Македонски Телеком како еден од најзначајните играчи во македонското деловно опкружување има одговорност да постави стандарди и да биде движечка сила во развојот на општеството. Нашата мисија е да го збогатуваме и унапредуваме квалитетот на животот на граѓаните во Република Македонија, а во истовреме да ја подобруваме и средината во којашто работиме. Затоа, континуирано поддржуваме значајни културни и спортски настани, донираме и инвестираме во образованието, здравството, социјалната и детската заштита, притоа промовирајќи ги универзално прифатените вредности за општествена одговорност.

Спортот, музиката и културата се трите главни столбови на стратегијата за спонзорства на Македонски Телеком.

Па така, со нашата поддршка, го подигнавме спортот на повисоко ниво, продолжувајќи ја соработката со нашиот најдобар ракометен и фудбалски клуб „Вардар“, а станавме и генерален спонзор на Бизнис лигата во мал фудбал. Како поддржувачи на спортот, одлучивме Националната арена „Филип II“ да се ребрендира во „Телеком Арена“. Со потпишувањето на Договорот за соработка со Акционерското друшво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Македонски Телеком покажа дека националната арена добива сигурен и доверлив деловен партнер во иднина.

Традиционално го поддржуваме Охридскиот пливачки маратон кој што прерасна во врвна спортска манифестација, Освен во спортот, постојано инвестираме и во музиката, како еден од најзначаните општествени сегменти. Веќе со години наназад сме партнери на далеку препознатливиот и единствен Скопски џез фестивал, како и на детските музички фестивали како што се Златно славејче, Поточиња и Гроздоберче и детскиот фестивал на албански песни „Виножито“. Наша поддршка имаат и музичките звезди Каролина, Елена Ристеска и Адријан Гаџа.

Несебично вложуваме и во културата. Меѓу позначајните настани ги издвојуваме Охридското лето, манифестација на која што сме пријатели долги години наназад, потоа „Македонската опера и балет“, фестивалот на уличниот театар „Баскерфест“ итн.

Бевме партнери и на традиционалните албански манифестации во Република Македонија: „Златна мравка“, „Звуците на чаршијата“, „Ансамблот Ибе Паликуќи“ како и на „Тетовско културно лето“.

pageArea reserved, leave empty!!!