Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Дигитално корисничко искуство на деловни корисници (B2B)

Дали би сакале да бидете дел од оние што создаваат врвно дигитално корисничко искуство за деловните корисници? Сакате ли да создавате дигитални решенија - единствени на пазарот? Звучи навистина возбудливо и е неверојатно искуство. Прочитајте зошто.

Повеќе за проектот

Со цел да обезбедиме врвно дигитално корисничко искуство како и да понудиме најдобри дигитални услуги и решенија на пазарот, студентите во овој проект ќе работат на три аспекти поврзани со потребите на деловните корисници: Обезбедување на нова услуга, набавка на уред и решавање на технички проблеми.

Времетраење на проектот: 6 месеци до 1 година

што сакаме да постигнеме?

Сакаме да го подобриме целокупното дигитално корисничко искуство на WEB страната на МКТ и на Телеком МК апликацијата. Сакаме на нашите корисници да им овозможиме врвно дигитално корисничко искуство со најсовремени трендови и технологии, фокусирајќи се на специфичните потреби на деловните корисници како посебен сегмент.

Вашите секојдневни активности

Ќе имате задача да ги идентификувате најновите трендови поврзани со дигитално корисничко искуство. Ќе работите на анализа и тестирање на сегашната WEB страна на Македонски Телеком и на МКТ апликацијата со цел да ги идентификувате сегментите кои треба да се подобрат. Од вас се очекува да предложите краткорочни и долгорочни активности и чекори за подобрување, кои ќе понудат нешто ново и различно на пазарот во насока на овозможување на најдобро дигитално корисничко искуство.

Квалификации

Предност ќе имаат студентите од E-Business, електротехника и информациски технологии - информатички науки и компјутерско инженерство и економски факултет.

Зошто да аплицирате?

Ќе научите многу од нашите искусни професионалци во полето на B2B и ќе работите во интернационални тимови од Дојче Телеком. Сега имате можност да добиете практично искуство за дигиталното патување на корисникот преку тестирање на нашите процеси, апликации и WEB страни. Тука ќе работите со напредни дигитални апликации и ќе научите како тие работат и функционираат.