Никола Љушев е Главен извршен директор на Македонски Телеком од 1 јули 2018 година. Долгогодишното искуство во индустријата на телекомуникациите го градел на највисоки раководни позиции во Дојче Телеком Групацијата, во Космофон, како и во Телеком Австрија Групацијата.
Во Телеком доаѓа од позицијата Главен извршен директор на Црногорски Телеком (членка на Дојче Телеком групацијата), каде што постигнува одлични резултати и раст на компанијата. Пред да се приклучи на Дојче Телеком Групацијата, Љушев бил во највисокиот менаџмент на Телеком Австрија во Македонија како Главен извршен директор на Вип оператор од 2007 до 2015 година, а по спојувањето на Вип и Оне, и извршен директор на oне.Вип во периодот 2015-2016. Својата кариера во телекомуникации ја почна токму во Македонски Телеком во 1997 година.
Г-дин. Љушев е дипломиран електротехнички инженер во областа на електроника и телекомуникации, со надополнето образование за корпоративен менаџмент на престижни меѓународни школи и универзитети, меѓу кои и Харвард бизнис школата, ИНСЕАД, Универзитетот во Чикаго и други. Престижниот магазин Global Telecom Business – Лондон два пати го има избрано, во 2010 и 2011 година, за еден од четириесетте најдобри извршни директори под 40-годишна возраст во телекомуникацискиот сегмент во светски рамки.