НЕКА ПОБЕДИ ЉУБОВТА

Време е да ја вратиме магијата...

Да, навистина дојде до ова. Пар паметна долна облека што ќе ни помогне да го посветиме вниманието онаму каде што треба... кон нашиот партнер/партнерка. Но, дали тоа е вистинскиот одговор на една среќна врска? Како да не трошиме време на дигиталните мрежи што, всушност, ги попречуваат вистинските интеракции?

Кога сè останато не успева, нашата солуција е едноставна...
Love Magenta паметна долна облека.

Но, одговорот е во вашите раце...

Испробајте ги нашите едноставни совети за користење смартфон

  • Android
  • iOS

Вистински разговор

Ерик Хегман е брачен советник, тренер на сингл личности и Извршен „љубовен“ менаџер во modernloveschool.com кој има објавено и повеќе книги на оваа тема.

Тој е редовен експерт-гостин на бројни радио емисии, член на експертскиот тим во Parship, има гостувано на Ted Talk при „The disneyfication of love“ и претходно има објавувано совети за успешни врски во разни публикации.

Препораките на Ерик

20 минути на ден

20 минути поминати без никакво дефокусирање со Вашиот партнер/партнерка може многу да значи. Тоа е време да се посвети целосно внимание кон партнерот/партнерката. Слушајте ги внимателно неговите/нејзините желби и грижи, но сè додека Вашиот телефон Ви е при рака, тешко е да се сконцентрирате. Затоа неопходно е да се обидете да ги тргнете смартфоните на страна на барем 20 минути на ден.

Храната поврзува

Обраќањето внимание е нешто што може да се прави пред и за време на оброк. „Паровите кои готват заедно остануваат заедно“ и разни студии укажуваат на тоа дека паровите се смеат повеќе и имаат секс почесто, за разлика од оние кои јадат одвоено. Проверете го Вашиот „Newsfeed“ по ручек или пред подготовките и мобилните телефони треба да бидат на страна додека вечерате.

Ве молиме, не вознемирувајте

Заедништвото е знак за љубов. Навикнете се да ја користите „Do not disturb“ опцијата на Вашиот мобилен телефон додека поминувате време со вашиот сакан/а. Луѓето кои навистина мора да ве добијат на телефон би се јавиле неколку пати, но генерално сѐ би можело да почека со цел да не нѐ дефокусира.

Навики на спиење

Обидете се да одбегнете да го полните мобилниот веднаш до креветот. Тоа вообичаено Ве примамува да го погледнете барем еднаш. Наместо тоа, поминете ги последните минути од денот со партнерот/партнерката и не заборавајте да го/ја бакнете за добра ноќ. Совет: Помислете на три нешта што Ве прават благодарни за Вашиот партнер/партнерка – по што со сигурност ќе бидете во расположение за гушкање и галење.

Добро утро, драги/драга

Ако Вие и Вашиот партнер/партнерка се будите во исто време и имате сличен утрински ритам, осигурајте се да ги поздравите и да им пружите љубов пред да го зграпчите телефонот в рака. Тоа би било знак на внимание, исполнетост и благодарност. Покажете му на партнерот/партнерката дека тој е Ваш приоритет, а не опција.

Кога сè останато не ви успева... пробајте ја Love Magenta Паметната долна облека

Што има внатре?

  • Торбичка со 2 парчиња долна облека
  • 2 љубовни чипа
  • Инструкции за користење

Магијата почнува сега

Дали Вашиот партнер/партнерка е дефокусиран од својот мобилен телефон?

Облечете ја Вашата паметна долна облека и придвижете се кон партнерот/партнерката.

Вашиот партнер/партнерка ќе добие нотификација на својот мобилен телефон.

Партнерот/партнерката ќе го активира „Love Mode“ и сите нотификации ќе бидат блокирани.

„LoveMode“ е активиран. Музиката свири во позадина. Приближете се уште еднаш.

Остварете сè што посакувате

ТЕХНОЛОГИЈАТА
ИСКОРИСТЕНА ЗА ДОБРО

Живееме во време на неограничени можности. Со технологијата што ја имаме на располагање, секоја идеја е остварлива.

Запознајте ја Ема, 24-годишна пијанистка од Скопје. Таа е девојка со многу таленти и силна волја да ги оствари своите желби. Но, тоа и не е толку едноставно ако имате оштетен вид. Пред сè, знаејќи дека во нашата земја музичката литература на Брајово писмо не е лесно достапна.

Ема, како вистински претставник на својата генерација, го најде решението во модерната технологија.

На само еден клик од неа, таа има неограничена музика во која може да пронајде инспирација, аудио-книги за совладување на музичката теорија, како и голем број компјутерски алатки коишто и ги олеснуваат и работата и секојдневието.

Една од нив е и програмата со чија помош Ема ги чита музичките партитури. Некогаш во тоа и помагаа нејзините најблиски, но сега со оваа алатка таа самостојно ги чита напишаните ноти, а потоа ги претвора во прекрасна мелодија.

Ема е одличен пример за тоа како во новото дигитално време, границите постојано се поместуваат.

Во годината што следи, користете ја технологијата за добро и поместете ги границите за себе и за средината во која живеете.

ЕДНАКВА ВКЛУЧЕНОСТ ПРЕКУ ТЕХНОЛОГИЈА

10 тимови, 50 учесници, 20 ментори, многу креативност, иновативност и многу промени!

Знаевте ли дека во Македонија, од сите ученици кои посетуваат настава, само 0,5% се деца и млади со попреченост?

Затоа Фондацијата Телеком за Македонија, Unicef и Smart Up го поддржуваат меѓунардониот предизвик за млади – Generation Unlimited, преку кој младите луѓе бараат решенија за дигитална инклузија на лицата со попреченост.

Дигитална инклузија е ефективно учество на сите во секој аспект на општествениот живот, преку користење на информациско-комуникациските технологии. Целта е да се отстранат бариерите, на сите да им се овозможи да учествуваат подеднакво, самоуверено и самостојно во секојдневните активности, образованието и пазарот на трудот.

Ви ги претставуваме петте тимови и нивните идеи, за чијашто реализација добија по 1.000 долари. Следните три месеци тимовите ќе работат на своите идеи, а потоа ќе се изберат две решенија, кои ќе бидат поднесени во глобалниот избирачки процес со цел да бидат препознаени како дел од осумте проекти на глобално ниво.

Користете ја технологијата за добро

КОРИСТЕТЕ ЈА
ТЕХНОЛОГИЈАТА ЗА ДОБРО

Живееме во неверојатно време.
Секогаш сме поврзани со оние кои ни значат, комуницираме брзо и лесно и имаме пристап до многу повеќе информации од кога било претходно.

И сето ова, благодарение на паметните уреди што секојдневно ги користиме.

Но, понекогаш овие паметни уреди ни го одвлекуваат вниманието од важните работи во животот, пречејќи ни да споделуваме меѓусебно.

Време е да си го поставиме големото прашање:
Зарем не можеме подобро?

Ние во Телеком веруваме дека можеме.

Затоа сме посветени да им помогнеме на сите да го добијат најдоброто од дигиталниот свет и од нашата мрежа.

Преку користење на технологијата за сопствен развој и унапредување на општеството, се поврзуваме со неверојатните можности што ги нуди сегашноста.

Технологијата во функција на поквалитетен живот е технологија искористена за добро.

Поврзете се со
можностите на денешнината

Инспирирајте се што можете да постигнете преку технологијата

НАПРАВЕТЕ ГО ДОМОТ ПАМЕТЕН
СО SMART HOME

Технологијата што носи додадена вредност во живеењето е технологија искористена за добро.
Со SMART HOME, вашиот дом ќе стане паметен, а вие послободни за оние што вистински ги сакате.

ПРЕПОРАЧАН СЕТ
SMART HOME УРЕДИ

  • Smart сензори
  • 2 x Smart LED сијалица
  • Smart безбедносна камера

Сетот прикажани Smart Home уреди можете да го добиете за 1 денар, доколку склучите договор за Фамилијарен буџет со две мобилни линии во Magenta 1 M.

Дознај повеќе
Десктоп верзија