Пренасочување на повик

Месечно
23,60 ден.
Цената е со вклучен ДДВ.

Опис

1. Безусловно пренасочување на повик

Ако сакате да бидете достапни во секој момент, оваа услуга ви овозможува сите повици што ќе пристигнат на вашиот телефон автоматски да се пренасочуваат на друг телефонски број што сами сте го определиле.

Услугата по потреба може да ја активирате или да ја деактивирате со внесување на соодветен код:
Активирање: * 21 * телефонски број #
Деактивирање: # 21 #

2. Пренасочување кога бројот е зафатен

Оваа услуга ви овозможува во случај кога вашата телефонска линија е зафатена, повиците што пристигаат да се пренасочуваат на друг телефонски број што сами сте го определиле.
Активирање: * 67 * телефонски број #
Деактивирање: # 67 #

3. Пренасочување при неодговарање на повикот

Оваа услуга ви овозможува во случај кога не одговарате на повикот после одреден број на ѕвонења, повикот да се пренасочи на друг телефонски број што сами сте го определиле.
Активирање: * 61 * телефонски број #
Деактивирање: # 61 #

Напомена: Откако на вашиот телефон ќе го внесете соодветниот код, ќе слушнете говорна порака или тон на потврда дека услугата е активирана или деактивирана.


Цени

Услугата чини 23,60 ден./месечно без разлика колку пати сте го активирале пренасочувањето, плус остварените разговори (национални, меѓународни, мобилни) - тарифирaње на корисникот кој го направил пренасочувањето.

pageArea reserved, leave empty!!!