- Со повик или ЅМЅ на бесплатниот број 142 099 од Македонија
- Со бесплатно користење на Мое мени на *140# од странство
Со активирање преку бесплатен повик или ЅМЅ на 142 099 од Македонија
Доколку сакаш бесплатно да активираш Интернет Свет преку повик или ЅМЅ порака, тоа можеш да го направиш додека сè уште не си ја минал македонската граница или пак, додека сè уште си на еден од нашите аеродроми. Активирањето преку ЅМЅ или повик додека си во странство се наплаќа по редовна цена.
При активирање со повик треба да го следиш Говорниот автомат, додека со ЅМЅ активирање во пораката треба да ја напишеш земјата каде што патуваш и пакетот што сакаш да го користиш.
Пример:
SMS активирање - Ако патуваш во Грција и сакаш да го активираш М (medium) пакетот којшто вклучува 250MB со рок за користење од 7 дена, во пораката треба да впишеш Grcija М. За активирање со повик, Доколку сакаш да активираш со повик, јави се на 142099, прво одбери ја интернет зоната во која спаѓа земјата во која патуваш (Интернет зона 1 или Интернет зона 2) и потоа пакетот што сакаш да го користиш (S, M, L, XL).
Бесплатно активирање од странство на *140#
Во случај да си веќе во странство, можеш и оттаму бесплатно да го активираш Интернет Свет, преку Мое мени. Сè што треба да направиш е да завртиш *140# и да го одбереш пакетот што сакаш да го користиш. Активирањето преку овој канал е бесплатно, како од Македонија, така и од странство.
Важна напомена:
Интернет пакетот започнува да важи од истиот момент кога си го активирал!
Cо цел да можеш во целост да го користиш одбраниот пакет, активирај пред самото патување додека сè уште си во државата (бесплатно преку сите канали: ЅМЅ, повик и Мое мени) или пак, додека си во странство (бесплатно преку Мое мени).
Потоа, пред да се приклучиш на странска мрежа, потребно е да ја вклучиш опцијата „data roaming on” и подготвен си за безгрижно сурфање во странство!