Забрана на појдовни повици

Опис

Услуга овозможува контрола на повиците од вашиот телефон со избор на една од 15-те понудени различни комбинации на Забрани на појдовни повици.

  1. Потполна забрана на сите појдовни повици .
  2. Забрана на сите појдовни повици освен во локален сообраќај (забрана кон префиксите 00, 07х, 02, 03х, 04х, 055, 0500, 0520, 0580, 0590, 14хххх ).
  3. Забрана на сите појдовни повици освен во локален сообраќај и кон интернет (забрана кон префиксите 00, 07х, 02, 03х, 04х, 0500, 0520, 0580, 0590, 14хххх ).
  4. Забрана на сите појдовни повици освен во локален и меѓумесен сообраќај (забрана кон префиксите 00, 07х, 055, 0500, 0520, 0580, 0590, 14хххх ).
  5. Забрана на сите појдовни повици освен во локален, меѓумесен сообраќај и кон интернет (забрана кон префиксите 00, 07х, 0500, 0520, 0580, 0590, 14хххх).
  6. Забрана на меѓународни повици (00).
  7. Забрана на повици кон мобилни мрежи (07х).
  8. Забрана на меѓународни повици (00) и повици кон мобилни мрежи (07х).
  9. Забрана на повици кон други фиксни мрежи (со оваа забрана не може да се телефонира кон броеви од другите фиксни мрежи, но не се забрануваат повиците кон броеви пренесени во друга мрежа).
  10. Забрана на интернет повици (055).
  11. Забрана на меѓународни повици (00), кон комерцијални услуги (0500, 0590) и комерцијални услуги во  мрежата на Македонски Телеком (141ххх, 149ххх).
  12. Забрана на повици кон мобилни мрежи (07x), кон комерцијални услуги (0500, 0590) и комерцијални услуги во  мрежата на Македонски Телеком (141ххх, 149ххх).
  13. Забрана на повици кон комерцијални услуги (0500, 0520, 0580, 0590) и комерцијални услуги во мрежата на Македонски Телеком (141ххх, 149ххх).
  14. Забрана на повици кон комерцијални услуги (0500, 0590) и комерцијални услуги во мрежата на Македонски Телеком (141ххх, 149ххх).
  15. Забрана на повици кон комерцијални услуги (0500, 0590).

Комбинацијата на Забраните на појдовни повици која ќе ја изберете може да:

  • биде вклучена или исклучена од страна на Македонски Телеком, или
  • користите Кодирани забрани на појдовни повици кои овозможуваат со код и лозинка кои сами ќе ги поставите, да спречувате и да овозможувате да се бира од вашата телефонска линија.

Активирање: *33*четирицифрена лозинка#   

Деактивирање: #33*четирицифрена лозинка#

Цени

Сите комбинации на Забрани на повици се бесплатни.

Не можат да се користат други комбинации на Забрана на повици освен една од наведените 15 забрани и истите 15 комбинации кодирани забрани.

pageArea reserved, leave empty!!!