Добредојдовте! Со користење на услугата “MaxTV за Android TV” ги прифаќате условите за користење кои се објаснети во продолжение на овој документ. Со прифаќање на овие услови, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и се согласувате со сите правила за користење на услугата. ПРОЧИТАЈТЕ ГИ ВНИМАТЕЛНО ОВИЕ УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА ДА СЕ ОСИГУРАТЕ ДЕКА ВИ Е ЈАСНА СЕКОЈА ОДРЕДБА.
MaxTV за Android TV претставува услуга која им овозможува на корисниците пристап до телевизиски и видео содржини (во понатамошниот текст ”содржини”) кои се пренесуваат преку интернет и се достапни преку апликација инсталирана единствено на Android TV уред набавен од Македонски Телеком. Android TV уредот е основен предуслов за следење на содржините од MaxTV за Android TV услугата.
Достапноста на содржините и функционалностите зависат од избраниот пакет и истиот операторот може да го менува во секое време. Основниот пакет на MaxTV за Android TV услугата е достапен за сите корисници кои ќе набават соодветен Android TV уред од Македонски Телеком, без потреба од активирање. Основниот пакет содржи основен сет национални канали. Основниот сет канали од услугата е достапен преку сите мрежи на територијата на Република Македонија.
Aктивирањето на услугата се врши во продажните места на Македонски Телеком, преку повик на 122, преку www.maxtvgo.mk или преку други апликации обезбедени од Македонски Телеком. За активирање на услугата преку интернет, корисникот мора да отвори “Мој Телеком” сметка, а потоа согласно понудата да активира MaxTV за Android TV пакет. За одредени корисници, услугата со сите канали е достапна без дополнително активирање. Достапноста и цените на услугата во одредени тарифни модели е наведена во ценовникот на Македонски Телеком АД Скопје.
Услугата со сите канали може да ја користат претплатници кои имаат склучено важечки претплатнички договор со Македонски Телеком АД Скопје (во понатамошниот текст: “Оператор”) за некоја од услугите кои ги нуди Операторот. Услугата со сите канали е достапна само преку фиксната мрежа на Македонски Телеком и заменските технологии за оваа мрежа, на територијата на Р. Македонија. Основниот сет канали од услугата е достапен преку сите мрежи на територијата на Република Македонија. Користењето на услугата MaxTV за Android TV и следењето содржини преку MaxTV апликацијата за Android TV се реализира преку интернет и предизвикува потрошувачка на интернет сообраќај. Доколку Android TV уредот нема пристап на интернет или ја имате искористено вклучената количина интернет сообраќај на линијата на која е поврзан уредот, нема да бидете во можност да ги следите содржините од апликацијата. Не е дозволено копирање или инсталирање на MaxTV апликацијата на Android TV уред кој не е наведен од Македонски Телеком како компатибилен за апликацијата. Се согласувате да ја користите услугата, вклучително и сите карактеристики и функционалности поврзани со неа, во согласност со сите важечки закони, правила и прописи, вклучително и ограничувањата за јавно прикажување или другите ограничувања за користењето на услугите и содржините. Прифаќате дека нема да архивирате, преземате, репродуцирате, дистрибуирате, разменувате, прикажувате, изведувате, објавувате, лиценцирате, да создавате изведени дела, да ги нудите за продажба или за употреба (освен ако изречно не ве овластуваат овие услови за користење) содржината и информациите кои се содржат на, или се добиени од, или преку услугата, без изречно писмено одобрување од страна на Операторот или на неговите овластени претставници. Исто така прифаќате и дека нема: да заобиколувате, да отстранувате, да изменувате, да деактивирате, да деградирате или да попречувате која било од заштитите на содржините на услугата. Исто така сте согласни и дека нема да ставате, поставувате, да праќате преку е-пошта или на друг начин да праќате или да пренесувате кој било материјал што е наменет за прекинување, уништување или ограничување на функционалноста на кој било компјутерски софтвер или хардвер или телекомуникациска опрема поврзана со услугата, вклучително и компјутерски вируси или кој било друг компјутерски код, датотеки или програми. Квалитетот на приказот на преносот на содржините може да се разликува од уред до уред, а на него може да влијаат различни фактори, како што се вашата географска локација, вклучениот сообраќај и/или брзината на вашата интернет-врска. Вие сте одговорни за сите трошоци околу пристапот на интернет. Времето што е потребно за почеток на гледање на видео содржините ќе се разликува во зависност од повеќе фактори, вклучително и од вашата географска локација, од достапноста на опсегот во тоа време, од видео содржините што сте ги избрале и од конфигурацијата на вашиот уред.
Операторот може во секое време под одредени околности и без претходна најава веднаш да го прекине или суспендира, целосно или делумно, вашиот кориснички профил или пристап до услугата. Причините за ова може да бидат:
Операторот нема да биде одговорен кон Вас или било која трета страна за било каква штета што може да резултира или да произлезе од таквото прекинување или суспензија на Вашата корисничка сметка и/или пристап до услугата.
Вие самите сте одговорни за безбедноста на вашиот профил и за сите активности кои се случуваат или превземаат преку Вашиот профил. Со споделување на лозинката/пинот за услугата, сопственикот на лозинката/пинот е согласен да ја преземе одговорноста за лицата со кои ја споделил лозинката/пинот, дека лицата ќе се однесуваат во согласност со условите за користење и дека сопственикот на лозинката/пинот е одговорен за постапките на лицата со кои ја споделил лозинката/пинот. Операторот нема да се смета за одговорен за кои било загуби што произлегуваат како резултат на неавторизирана употреба на Вашиот профил или ако не се придржувате на правилата за користење.
Оваа услуга се базира на "како што е" принципот, без никакви експлицитни или имплицитни гаранции од секаков вид. Операторот не гарантира и не презема одговорност за точноста или комплетноста на било какви информации, текст, врски или други предмети содржани во рамките на услугата. Операторот не презема одговорност која може да биде предизвикана од страна на пренос на компјутерски вирус, или други слични компјутерски програми.
Операторот не гарантира дека употребата на услугата ќе биде непрекината или без грешки. Операторот не е одговорен за било какви загуби кои произлегуваат од користење на услугата. Операторот нема да биде одговорен за која било штета (вклучувајќи, без ограничување, загуба на профит, прекин на информации, или изгубени информации) или неможноста да се користи услугата. Операторот нема да биде одговорен за губење на податоци или за индиректни, посебни, случајни, последични (вклучувајќи изгубена добивка), или друга штета. Операторот нема да има одговорност во однос на содржината на услугата или било кој дел од него, вклучувајќи но не ограничувајќи грешки или пропусти содржани во неа, клевета, повреди на правата на публицитет, приватност, правото на трговски знак, прекин на соработка, лични повреди, загуба на приватност, моралните права или откривање на доверливи информации.
Цените, достапноста на услугата во одредени тарифни модели и начинот на плаќање се наведени во ценовникот на Македонски Телеком АД Скопје.
Операторот го задржува правото за менување и дополнување на содржината на овие услови за користење на MaxTV за Android TV услугата.
Заштитата на приватноста односно заштитата на вашите лични податоци е регулиранa во документите за приватност и заштита на личните податоци на Македонски Телеком кои се објавени на официјалната web страница и до кои можете да пристапите преку следниов линк.
Преку користење на услугата, се согласувате да примате електронска комуникација од страна на Операторот, поврзана со услугата. Овие комуникации може да вклучуваат испраќање на електронска пошта на вашата електронска адреса или прикажување на пораки за услугата, или на вашата Мој Телеком страна и ќе вклучуваат нотификации за вашата сметка (плаќања, пакети, истекување на претплати, промена на лозинка/пин и други трансакциски информации) кои се дел од користење на услугите од Операторот. Вие се сложувате дека било кои од овие нотификации, договори, објави и сл. ги задоволуваат правните комуникациски потреби и дека ќе се третираат исто како да се настанати по писмен пат. Вие треба да чувате копии од електронските комуникации преку печатење или зачувување на електронски копии.Исто така се согласувате да примате и други комуникации од Операторот поврзани со останатите понуди , информации за промоции и сл.
Овие општи услови ќе се раководат и толкуваат според позитивните законски прописи на Република Македонија. Со користењето на апликацијата, крајниот корисник се согласува дека секој спор или секое барање, произлезени од или во врска со овие услови, или во врска со нивното спроведување, се во надлежност на Основниот суд во Скопје.
Доколку ви треба помош со услугата, посетете ја веб страницата, контактирајте го Операторот на 122 или kontakt@telekom.mk. Овие услови стапуваат во сила во моментот на првото користење на MaxTV за Android TV апликацијата.
На нашата веб-страница користиме колачиња и слични технологии за зачувување, читање и обработка на информации на вашиот уред. Притоа, го подобруваме вашето искуство, го анализираме сообраќајот на страницата и ви прикажуваме содржини и реклами што ве интересираат. За таа цел, на веб-страниците и на уредите се креираат кориснички профили. И нашите партнери ги користат овие технологии. Со избирање на „Ги прифаќам само неопходните“, ги прифаќате само колачињата коишто овозможуваат правилно функционирање на нашата веб-страница. „Ги прифаќам сите“ значи дека дозволувате пристап до информациите на вашиот уред и користење на сите колачиња за аналитички и за маркетиншки цели од наша страна и од страна на нашите партнери.
Потоа, вашите податоци можат да бидат префрлени во трети земји надвор од Европската Унија каде што не можеме да гарантираме исто ниво на заштита на податоците како она што е применливо во ЕУ и во Северна Македонија (видете член 53 од Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, Службен весник на Република Северна Македонија, бр. 42 од 16 февруари 2020 година и Службен весник на Република Северна Македонија, бр. 294/21). Во делот „Поставки“, можете детално да утврдите сè и да ја промените вашата согласност во секое време.
Повеќе информации можете да најдете во Политиката за колачиња и во Списокот на партнери.
На нашата веб-страница користиме колачиња и слични технологии за зачувување, читање и обработка на информации на вашиот уред. И нашите партнери ги користат овие технологии. Ние и нашите партнери можеме да ги користиме овие технологии за аналитички и за маркетиншки цели само со ваша согласност.
Користете ги копчињата за да ја означите вашата согласност, како и за да ја отповикате во секое време. Секогаш можете да ја отворите тековната страница од подножјето на нашата веб-страница.
Вашата согласност истовремено претставува и основа за пренос на податоци во земји коишто не се членки на ЕУ (член 53 од Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, Службен весник на Република Северна Македонија, бр. 42 од 16 февруари 2020 година и Службен весник на Република Северна Македонија, бр. 294/21). Македонски Телеком АД-Скопје не може да обезбеди исто ниво на заштита на податоците како во ЕУ. На пример, постои можност локалните власти да имаат пристап до вашите податоци. Исто така, може да биде ограничено и остварувањето на вашите права за заштита на податоците. Ако сакате да дознаете повеќе, прочитајте ги нашите информации за обработката на податоците во земји коишто не се членки на ЕУ и нашиот список на 19 партнери
Овие колачиња се секогаш активни и неопходни за правилно функционирање на нашата веб-страница.
Овие колачиња се неопходни за правилно функционирање на основните функции на веб-страницата како навигација, онлајн купување, наплата, оптимизација на содржината и сл. Тие се најчесто поставени како одговор на одредена интеракција која ја имате со веб-страницата, како што се прилагодувањата за Поставки на колачиња, најава или пополнување на електронски форми. Овие колачиња не содржат никакви лични информации и не може да се исклучат со овие поставки. Повеќе опции во врска со користење на колачиња може да прилагодите во Вашиот интернет пребарувач со цел тој да ги блокира или да Ве известува за овие колачиња, при што некои делови од веб-страницата нема правилно да функционираат.
Овие колачиња ни помагаат да го подобриме нашето разбирање за однесувањето на корисницитеf.
Користиме колачиња и технологии за аналитика за да стекнеме подобро разбирање за тоа како се користи нашата веб-страница. Тие ни помагаат да ги оптимизираме нашите дигитални услуги. На пример, можеме да утврдиме колку луѓе ја посетуваат нашата веб-страница или одредена услуга. Тие се корисни и за статистички проценки коишто ни покажуваат на кој начин луѓето ги користат нашите дигитални услуги. Анализата се заснова на псевдонимизирани информации.
Овие колачиња ги користиме за да ви прикажеме персонализирани реклами и содржини што се релевантни за вас.
Ние и нашите партнери ги користиме овие колачиња за да ви прикажеме персонализирани реклами и содржини што се релевантни за вас. Исклучено Прочитајте повеќе Колачињата и сличните технологии за маркетинг гарантираат дека ќе гледате само реклами што одговараат на вашите интереси, наместо реклами по случаен избор. Исто така, користиме технологии за маркетинг за да провериме колку добро корисниците примаат одредена реклама. Ова ни помага постојано да го подобруваме нашето рекламирање. Технологиите за маркетинг се користат и на веб-страниците на нашите рекламни партнери. Ова се нарекува ретаргетирање. Тоа ни овозможува да ви прикажуваме соодветни реклами и на други страници.
Со помош на технологиите за маркетинг, создаваме псевдонимизирани профили за содржините и рекламите што ги гледате. Овие информации ни помагаат да разбереме што ве интересира. Исто така, ни овозможуваат да ви прикажуваме релевантни реклами и на други веб-страници.