Sea Hero Quest VR

Играјте ја првата VR игра во светот каде што секој може да им помогне на научниците во борбата против деменцијата!

Одвојте време и играјте за добра цел! До сега речиси 3 милиони луѓе насекаде во светот ја преземаа нашата мобилна игра Sea Hero Quest, а сега играта е достапна и во виртуелна реалност за вашиот Samsung Gear VR.

Скокнете во бродот и истражете ги волшебните мориња во потрагата за спас на човечкиот мозок. Соочете се со навигациски предизвици, пронајдете ги и нахранете ги скриените суштества и забавувајте се додека помагате во борбата против деменција, болест со која живеат 45 милиони луѓе во целиот свет.

Додека играте, вашите податоци за навигација анонимно се следат, безбедно се складираат и се комбинираат со податоците од другите играчи во VR од целиот свет, за да се создаде најголемата и најпрецизната светска база на податоци од маса луѓе, со чијашто помош ќе се постават одредниците за човековото снаоѓање во просторот. Со текот на времето, овој неверојатен ресурс ќе помогне во создавањето нови дијагностички алатки и третмани за деменцијата.

Создадена од GLITCHERS, претставена од Дојче Телеком и поддржана од научниците од University College London и University of East Anglia, вклучително и од Alzheimer's Research, Sea Hero Quest VR е врвен спој на наука и VR забава, која ќе продолжи да го менува начинот на кој се истражува деменцијата.

Преземете ја играта бесплатно од Oculus Store и играјте за добра цел!

Дознајте повеќе на: www.seaheroquest.com


pageArea reserved, leave empty!!!