GLEY на MAGENTA TV

Гледајте ги најдобрите домашни и регионални филмови и серии

Искористете ги празничните моменти и уживајте заедно во Gley без дополнителен надомест.

Активирајте го веднаш преку Magenta Moments во Telekom MK апликацијата и следете ја богатата ТВ содржина без дополнителен надомест до 22.01.2026 година.

*Gley понудата важи за сите корисници на MaxTV и MagentaTV и е достапна без дополнителен надомест со активирање преку апликацијата Telekom MK до 22.1.2026 година. Корисниците кои имаат активен Gley пакет пред стартот на понудата, треба да ја активираат празничната понуда преку апликацијата Telekom MK за да гo следат без дополнителен надомест до 22.01.2026 година. По истекот на овој период, доколку ТВ пакетот не се деактивира, ќе продолжи да се наплаќаат по редовна цена од 299 денари месечно.

Што е GLEY

GLEY е првата македонска национална стриминг платформа која на едно место нуди богат избор на домашни, регионални и светски филмови и серии, со превод на македонски и албански јазик.

Gley ви овозможува:

  • Пристап до забавни и едукативни содржини за сите возрасти, целосно преведени на македонски и албански јазик;
  • нови содржини секоја недела;
  • Беспрекорна HD-слика и висококвалитетен звук;
  • Кориснички интерфејс на македонски, албански и англиски јазик;
  • Родителска заштита, за ограничување на пристапот до содржини несоодветни за деца;
  • 7 дена пробен период, без надомест за Gley Premium.

GLEY пакети на MagentaTV

Активирајте Gley пакет на MagentaTV и уживајте во најдобрите домашни и регионални филмови и серии на 2 уреди истовремено, зависно од вашиот избор.

Gley Слободно

0 денари

  • 260+ часа содржина
  • со реклами
  • нови содржини редовно
  • сите први епизоди
  • гледање на 1 уред

Gley Standard

0 денари

  • 2600+ часа премиум македонска и странска содржина
  • со реклами (најмногу 5 во 1 час)
  • истовремено гледање на 2 уредa

Gley Premium

0 денари

  • 2600+ часа премиум македонска и странска содржина
  • без реклами
  • истовремено гледање на 2 уреда
  • 7 дена пробен период

Активираниот Gley пакет е достапен за следење на сите ваши MagentaTV приемници преку Gley апликацијата каде најавата е автоматска.

Gley Слободно пакетот е достапен без дополнителен надомест за сите MagentaTV корисници и може да се следи веднаш по автоматската најава на Gley апликацијата.

*За MaxTV корисниците содржините се достапни преку MaxTV Видеотека.

Како се активира GLEY

  1. Активирајте Gley дополнителен пакет директно на MagentaTV преку почетниот екран ДОМА каде од главното мени ја одбирате категоријата АКТИВИРАЊЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ ПАКЕТИ.
  2. Кликнете на копчето ОДБЕРЕТЕ ДОПОЛНИТЕЛЕН ТВ ПАКЕТ, одберете го Gley пакетот и потврдете го активирањето.
  3. По активирањето, за пристап до содржините од Gley апликацијата, во главното мени одберете АПЛИКАЦИИ, влезете во Gley и регистрирајте се, односно најавете се.
  4. Поврзете го вашиот MagentaTV приемник со вашата Gley корисничката сметка
  5. Уживајте во содржините на Gley преку MagentaTV

За подетални информации за активирањето и како да се најавите и да го користите Gley, погледнете го упатството.

Gley пакетот е достапен за активирање и преку апликацијата Telekom MK, во делот ПАКЕТИ.

Со активирање на еден од Gley пакетите на MagentaTV, добивате пристап до богат избор на серии и играни филмови од домашна, регионална и светска продукција.

Содржините на Gley, освен на вашиот ТВ уред, можете да ги следите и на останатите уреди, како: лаптоп, компјутер, смартфон или таблет.

Лаптоп или компјутер – пристапете до Gley преку стандардните интернет пребарувачи.

Смартфон или таблет - пристапете до Gley преку GLEY апликацијата достапна за преземање на Apple App Store и Google Play Store

GLEY пакетот може да го активирате директно на MaxTV со вашиот далечински управувач на следниот начин:

Постапка за активирање:

  1. Мени > ТВ Пакети > Дополнителни пакети
  2. преку Telekom MK App,
  3. со повик во Контакт центарот на 122,
  4. или во најблиската Телеком продавница