Што е Smart City?

Концептот на паметни градови се однесува на користењето на напредни дигитални технологии за оптимизирање на градските ресурси, намалување на трошоците, подобрување на квалитетот на животот и обезбедување на подобри услуги кон граѓаните.

Во време кога градовите се соочуваат со огромни економски и еколошки предизвици, токму технологијата може да биде клучен фактор за надминување на градските проблеми и унапредување на урбаното живеење.

Smart City портфолио на Македонски Телеком

Паметен јавен транспорт

Паметен јавен транспорт

Решението Паметен јавен превоз на Македонски Телеком е модуларно решение кое вклучува систем за автоматско лоцирање на возилата од јавниот превоз и систем за електронска наплата на билети, преку кои се обезбедуваат информации од сите поврзани возила и уреди и се овозможува контрола и оптимизација на активностите поврзани со јавниот превоз, во реално време.
Со автоматската локација на возилата од јавниот превоз се обезбедува оптимизирање и зголемување на ефикасноста на мрежата на превозни линии, подобрување на информациите што им се обезбедуваат на патниците, а со тоа и зголемување на квалитетот на услугата кон граѓаните: редовност, сигурност и точност на автобусите. Исто така, заштедата на горивото како резултат на рационализација на превозот и пократкото стоење на возилата на постојките, значајно влијае за намалување на загадувањето на воздухот.
Со електронската наплата на билетите се овозможува плаќање со електронски картички кои можат да се дополнуваат преку интернет, на автомати или во мрежата на услужни места на операторот на јавниот превоз, како и со мобилен телефон, кој секогаш го носиме со себе. На овој начин се овозможува ефикасност и контрола во работењето, а на граѓаните им се овозможуваат модерен сервис и услуга прилагодена на нивните потреби. Воедно, со замената на хартиените билети се придонесува и кон реализација на пошироки придобивки во однос на заштитата на животната средина.

Паметен јавен транспорт

Систем за електронско плаќање во автобусите (Смарт Билети)

Систем за електронско плаќање во автобусите (Смарт Билети)

Системот претставува високо професионално решение за електронска наплата во автобусите на градскиот сообраќај, со што се овозможени низа придобивки не само за сообраќајните компании во градот, туку и за граѓаните и за самата животна околина.
Граѓаните наместо да купуваат билети, можат да ја надополнуваат својата електронска (безконтактна) картичка и при секое користење на јавниот превоз нивната сметка да се намалува, согласно релевантната тарифа. Исто така, со овој систем патниците имаат можност за плаќање на својот билет и со мобилниот телефон, кој секогаш го носат со себе.
На овој начин, системот овозможува модерен сервис за патниците и услуги прилагодени на нивните потреби, нудејќи им избор во однос на начинот на плаќање (електронска картичка, мобилен телефон), како и повеќе видови билети.
Со примената на електронските картички и плаќањето со мобилен телефон, се придонесува и кон реализација на пошироки придобивки во однос на заштита на животната средина. Со замената на досегашните хартиени билети се придонесува кон заштита од прекумерно сечење на шумите и заштита на човековата околина од отпадоците од хартиените билети.

 Систем за електронско плаќање во автобусите (Смарт Билети)

Паметно следење на квалитетот на воздухот

Паметно следење на квалитетот на воздухот

Решението Паметно следење на квалитетот на воздухот на Македонски Телеком e скалабилно решение кое обезбедува мерење и следење на состојбата на квалитетот на воздухот, како и проследување на информацијата за квалитетот на воздухот до надлежните институции со цел донесување одлуки за заштита на околината.
Основното решение вклучува високо квалитетни калибрирани сензори кои се користат за мерење на концентрациите на гас и за детекција на концентрацијата на штетни честички во воздухот, со можност за надградба со дополнителни сензори за мерење на температурата и релативната влажност на воздухот. Собраните податоци од сензорите се проследуваат до софтверска платформа од која податоците понатаму се систематизираат и анализираат.
Решението може лесно да се постави на која било локација во градот, притоа за помали трошоци споредбено со трошоците на традиционалните мерни станици за следење на квалитетот на воздухот.
Решението на Македонски Телеком – Паметно следење на квалитетот на воздухот им овозможува на градовите подлабоко да навлезат во основните причини на загадувањето на воздухот, како и да го следат влијанието на промените во јавната политика поврзани со загадувањето на воздухот во конкретен реон

Паметно следење на квалитетот на воздухот

Паметно управување со отпад

Паметно управување со отпад

Решението Паметно управување со отпад на Македонски Телеком е ICT базирано решение, кое овозможува дигитализација и автоматизирање на процесите за собирање отпад, а со тоа им помaга на комуналните компании да ги унапредат услугите за собирање отпад , оптимизирајќи ги оперативните трошоци.
Решението е флексибилно за различни видови и големини на компании за управување со отпад и овозможува заштеда на логистички и оперативни трошоци до 40%.
Обезбедува детални информации за статусот на исполнетост на садот за отпад што ќе овозможи динамично оптимизирање на рути за собирање отпад и намалување на непотребните трошоци за транспорт. Таквата карактеристика им овозможува на компаниите кои управуваат со отпадот да се погрижат садовите да не бидат преплавени со отпад, и на тој начин позитивно ќе влијаат на животната средина, задоволството на граѓаните и искуството на туристите.
Решението е скалабилно и може да се надополни со систем за идентификација и мерење на тежина во камионите, па информациите за количината на отпад собрана од камионите и однесена на депонијата да послужи како основа за воведување нов систем за наплата за да се овозможи фер политика од органот надлежен за управување со отпадот.

Паметно управување со отпад

Паметно решение за јавна безбедност

Паметно решение за јавна безбедност

Паметното решение за јавна безбедност на Македонски Телеком овозможува да се подобри општата безбедност во градот и да се зголеми ефикасноста во спроведувањето на законот преку употреба на вмрежени камери за надзор во комбинација со широк опсег на најсовремени модули за видео аналитика.
Јавната безбедност е една од најважните услуги што ги нуди еден град, а воедно и една од најголемите ставки во вкупните трошоци за функционирањето на градовите и општините. Истражувањата покажуваат дека приближно 57% од оперативните трошоци на градот се припишуваат на јавната безбедност (полиција, пожарна, брза помош). Автоматизација на процесите во оваа област придонесува градот да ги оптимизира оперативните трошоци, истовремено подобрувајќи ги услугите кон граѓаните и квалитетот на урбаното живеење. Паметното решение за јавна безбедност, преку видео анализа во реално време, им помага на надлежните органи да ги мониторираат јавните површини со цел навремена детекција на специфични, невообичаени настани и инциденти. На овој начин се овозможува и брза интервенција на терен, што е особено битно во итни ситуации кога секоја секунда е важна.

Паметно решение за јавна безбедност

Паметно управување со сообраќај

Паметно управување со сообраќај

Решението Паметно управување со сообраќај на Македонски Телеком овозможува општ преглед на сообраќајот во реално време, комбинирајќи ги локациите на возилата и мобилните телефони, со што им помага на градските управи во управувањето со сообраќајот низ градот.
Решението анализира големи количини мобилни податоци во реално време, за да обезбеди комплетен увид во одвивањето на сообраќајот. Градот може да ги инкорпорира и постојните податоци од детектори на сообраќај, семафори, системи за управување со тунели, камери за надзор, или системи за информации за временските услови, за уште посеопфатен увид на состојбата во сообраќајот.
Планерите на сообраќајот и урбаниот развој, од тековните и историските податоци, можат да увидат каде и кога постојат тесни грла во протокот на сообрќајот и да донесуваат подобри одлуки за планирање на нормалното одвивање на сообраќајот. Дополнително, планерите на сообраќајот можат подетално да направат проценка на влијанието на затворањето на патиштата при изградби или поправки, кога планираат пренасочувања и заобиколувања на областите во кои работите се во тек.
И на крај, благодарение на отворената API инфраструктура, важните информации за одвивањето на сообраќајот можат автоматски и во реално време да се пренесат на надворешни системи, во вид на извештаи за сообраќајот. Со поддршка за најефикасен проток на информации од градот кон граѓаните се обезбедува помош за нивното движење во сообраќајот.

Паметно управување со сообраќај

Паметен паркинг

Паметен паркинг

Се проценува дека до 30% од сообраќајот во еден град е предизвикан од возачи кои бараат место за паркинг. Решението Паметен паркинг на Македонски Телеком им помага на возачите да заштедат време за пронаоѓање слободно паркинг место, го намалува загадувањето и го намалува ризикот граѓаните да направат паркинг прекршoци.
Решението Паметен паркинг на Македонски Телеком му помага на градот да управува со сите предизвици поврзани со водење ефективна услуга за јавно паркирање. Восвојата основна верзија, решението едноставно го следи статусот на слободни/зафатени паркинг места, може да се користи за евиденција на влез во затворени паркинзи и може да ги прикажува клучните информации во мобилната апликација или на стратешки поставените знаци во близина на паркингот.
Решението дополнително може да се прошири со понапредни функционалности, како издавање дозволи за паркинг (станбени, за хендикепирани возачи, такси, градски автобуси и возила за достава), спроведување на прекршоците за паркинг, плаќање за паркинг услугата, па дури може и да контролира пристап до конкретни површини за паркинг.

Паметен паркинг

Паметно полнење на електрични возила

Паметно полнење на електрични возила

Решението Паметно полнење на електрични возила на Македонски Телеком, претставува отворен ИКТ екосистем кој поврзува инфраструктура за полнење - електрични полначи, софтвер за управување со електричните полначи и апликација, лесна за употреба, која им помага на возачите на електрични возила да пронајдат, да резервираат и да платат за полнењето на електричните возила.
Македонски Телеком обезбедува најсовремена ИКТ платформа базирана на Cloud која во реално време испорачува информации за достапноста на електричните полначи до возачот на електричното возило.
Инфраструктурата за електрично полнење може да биде поставена на јавен, отворен или затворен паркинг, во трговските центри, бензински пумпи и други приватни или јавни површини каде што паркирањето е дозволено, при што Македонски Телеком може да помогне при изборот на типот на електричен полнач и негова имплементација.
Дополнително, лесно достапната инфраструктура за полнење на електричните возила, ќе ја зголеми употребата на електрични возила во градот, со што на долг рок ќе се намали емисијата на CO2 и ќе се унапреди заштитата на животната средина и квалитетот на урбаното живеење.

 Паметно полнење на електрични возила

Паметно решение за изнајмување велосипеди

Паметно решение за изнајмување велосипеди

Паметниот систем за изнајмување на велосипеди нуди дополнителен, еколошки свесен начин за движење низ градот, правејќи го изнајмувањето на велосипеди лесно достапно за сите граѓани и туристи.
Корисниците на системот во секое време преку Интернет или мобилна апликација имаат увид каде се наоѓа најблиската станица за изнајмување и можат да ја проверат достапноста на велосипеди на секоја од станиците.
Плаќањето за услугата покрај со електронска картичка, може да се изврши и преку мобилен телефон.

Паметно решение за изнајмување велосипеди

Паметно управување со кризи

Паметно управување со кризи

Во криза секој момент е скапоцен и информациите се од клучна важност. Решението Паметно управување со кризи на Македонски Телеком на градовите им обезбедува алатка за намалување на времето на реакција во кризни ситуации, за оптимизација на мерките за реакција и за поддршка на планирањето на големи настани.
Решението Паметно управување со кризи на Македонски Телеком ги собира и ги анализира деперсонализираните информации за густина на луѓето врз основа на податоците од мобилните мрежи речиси во реално време. Овој проток на податоци во реално време се обработува за да ги покаже концентрацијата на луѓето и нивното движење на мапа со висока резолуција.
Овие информации се корисни во голем број ситуации со кои градот мора да управува, како што се спортски настани, паради, политички собири и концерти. Доколку настане проблем, решението Паметно управување со кризи на Македонски Телеком може да обезбеди информации и до надлежните органи за да можат да преземат корективни дејства. Во секој случај и да не настане проблем, информациите сепак можат да се користат за да се идентификуваат потенцијалните проблеми во засегнатите области и да се осигури дека Градот може проактивно да го подобри искуството на граѓаните за идните настани.

Паметно управување со кризи

Паметна градска контролна табла

Паметна градска контролна табла

Паметната градска контролна табла на Македонски Телеком им овозможува на градските власти да вршат далечински мониторинг, контрола и оптимизација на градската инфраструктура. Тоа им дава можност да го подобрат целокупното управување со градската инфраструктура, притоа постигнувајќи социјалeн, еколошки и економски успех.
Eден од најголемите предизвици на патот да се стане Паметен град е наоѓање начин како да се покаже вредноста на новите услуги за граѓаните. Градските власти ги користат податоците за функционирањето на градот, со цел да ги разберат и да ги решат проблемите на урбаното градско живеење, како помош при формулирање на јавните политики и за насочување на долгорочното оперативно управување. Имајќи предвид дека бројот на паметните апликации и напредните технологии за унапредување на работата на градовите секојдневно расте, разбирањето и користењето на овие податоци станува сè покомплексно и покритично.
Решението Паметна градска контролна табла е алатка која врз основа на анализа на голем обем различни и брзо променливи податоци, ги идентификува трендовите кои влијаат на секојдневните градски оперативни активности, притоа подобрувајќи ја контролата врз градската инфраструктура. Паметната градска контролна табла на Македонски Телеком ќе им помогне на градовите да го сфатат и да го прикажат влијанието на урбаните податоци, како и да ги искористат за подобрување на градот и услугите кон граѓаните и туристите.

Паметна градска контролна табла

Паметна клупа

Паметна клупа

Steora е најгенијалната некогаш дизајнирана паметна клупа. Нејзиниот безвременски изглед крие бројни функционалности, а доаѓа во совршена големина, облик и едноставен дизајн.
Паметната клупа Steora може да се инсталира лесно не само на отворени простори - улици, шеталишта,паркови, одморалишта туку и во затворени простории – шопинг и спортски центри, хотели.
Steora е направена од високо квалитетни материјали, со голема отпорност од вандализам и временски услови. Таа работи на соларен погон и доаѓа со дополнителни функционалности – приклучоци за полнење мобилни уреди, безжичен Интернет, ноќно осветлување, контролер за штедење енергија, вградени сензори за собирање и анализа на различни податоци и многу други корисни елементи.

Паметна клупа

Skopje Smart CityБеџ награда

Благодарение на нашиот иновативен пристап и водечката улога на македонскиот икт пазар, градот скопје не препозна како веродостоен и стабилен партнер за имплементација на проектот за единствен систем за автоматска локација на автобусите и електронска наплата на билети за потребите на јавното сообраќајно претпријатие.
Со воведувањето на проектот за паметен транспорт од страна на македонски телеком, граѓаните на скопје добија удобен брз и ефикасен транспорт достоен за една модерна метропола. во рамките на проектот беа опфатени:

Икона

630

Автобуси целосно опремени со електронски уреди за наплата и автоматско следење на возилата во реално време

Икона

50

Инфо дисплеи за прикажување на наредните пристигнувања на автобусите

Икона

Целосно опремен оперативен центар, кој овозможува следење и управување со јавниот транспорт во реално време

Икона

Можност за мобилно плаќање во автобусите

Икона

8

Инфо-центри за персонализирани електронски картички

Икона

61

Локација за надополнување на електронските картички

Икона

Веб страница за планирање на патувањето и автобускиот распоред

Икона

3

Машини за автоматско издавање и надополнување на билети и картички

Икона

Можност за информирање преку интернет и SMS

Икона

Веб страница за надополнување на електронски картички

Како се користиСкопски бус карти

При влез во автобус, платете го вашиот билет со помош на Смарт картичка или пак со вашиот мобилен телефон со MobiPay.