Главната цел на Македонски Телеком АД во иднина е да соработува со добавувачи кои индиректно ќе придонесуваат за имплементација на целите на Македонски Телеком АД Телекомуникации односно задоволување на потребите на нашите корисници на повисоко ниво а преку обезбедување на квалитетни производи/услуги и запазување на роковите за истите.
За да се постигнат овие цели Македонски Телеком АД воведе квалификационен систем за добавувачи кој се заснива на оценка за нивното работење во рамките на испорачани производи или извршени услуги од техничка,економска и квалитативна гледна точка на управување.,а со цел идна заедничка соработка на подолг рок. Квалификацијата се состои во две фази:

  • Прва фаза: Пред-квалификација
    Процедурата за предквалификација се базира на оценка на податоците дадени во прашалникот Формулар за претквалификација”. Врз основа на одговорите од прашалникот Македонски Телеком АД ќе изврши класификација на добавувачите согласно однапред одредени критериуми.
  • Втора фаза: Пост-квалификација
    Процедурата за пост-квалификација се базира на оценката на изведбата на испорачаните производи односно извршените услугите од аспект на квалитетот на истите и испорака во бараниот рок.

Поените од пред и пост квалификација се собираат по што се прави ранг листа на добавувачи.
Како добавувачи може да бидете квалифицирани со пополнување на прашалникот Формулар за претквалификација кој може да го симнете од оваа страна.
Со цел да извршиме точна оцена на прашалникот Ве молиме да ни доставите точни и вистинити податоци.
Македонски Телеком АД ќе Ве информира еднаш во годината за резултатите добиени во процесот на квалификација на добавувачите.
Сите дополнителни информации околу пополнување на прашалникот може да ги добиете на : +389 (2) 3242 240.

pageArea reserved, leave empty!!!