Често поставувани прашања

  1. Што е MaxTV GO?

MaxTV GO е интернет телевизија којашто можете да ја гледате каде било и од кој било уред (смартфон, таблет или компјутер).

  1. Кои канали се достапни на MaxTV GO?

Со MaxTV GO можете каналите кои ги гледате дома да ги гледате и во движење. Достапни се домашни и странски ТВ канали меѓу кои и ексклузивните Арена спортски канали во HD. Сите ТВ канали од MaxTV GO можете да ги погледнете тука.

  1. Кои функционалности ги вклучува MaxTV GO?
  • ТВ во живо: Гледајте ги омилените MaxTV канали и кога сте во движење.
  • Ексклузивни спортски содржини: Вклучени Arena спортски канали во HD.
  • ТВ водич: Информации за програмата од претходните 3 и следните 7 дена.
  • Паузирање, премотување: Паузирање, премотување и враќање на содржините на 10 ТВ канали (МТВ 1 HD, Сител HD, Канал 5 HD, Телма HD, Алсат М HD, RTV 21 M, Arena 1 HD, 2 HD, 3 HD и 4 HD).
  • ТВ-тека: Преглед на содржините емитувани последните 3 дена на ТВ каналите: МТВ 1 HD, Сител HD, Канал 5 HD, Телма HD, Алсат М HD, RTV 21 M, Arena 1 HD, 2 HD, 3 HD и 4 HD.
  • Видеотека: Вашето домашно кино достапно во секое време и насекаде.
  • Потсетник: Добивајте известување пред почетокот на омилената емисија.
  • Споделување на социјални мрежи: Споделете со пријателите што гледате во моментов.
  • Родителска заштита: Заштитете ги вашите деца од непримерна содржина.
  • Промена на превод/јазик: Активирајте превод или јазик (синхронизација) според вашите потреби на ТВ каналите кои нудат повеќе различни преводи/јазици.
  1. Како се користи?

За да ја користите MaxTV GO, потребно е да регистрирате Мој Телеком профил и да ја активирате услугата преку MaxTV GO мобилната апликација на смартфон или таблет или преку компјутер на страницата www.maxtvgo.mk. Во моментов услугата е достапна за корисниците на Magenta 1, Internet&TV, 3 Max, 2 Max, Magenta 1 Business, Business L, XL, XXL..

  1. Колку Мој Телеком профили можам да регистрирам за MaxTV GO??
  • Секој мобилен број од Magenta 1 може да креира сопствен Мој Телеком профил.
  • Со еден ист фиксен број може да се креира еден Мој Телеком профил.
  1. Како можам да регистрирам Мој Телеком профил?
  • Внесувајќи име, презиме, корисничко име (е- адреса) и лозинка;
  • Потврдувајќи ја регистрацијата на добиената е-пошта;
  • Ако сте Magenta 1 корисник:
    • Внесувајќи Magenta 1мобилен број и потврдувајќи го со добиениот код по SMS;
    • Aктивирајќи ја MaxTV GO услугата.
  • Ако сте корисник на Internet&TV, 3 Max или друга фиксна ТВ услуга:
    • Внесувајќи каков било мобилен број и потврдувајќи го со добиениот код по SMS;
    • Внесувајќи фиксен број во комбинација со конто број;
    • Активирајќи ја MaxTV GO услугата.
  1. Колку уреди можам да активирам за користење на MaxTV GO?
  • Ако сте корисник на Magenta 1, Internet&TV, 3 Max или 2 Max, MaxTV GO ви е достапна на 3 уреди со еден кориснички профил, при што MaxTV GO може да се гледа на 3 уреди истовремено.
  1. Како се активира/регистрира уред?

Кога ќе се најавите со вашите корисничко име и лозинка на нов уред (смартфон, таблет или лаптоп) тоа автоматски се регистрира и се додава во листата на активни уреди.

  1. Дали можам да променам уред?

Доколку сакате да избришете активен уред, тоа можете да го сторите преку линкот „Активни уреди” кој се наоѓа во вашиот кориснички профил (во менито на веб или мобилната апликација). Можете да промените/избришете уред неограничен број пати.

  1. Што да правам ако го заборавам корисничкото име (e-адреса) или лозинка?

Ако го имате заборавено вашето корисничко име (e-адреса) или лозинка, пробајте да го обновите преку Мој Телеком страницата. Ако и понатаму имате проблеми, јавете се во Контакт центарот на бројот 070 122.

  1. Каде можам да ја најдам MaxTV GO мобилната апликација?
  • MaxTV GO апликацијата за Android уреди (смартфон или таблет) е достапна во Google Play Store
  • MaxTV GO апликацијата за iOS уреди (iPhone и iPad) е достапна во App Store.
  1. На кои смартфони или таблети можам да ја користам услугата?

На кој било модел на смартфон или таблет со оперативен систем Android 4.3+ или iOS 7+.

  1. Кои се минималните системски барања за MaxTV GO на мојот компјутер?

Минималните системски барања се следниве: RAM 4GB, CPU Intel Core i3, интернет врска со минимална брзина од 2 Mbps.

  1. На кои сè интернет пребарувачи (преку компјутер) можам да гледам MaxTV GO?

За најдобро иксуство препорачуваме да користите интернет пребарувач Chrome, но можете да користите и некој од следниве пребарувачи: Internet Explorer 11 (Win 8+), Edge 11 & 14, Mozilla Firefox 44+, Safari 9+, Opera 36+.

  1. Дали можам да користам MaxTV GO во странство?

Не, бидејки правата за емитување на ТВ содржините се однесуваат само на територија на Република Северна Македонија.

  1. Каков е квалитетот на видео содржините на MaxTV GO?

Квалитетот на видео содржините автоматски се прилагодува зависно од вашиот уред и брзината на интернет врската.

  1. Колку Интернет сообраќај се троши при гледање на MaxTV GO?
  • За 1 час гледање ТВ содржина во SD резолуција може се реализира до 1 GB сообраќај во зависност од квалитетот на Интернет врската.
  • За 1 час гледање ТВ содржина во HD резолуција може се реализира до 2 GB сообраќај во зависност од квалитетот на Интернет врската.
  1. Што е ТВ-тека?

Преглед на содржините емитувани последните 3 дена на одредени ТВ канали (МТВ 1 HD, Сител HD, Канал 5 HD, Телма HD, Алсат М HD, RTV 21 M, Arena 1 HD, 2 HD, 3 HD и 4 HD).

  1. Ми се појавува порака „Имате регистрирано максимален број на уреди. За да се најавите на овој уред, ве молиме отстранете некој од прикажаните подолу“. Што значи тоа?

Тоа значи дека веќе сте пријавиле 3 уреди со ист кориснички профил. Доколку сакате да се најавите од друг уред, потребно е да избришете некој од веќе најавените.

  1. Ми се појавува порака „Моментално се следи MaxTV GO содржина преку друг уред. Доколку сакате да гледате телевизија на овој уред, исклучете го веќе активниот уред“. Што значи тоа?

Истовремено не можете да гледате на повеќе од 3 уреди.

  1. Ми се појави грешка „Неидентификуван уред”. Што да направам?

Доколку користите компјутер, затворете го интернет пребарувачот и обидете се повторно да пристапите на www.maxtvgo.mk.
Доколку користите мобилна апликација, исклучете ја апликацијата и стартувајте ја повторно.

Десктоп верзија