HBO без дополнителен надомест
HBO без дополнителен надомест

Времето поминато заедно e вистинскиoт подарок. За празниците, активирајте HBO без дополнителен надомест и уживајте во омилените ТВ содржини со најблиските.

HBO можете да активирате преку апликацијата Telekom MK.

*HBO понудата важи за сите приватни MaxTV корисници и може да се користи без дополнителен надомест до 23.01.2024 година. Корисниците кои имаат активен HBO пакет пред стартот на понудата, истата треба да ја активираат за да го следат без дополнителен надомест до 23.01.2024 година. По истекот на овој период, доколку не се деактивира, HBO пакетот ќе продолжи да се наплаќа по редовна цена од 354 денари месечно.

551

HBO е најпознатата светска филмска програма. Секој месец уживајте во повеќе од 180 наслови, ексклузивни премиери на блокбастери, наградувани мегапопуларни серии, концерти, ексклузивни настани и контроверзни документарци. Програмата се емитува 24 часа на ден и на тој начин сите најважни HBO оригинални серии се достапни истовремено со американската премиера. Сите содржини се со врвен квалитет, со македонски превод и без реклами.

552

На HBO 2 можете да следите широк избор на програмски содржини за целото семејство. Во текот на денот, најмладите ќе уживаат во семејни филмови и детски содржини, додека во вечерните часови на распоредот се комедии, трилери, акциони и драмски наслови за сечиј вкус.

553

Уживајте во култните серии кои го редефинираа жанрот и станаа дел од културата и заедно со милиони гледачи следете ги новите серии препознатливи по HBO квалитетот и посебност. Освен најбараните хитови од американската HBO продукција, овој канал донесува и популарни серии на други студија, како и серии од HBO Europe продукцијата. Програмата е дополнета и со внимателно одбрани филмски наслови кои се прикажуваат во текот на денот или во доцните вечерни часови.


24-часовно неограничено изнајмување на филмски хитови, серии, концерти со кристално чиста слика и македонски превод. Изнајмувањето е бесплатно во рамки на пакетот, а надополнувањето и промените на содржините е неделно.


Со HBO Max добивате уште подобро корисничко искуство и збогатени содржини. Гледајте ги најдобрите филмови, најпознатите серии, документарни филмови, концерти и култни HBO серии достапни за следење преку вашите уреди, паметни телефони, таблети и Smart TV уреди, кога било, каде било и колку пати и да посакате.

Активирање HBO Max

На вашиот паметен телефон или таблет ја инсталирате мобилната апликација HBO Max. HBO Max за Android уреди е достапна за преземање во Google Play Store, а за iOS уреди во App Store.

Преку вашиот компјутер пристапувате на www.hbomax.com. Потребно е компјутерот да биде поврзан на интернет и да имате инсталирано интернет пребарувач.

Доколку немате активен HBO пакет на вашиот MaxTV, потребно е најпрво да активирате HBO на MaxTV преку Мени >ТВ пакети, на Мој Телеком или со повик во Контакт центарот на 122.

Регистрирајте се на мобилната апликација HBO Max или www.hbomax.com:

  • − Одберете регистрација преку операторот Македонски Телеком.
  • − Доколку сте корисник на фиксни услуги (на пр. 3 Max), внесете фиксен број (на пр. 023333333) или претплатничка ознака (пр. L1111111) и број на конто (од вашата сметка).
  • − Доколку сте корисник на Magenta 1, внесете мобилен број (пр. 070999999) во комбинација со матичен број или 6-цифрен број од SIM картичка.
  • − По успешната регистрација, се најавувате и можете да започнете со користење HBO Max.

Мобилната апликација HBO Max е поддржана на следните Smart TV уреди: Apple TV 4K, Apple TV HD, Android TV со Android OS 5 или понов Chromecast, Samsung TV (2016 год. или понов модел) и LG Smart TV со webOS 3.5 или понов.

Доколку користите HBO Max преку паметен телефон и мобилна мрежа, имајте предвид дека интернет сообраќајот вклучен во вашата мобилна тарифа подлежи на трошење.

Десктоп верзија