Со M-TAG уредот, вашето патувањето станува побрзо, побезбедно и поудобно. Нема потреба од застанување или чекање на патарините. Изберете ја M-TAG лентата за наплата и поминете без задржување.
Зошто да патувате со M-TAG уред?
- Брзо поминување без задржување
- Помалку гужви и пократко време за патувањеБез потреба од готовина
Едноставно следење на трошоците преку онлајн портал Со M-TAG од Телеком, добивате едноставно, практично и модерно решение за секојдневно патување по автопатиштата во Македонија.
Како функционира M-TAG?
M-TAG е мал електронски уред кој се поставува на внатрешната страна на предното ветробранско стакло на вашето возило.
При приближување кон наплатна рампа, во специјално означената M-TAG лента, системот автоматски го препознава уредот и рампата се отвора без запирање.
Наплатата на патарината сеизвршува автоматски, преку еден од трите начини на плаќање што претходно сте ги одбрале.
Каде да купите M-TAG уред и како да го користите
M-TAG уредот е достапен за сите приватни и деловни корисници во T продавниците по цена од 1.199 денари со можност за еднократна уплата или плаќање на 12 месечни рати преку вашата месечната сметка.
По купувањето, потребна е едноставна регистрација на порталот за електронска наплата на патарини на Телеком и ЈПДП, каде што го активирате уредот и го избирате начинот на плаќање.
За регистрација посетете ја страницата https://telekom.enp.mk
При регистрацијата на уредот, потребно е да го изберете начинот на кој ќе се наплаќаат патарините прикористењето на M_TAG уредот..
Флексибилни начини на наплата преку M-TAG
- Со платежна картичка
Ова е основниот и задолжителен начин при регистрација. Поврзете дебитна или кредитна картичка и плаќањето ќе се извршува автоматски, еднаш дневно, како збир од сите поминати патарини во текот на денот.
- Со припејд надополнување
Надополнете средства однапред и користете ги при секое поминување на патарина. Ќе добиете SMS известување кога состојбата на M-TAG припејд сметката ќе биде речиси потрошена.
Доколку средствата се потрошат, наплатата автоматски се префрла на платежната картичка за да можете и понатаму да патувате без застанување.
Дополнување може да се направи на порталот https://telekom.enp.mk или во Т продавниците. Минималниот износ за дополнување е 1.000 денари.
- Преку постпејд број на Телеком
Наплатата за патарини се додава на вашата месечна сметка. Максималниот месечен износ за овој начин на наплата е ограничен на 1.000 денари.По надминувањето на лимитот, наплатата автоматски се префрла на плаќање со платежна картичка за непречено користење..
За дополнителни информации обратете се во Т продавниците.
Преземете го упатството за инсталација, регистрација и користење на M-TAG уредот