Префрлање припејд во постпејд број

Задржи го припејд бројот и префрли се во постпејд тарифен модел кој најмногу ти одговара!

Со услугата Префрлање припејд во постпејд број можеш да станеш Телеком постпејд корисник, задржувајќи го својот број заедно со префиксот (070, 071 или 072)

Постапка на префрлање припејд во постпејд број

Доколку сакаш да префрлиш припејд во постпејд број:

  • Поднеси Барање за префрлање припејд во постпејд број и Барање за склучување нов постпејд договор во која било продавница на Македонски Телеком;
  • Понеси ја својата Лична карта или пасош;
  • Идентификувај се со PUK број од SIM картичката и
  • Достави ги документите за склучување нов постпејд договор.

Општи услови при префрлање на број

  • Можно е само префрлање припејд во постпејд број;
  • Барањето за префрлање припејд во постпејд број ќе биде извршено веднаш, доколку со себе ги имаш сите документи.

Ве очекуваме во продавниците на Македонски Телеком каде што во секое време вработените ќе ви помогнат при изборот на понуда која во целост ќе ги исполни сите ваши потреби и барања.

pageArea reserved, leave empty!!!