите од Западен Балкан, не се наплаќаат.

Како и до сега, припејд корисниците за одредени тарифни модели имаат повластени RoR цени по дополнет ваучер.

Детални цени за комуникациските услуги при роаминг низ WB6 за припејд се следните:

Тарифен модел COOL+
Цени со ДДВ по мин/СМС/MB со надополнет ваучер без надополнет ваучер
Појдовни повици 1,9 ден. 4,9 ден.
СМС 4,4 ден. 4,36 ден.
Интернет 4,9 ден. 13,09 ден.
Тарифен модел COOL
Цени со ДДВ по мин/СМС/MB со надополнет ваучер без надополнет ваучер
Појдовни повици 2,9 ден. 5,9 ден.
СМС 2,9 ден. 4,36 ден.
Интернет 2,9 ден. 13,09 ден.
Тарифен модел Easy Top
Цени со ДДВ по мин/СМС/MB со надополнет ваучер без надополнет ваучер
Појдовни повици 3,9 ден. 7,90 ден.
СМС 3,9 ден. 4,36 ден.
Интернет 3,9 ден. 13,09 ден.
Тарифен модел Easy Talk Easy SMS Easy Internet
Цени со ДДВ по мин/СМС/MB
Појдовни повици 7,9 ден. 8,9 ден. 13,81 ден.
СМС 4,36 ден. 2,9 ден. 4,36 ден.
Интернет 13,09 ден. 13,09 ден. 3,0 ден.

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Регулативата за Западен Балкан важи за сите оператори во земјите од Западен Балкан.

Откако корисниците ќе го искористат доделениот интернет додека се во некоја од земјите на Западен Балкан, пристапот до услугата се прекинува и корисниците можат да продолжат да користат интернет само доколку активираат дополнителен роаминг интернет пакет.

Со цел да се заштити од злоупотреби и невообичаена употреба на регулираните малопродажни услуги во роаминг, Телеком ќе ја применува политиката за фер користење во однос на трошењето на регулираните малопродажни услуги во роаминг. Принципите и правилата по кои се врши ова се детално урврдени во Правилникот за политики на фер користење и проценка на одржливоста на укинувањето на дополнителните надоместоци за регулирани малопродажни услуги во роаминг и за барањето што го доставува операторот за целите на таа проценка.

При престој во други балкански земји кои не се дел од регулативата за Западен Балкан, важат редовните роаминг цени согласно со официјалниот Ценовник за роаминг. Сепак, за пониски трошоци и подобро корисничко искуство при користење на интернет, корисниците може да активираат дополнителни роаминг интернет пакети.

Ако патувате во Грција, Турција, Хрватска или Бугарија, може да го активирате Интернет Балкан пакетот и промотивно да добиете 3 GB интернет во роаминг со важност од 30 дена. Дознајте повеќе овде.

Одредени содржини како што се MaxTV GO, HBO Go, Stream On, Speak Out и друг тип на дополнителни услуги, како и услугите со посебна цена на чинење, нема да им бидат достапни на корисниците со оглед на нивната достапност само на територија на Македонија во согласност со условите за користење на тие услуги.

Исто така, дополнителните Инстант (30-дневни) интернет пакети на Македонски Телеком (кои се активираат еднократно откако ќе се потроши интернет сообраќајот вклучен во тарифата), за приватни и деловни корисници, нема да им бидат достапни на корисниците, со оглед на нивната достапност само на територија на Македонија во согласност со условите за користење на тие услуги.

Дополнително, припејд корисниците кои имаат активни дополнителни пакети (како што се пакети за разговори, СМС пакети, интернет пакети со вклучен сообраќај - минути, СМС пораки или интернет во мрежата на Македонски Телеком или мрежата на другите оператори во рамките на Македонија), нема да можат да ги користат додека се во роаминг во WB6, со оглед на нивната достапност само на територија на Македонијa.

Тарифирањето на сообраќајот во земјите на Западен Балкан (интернет сообраќај, говорен и СМС сообраќај) ќе го следи тарифирањето на националниот сообраќај кон другите национални мрежи во соодветниот тарифен модел кој го користи корисникот, согласно со официјалниот Ценовник.

Доколку сте постпејд корисник со вклучени разговори и СМС пораки кон други домашни мрежи и интернет во вашата претплата, немате дополнителни трошоци за појдовен сообраќај. Доколку сте припејд корисник, појдовните повици се наплаќаат соодветно на тарифниот модел (видете ги табелите со деталните цени погоре во документот ).

Појдовните повици во роаминг на територијата на WB6 земјите, кон држава која не е дел од Западен Балкан, ќе се тарифираат како регуларни појдовни роаминг повици според официјалниот Ценовник за роаминг во зависност од тарифата на корисниците.

Дојдовните повици примени од оператори од WB6 земјите, кога корисниците се на територија на земјите од Западен Балкан не се наплаќаат, односно се третираат како дојдовни повици во домашна мрежа.

Дојдовните повици од други земји кои не се дел од WB6, примени додека корисниците се во роаминг на територија на Западен Балкан, ќе се тарифираат како регуларни роаминг дојдовни повици според официјалниот ценовник во соодветната тарифа.

Повиците со USSD (*123*) не се дел од регулираните роаминг повици во земјите од Западен Балкан (WB6). Повиците кои ќе бидат направени со користење на *123* односно со USSD-код од овие земји ќе бидат тарифирани како USSD повик, по стандардните цени за USSD повици.

Повиците или SMS пораките кон број од земјите од Западен Балкан, додека корисникот се наоѓа во Македонија се тарифира по цените за меѓународни повици/SMS.
Повеќе детали за роаминг во Западен Балкан овде.