Мобилната апликација МаxTV MK е одлична алатка која ви нуди брзо и едноставно управување со MaxTV телевизијата во вашиот дом, директно од мобилниот телефон.
Преку оваа апликација имате:
- Ексклузивна можност за следење на 4 Arena Sport TV канали во живо (Лига на Шампиони, Лига Европа, италијанска лига итн.)
- Следење ТВ канали во живо
- Детални информации за ТВ програмата
- Можност за закажување на снимање на емисии
- Информации за MaxTV видеотеката (категории, филмови, ТВ архива итн.)
- Можност за нотификации
Закажувањето на снимање на емисии е можно за сите MaxTV корисници со претходна најава со корисничко име и лозинка.