Годинава ја започнавме комуникациската платформа #НаправиМесто, со која ја отвораме темата за предизвиците со кои се соочуваме како општество и повикуваме на нивно надминување.
Нашата улога со оваа иницијатива беше да ги инспирираме луѓето да направат место во својот внатрешен, емотивен, но и во физичкиот свет. Место кое ќе биде исполнето со повеќе разбирање, емпатија и блискост, што ќе ни помогне вистински да се поврземе.
Во текот на годината беа реализирани низа проекти на оваа тема и ни се приклучија голем број значајни личности кои ја пренесоа оваа порака. Се адресираа голем број проблеми во општеството, се отворија чувствителни теми и се работеше на прифаќање на разликите меѓу луѓето.
Годината ја заокружуваме со театарски проект насловен: „Замисли нов свет” создаден од делата на Горан Стефановски, и е во соработка со Македонскиот Народен Театар. Оваа претстава поттикнува размислување за емпатија, за вечните вредности како човечност, разбирање и меѓусебна поврзаност, квалитети што често се губат во денешното секојдневие, а се неоподни за прогрес на секое општество. Претставата ја нагласува социјалната и емоционалната длабочина на темите што Стефановски ги претставил на едноставен, но моќен начин – прашања што остануваат релевантни и денес.
Во режија на Нела Витошевиќ, со драматуршка адаптација на Ана Ристоска-Трпеноска и во продукција на Владимир Анастасов и Ангела Несторовска од Сектор филм, претставата обединува врвна актерска екипа: Игор Ангелов, Верица Недевска, Дамјан Цветановски, Филип Трајковиќ, Нина Деан, Ана Јовановска, Стефан Спасов и Антонио Ташковски.
Музиката е дело на композиторот Огнен Анастасовски, сценографијата на Константин Трпеноски, а костимите на Роза Трајчевска-Ристоска.
Премиерите на „Замисли нов свет” се закажани за 16 и 17 декември, а претставата понатаму ќе биде дел од репертоарот на МНТ.
Со оваа претстава ја завршуваме 2024 со силна порака од нашата целогодишна комуникациска стратегија „Да направиме место, за вистински да се поврземе”.
Овој проект е и влог на компанијата во културата, преку поддршка на трајните македонски вредности и уметници кои со своето творештво оставиле безвремен белег кој треба да се негува и пренесува на идните поколенија.
Луѓето се создадени да бидат поврзани едни со други, да остваруваат меѓусебни контакти и да градат врски. Токму овие врски ги збогатуваат и обликуваат нашите животи. Во светот во којшто живееме денес, луѓето остваруваат безброј контакти, бизнисите се поврзани како никогаш досега, а општествата се испреплетени едни со други. Ние ја овозможуваме поврзаноста и веруваме дека преку дигиталната технологија можеме да креираме врски и да создаваме моменти коишто инспирираат отвореност и поттикнуваат разбирање. Само со вистинска поврзаност можеме да најдеме начин да напредуваме.
Нашата улога е да им овозможиме на сите активно учество во дигиталниот свет, да поттикнеме меѓусебно разбирање и така да изградиме свет на дигитален оптимизам. Нашата мрежа може да даде сила, да помогне и да нѐ охрабри да се соочиме со секој предизвик, заедно како општество.
Свет во којшто сме вистински поврзани е свет во којшто се разбираме, се почитуваме и живееме подобро.
Затоа нема да запреме додека не ги поврземе сите!
Сепак, постојат околности коишто создаваат „прекини” во вистинското поврзување на луѓето, а тие произлегуваат пред сѐ од несигурните времиња во коишто живееме. Луѓето полека ја губат довербата едни во други, што често придонесува за уште поголема изолација, дисконекција и затворање. Живееме во мали социјални меури! Како резултат на тој прекин на меѓусебната комуникација, се зголемува перцепцијата на луѓето дека сме целосно различни едни од други, затоа што доаѓаме од различна средина, имаме различна култура на живеење, верувања и убедувања. Сето ова придонесува за зголемени тензии и инциденти мотивирани од омраза, особено кај младите (податоците се од истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка). Сите сме свесни дека доколку сакаме да живееме подобро, да имаме посветла иднина, да бидеме посреќни и со поголемо меѓусебно разбирање, треба да преземеме нешто.
Веруваме дека големите брендови имаат голема улога во општеството. Затоа, Телеком чувствува одговорност и е подготвен да адресира дел од тензиите коишто веќе постојат, да повика и да помогне тие да се намалат и да придонесе во нивното разрешување. Единствениот начин за промена кон подобро е вистински да се поврземе. Но, за тоа да се случи, треба најпрво да направиме место. Токму овде Телеком ја гледа својата улога. Ние сме тука, преку нашите услуги и продукти, да ги поврземe сите луѓе, да им овозможиме пристап до сите придобивки од технологијата, да инспирираме отвореност и меѓусебно разбирање, да ги повикаме да направат место за активно да учествуваат во создавањето еден нов свет, полн со дигитален оптимизам.
„Има многу повеќе нешта што нѐ поврзуваат, отколку што нѐ разделуваат”! Истите нешта нѐ радуваат без разлика на тоа кои сме и сите ги имаме истите стравови и грижи коишто нѐ демнат. Сите имаме иста цел - да живееме среќно во еден поубав свет. Оваа вистина треба да нѐ поврзе. Но, за да дојдеме до ова, најпрво треба да се ослободиме и да се отвориме. Сите живееме со предодредени мислења, зацртани верувања, ставови и предрасуди. За жал, сето ова го пополнува нашиот внатрешен простор, нашите срца и мисли, не дозволувајќи да се всадат нови идеи, нови погледи и верувања. За конечно да се ослободиме и да изградиме еден поинаков, поубав свет, прво треба:
Со оваа носечка порака, ги повикуваме луѓето да направат место во своите умови, во своите срца и во секој аспект од животот; да направат место во својот внатрешен, емотивен простор, но да направат место и во физичкиот свет. Тоа место да биде исполнето со повеќе разбирање, емпатија и блискост, што ќе ни помогне вистински да се поврземе. Пораката #НаправиМесто сама по себе има голема моќ за промена. Но, веруваме дека таа може да добие уште поголема сила доколку се пренесе преку зборовите на некој којшто својот живот го посветил на анализирањето теми како што се отуѓувањето, недоразбирањата, нетрпеливоста и поларизацијата на луѓето во општеството. Личност којашто со своите зборови има моќ да допре до сите и, едноставно, но инспиративно, да ја пренесе голата вистина. Тој некој не е кој било, туку:
Делата на Горан се длабоко врежани во македонската колективна меморија. Голем дел од неговото творештво се базира токму на овие теми коишто сакаме да ги опфатиме. Горан многу јасно, директно и разбирливо пишуваше за сите проблеми во општеството коишто постоеле во минатото, но постојат и денес, дури и уште поизразено.
Токму затоа ги земавме неговите зборови и им дадовме ново значење. Од неговите дела успеавме да сплетеме еден нов наратив, во форма на приказна којашто говори за едно маало, една зграда и едни луѓе коишто живеат во неа. Ја одбравме зградата, бидејќи веруваме дека може да послужи како одлична метафора за нашето општество, за еден човек, едно семејство, еден сосед, за сите нас...
Со овој краток филм сакаме да го означиме почетокот на нашата комуникација и да испратиме јасна порака „Да направиме место, за вистински да се поврземе”. Оваа порака ќе биде основата и сврзното ткиво на сите наши активности оваа година.
На нашата веб-страница користиме колачиња и слични технологии за зачувување, читање и обработка на информации на вашиот уред. Притоа, го подобруваме вашето искуство, го анализираме сообраќајот на страницата и ви прикажуваме содржини и реклами што ве интересираат. За таа цел, на веб-страниците и на уредите се креираат кориснички профили. И нашите партнери ги користат овие технологии. Со избирање на „Ги прифаќам само неопходните“, ги прифаќате само колачињата коишто овозможуваат правилно функционирање на нашата веб-страница. „Ги прифаќам сите“ значи дека дозволувате пристап до информациите на вашиот уред и користење на сите колачиња за аналитички и за маркетиншки цели од наша страна и од страна на нашите партнери.
Потоа, вашите податоци можат да бидат префрлени во трети земји надвор од Европската Унија каде што не можеме да гарантираме исто ниво на заштита на податоците како она што е применливо во ЕУ и во Северна Македонија (видете член 53 од Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, Службен весник на Република Северна Македонија, бр. 42 од 16 февруари 2020 година и Службен весник на Република Северна Македонија, бр. 294/21). Во делот „Поставки“, можете детално да утврдите сè и да ја промените вашата согласност во секое време.
Повеќе информации можете да најдете во Политиката за колачиња и во Списокот на партнери.
На нашата веб-страница користиме колачиња и слични технологии за зачувување, читање и обработка на информации на вашиот уред. И нашите партнери ги користат овие технологии. Ние и нашите партнери можеме да ги користиме овие технологии за аналитички и за маркетиншки цели само со ваша согласност.
Користете ги копчињата за да ја означите вашата согласност, како и за да ја отповикате во секое време. Секогаш можете да ја отворите тековната страница од подножјето на нашата веб-страница.
Вашата согласност истовремено претставува и основа за пренос на податоци во земји коишто не се членки на ЕУ (член 53 од Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, Службен весник на Република Северна Македонија, бр. 42 од 16 февруари 2020 година и Службен весник на Република Северна Македонија, бр. 294/21). Македонски Телеком АД-Скопје не може да обезбеди исто ниво на заштита на податоците како во ЕУ. На пример, постои можност локалните власти да имаат пристап до вашите податоци. Исто така, може да биде ограничено и остварувањето на вашите права за заштита на податоците. Ако сакате да дознаете повеќе, прочитајте ги нашите информации за обработката на податоците во земји коишто не се членки на ЕУ и нашиот список на 19 партнери
Овие колачиња се секогаш активни и неопходни за правилно функционирање на нашата веб-страница.
Овие колачиња се неопходни за правилно функционирање на основните функции на веб-страницата како навигација, онлајн купување, наплата, оптимизација на содржината и сл. Тие се најчесто поставени како одговор на одредена интеракција која ја имате со веб-страницата, како што се прилагодувањата за Поставки на колачиња, најава или пополнување на електронски форми. Овие колачиња не содржат никакви лични информации и не може да се исклучат со овие поставки. Повеќе опции во врска со користење на колачиња може да прилагодите во Вашиот интернет пребарувач со цел тој да ги блокира или да Ве известува за овие колачиња, при што некои делови од веб-страницата нема правилно да функционираат.
Овие колачиња ни помагаат да го подобриме нашето разбирање за однесувањето на корисницитеf.
Користиме колачиња и технологии за аналитика за да стекнеме подобро разбирање за тоа како се користи нашата веб-страница. Тие ни помагаат да ги оптимизираме нашите дигитални услуги. На пример, можеме да утврдиме колку луѓе ја посетуваат нашата веб-страница или одредена услуга. Тие се корисни и за статистички проценки коишто ни покажуваат на кој начин луѓето ги користат нашите дигитални услуги. Анализата се заснова на псевдонимизирани информации.
Овие колачиња ги користиме за да ви прикажеме персонализирани реклами и содржини што се релевантни за вас.
Ние и нашите партнери ги користиме овие колачиња за да ви прикажеме персонализирани реклами и содржини што се релевантни за вас. Исклучено Прочитајте повеќе Колачињата и сличните технологии за маркетинг гарантираат дека ќе гледате само реклами што одговараат на вашите интереси, наместо реклами по случаен избор. Исто така, користиме технологии за маркетинг за да провериме колку добро корисниците примаат одредена реклама. Ова ни помага постојано да го подобруваме нашето рекламирање. Технологиите за маркетинг се користат и на веб-страниците на нашите рекламни партнери. Ова се нарекува ретаргетирање. Тоа ни овозможува да ви прикажуваме соодветни реклами и на други страници.
Со помош на технологиите за маркетинг, создаваме псевдонимизирани профили за содржините и рекламите што ги гледате. Овие информации ни помагаат да разбереме што ве интересира. Исто така, ни овозможуваат да ви прикажуваме релевантни реклами и на други веб-страници.