Сега секој може да биде режисер

Претвори ги твоите видеа и слики во супер кул филмчиња!

Запознај ја Магисто – одлична апликација што ги претвара видеата и сликите од твојот смартфон или компјутер во една прекрасна видео приказна!

Со само неколку клика Магисто автоматски ги одбира најдобрите делови од твоите видеа и слики, додава соодветна музика и видео ефекти и прави кратки филмчиња полни со емоција и возбуда.

Апликацијата е бесплатна*, брза и супер лесна за користење.
Досега 40 милиони корисници направиле над 250 милиони видеа.
Увери се и ти во можностите на оваа хит апликација - симни ја, испробај ја и сподели ги твоите Магисто видеа со најблиските и другарите.

http://itunes.apple.com/us/app/magisto/id486781045?ls=1&mt=8

https://play.google.com/store/apps/details?id=com.magisto

*Основната верзија на апликацијата е бесплатна. Премиум верзијата чини 60 денари месечно, и со неа можеш да креираш подолги, небрендирани видеа во висока резолуција, достапни за преземање на твојот смартфон. За сите Т-Mobile корисници, премиум верзијата е бесплатна првите 2 месеци од активирањето.

Технологијата позади Magisto

Совршено едноставна за користење, апликацијата Magisto зад себе има комплексна технологија:

  • Emotion Sense Technology – иновативен начин со кој Magisto ги препознава емоциите на фотографиите и видеата што ги прикачуваш, и со додавање соодветна музика и филтри му дава живот на твојот нов филм.
  • Визуелна анализа – Magisto темелно ги анализира фотографиите и видеата од движење на камерата, преку детектирање предмети, до препознавање лица, и знае точно кој дел од видеото е најинтересен, а каде треба дополнителна стабилизација, корекција на боја или друго подобрување.
  • Стил на уредување – Врз основа на претходните два процеси, со овој чекор Magisto решава каков стилот на режирање е најдобар за твојата содржина, односно за неговата динамика, брзина на сцени, тоналитет на музиката и акцентирање на одредени елементи.

Како да направам филм со Magisto?

Регистрирај се и следи ги овие едноставни чекори:

1. Закачи ги фотографиите и видеата

2. Избери го стилот на твоето ново видео

3. Избери ја музичката подлога од достапните, или закачи сопствена музика

4. Избери го името на твојот филм. Тоа може да се појави на почетокот од филмот, (или пак не, ако не сакаш) и твојот филм е готов!

Придружи се на MAGISTO, види што споделуваат останатите, и сподели ги своите филмови во нашиот албум, преку хаштаговите #сподели, #spodeli:
http://www.magisto.com/album/spodelidozivuvanja

pageArea reserved, leave empty!!!