Кога свесно ќе одлучите да продолжите со пребарувањето на небезбедна веб страница, треба да бидете свесни за ризиците кои ги преземате. Заканите можат да се поделат во следниве категории:
- Malware (злонамерен софтвер) може да го зарази мобилниот уред со тоа што ќе биде преземен преку интернет прелистувачот кога корисникот ќе посети заразена веб страница. Злонамерниот софтвер може да биде дизајниран со цел да го снима притискањето на секое копче од тастатурата на мобилниот уред,
- Spyware (шпионски софтвер) ги следи онлајн активностите на заразениот уред.
- Worm (црв) го заразува уредот при што интернет конекцијата станува бавна поради тоа што црвот ја користи за да пронајде други ранливи уреди во кои би се вовлекол.
- Phishing (кражба на лични податоци) претставува обид да се дојде до осетливи кориснички информации како кориснички имиња и лозинки, податоци за кредитна картичка и слично, поради криминални потреби (најчесто изнудување пари). Обидот се манифестира преку лажни веб страници кои изгледаат како вистински.
- Botnet attacks (ботнет напади). Хакерите често контролираат мрежи од заразени компјутерски уреди наречени „зомби” или „ботнет” мрежи, кои се користат за напад на други компјутерски уреди .