Револуција во современата
комуникација
eSIM - нова технологија
за новиот свет

Новата eSIM-технологија претставува нов начин на поврзување на мобилните уреди со мобилната мрежа. Ова напредно решение користи вграден електронски чип (eSIM) во самиот смартфон или друг мобилен уред кој ја заменува стандардната СИМ-картичка. eSIM ја има истата функција како стандардната SIM-картичка, разликата е во начинот на активирање. Потребно е само да имате уред што ја поддржува eSIM-технологијата на кој ќе активирате eSIM-профил на мобилната мрежа на Телеком. Активирањето се прави преку интернет - брзо, лесно и комплетно безбедно.

eSIM е напредно решение, кое нуди
повеќе предности.

devices

Компатибилно со сите уреди

Наместо користење различни величини SIM-картички (мини, микро, нано) за различни уреди, eSIM е единствена за секој уред што ја поддржува оваа технологија.

activate

Едноставно активирање

eSIM се активира едноставно, со скенирање QR код. И тоа е сѐ. Вашиот eSIM-профил се креира автоматски преку интернет.

esim
watch

Нов вид на комуникација

Со eSIM вие сте подобро поврзани со смарт часовници, велосипеди и други IoT уреди, кои не мора да имаат отвор за картичка и работат независно од смартфонот.

eco

Еко решение

eSIM значи дека нема физичка картичка, пластични пакувања, пликови итн. Покрај тоа што е ефикасна, оваа технологија придонесува за зачувување на животната средина.

Како до eSIM-профил во неколку едноставни чекори

eSIM е достапнa за сите нови и постојни постпејд-корисници на мобилната мрежа на Телеком. Единствен услов за активирање eSIM е да имате уред што поддржува eSIM-технологијa.

Доколку имате ваков уред и сакате да ги уживате придобивките од eSIM-технологијaта, побарајте:

  • Активирање нова постпејд-линија со eSIM или
  • Промена на SIM-картичката со eSIM

    Промена на SIM во eSIM можете да направите во која било продавница на Телеком или со јавување во нашиот Контакт центар на 122, по што ќе добиете код за активирање eSIM на Вашата е-адреса.

По комплетирање на вашето барање, на е-адресата наведена од ваша страна ќе добиете инструкции и QR код потребен за активирање на вашиот кориснички профил

За активирање на профилот:

Проверете дали вашиот телефон користи најнова верзија на оперативен систем и ако е потребно направете надградба со најновата верзија

Мобилниот телефон најавете го на која било достапна безжична мрежа. Постапката на преземање на eSIM-профилот е енкриптирана и заштитена со безбедносни сертификати, така што активирањето без никаква грижа може да се направи и преку јавна безжична мрежа.

Скенирајте го QR код за активирање што го добивте од Македонски Tелеком и вашиот профил автоматски ќе се инсталира на уредот и ќе се најави на мобилната мрежа на Телеком.

Смарт часовник со eSIM

Иновативно решение
за совршена комуникација

Со новата генерација смарт часовници со вградена eSIM повеќе не мора да бидете поврзани со вашиот мобилен телефон за да бидете онлајн и да користите апликации.

Со eSIM сè е поинаку. Смарт часовникот има свој број и можете да го користите независно од телефонот. Токму тоа е главната предност на eSIM технологијата - можете да телефонирате, да праќате пораки и да користите апликации и кога телефонот не е со вас.

А врската со телефонот можете да ја задржите и кога уредите не се поврзани.

Смарт часовниците се достапни само со eSIM Plus тарифа


Десктоп верзија