Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Телеком ИТ лаб

Подготвен си да ги усовршиш твоите ИТ вештини работејќи на тековни проекти за нашите корисници, заедно со врвни ИТ професионалци? Ви Звучи Интересно? Прочитајте повеќе.

Повеќе за проектот

Во Телеком ИТ лаб ќе се работи на проектите со најголемо значење за компанијата кои се дел од планот за 2021 година: Role management, Notification platform, Wholesale application, Telekom MK Mobile App, Telekom Webshop, Automation platform, Big data modeling and analytics.

Времетраење на проектот: 12 месеци

Вашите секојдневни активности

Ќе работите на сите сегменти поврзани со проектите кои ќе се развиваат, унапредуваат или пак анализираат во Телеком ИТ лаб. Работата во агилни тимови ќе подразбира извршување на секојдневни активности во договор со членовите на тимот и менторот.

Квалификации

Овој проект е наменет за студентите од доменот на ИТ, кои треба да имаат познавања на OOP (Java, Spring Boot, Kotlin), WEB developer (HTML, CSS, JavaScript, Angular, React), искуство со бази на податоци (MySQL/MariaDB, PostgreSQL, Oracle), алатки за тестирање (Postman, SoapUI), Linux/Unix. Сепак, најважно од се е да поседуваат способност за размислување надвор од рамката, во потрага по најкреативните решенија и пред се желба за учење и напредок.

Зошто да аплицирате?

Ќе научите многу и ќе работите заедно со нашите искусни професионалци во ова поле. Ќе работите во динамично опкружување и во агилни тимови. Ќе учествувате во процесот на создавање на софтверскиот производ работејќи според Scrum, ќе работите со сервиси изградени според микросервисна архитектура, ќе добиете практично знаење за DevOps процесите применувајќи ги најсовремените алатки.