Македонски Телеком официјално се здоби со признание за квалитетот во својата работа во однос на корисниците, партнерите и заинтересираните страни со воведување на повеќе ISO сертификати во последните неколку години.

ISO сертификацијата на Македонски Телеком му обезбедува конкурентска предност на македонскиот телекомуникациски пазар, но и зголемување на ефективноста и ефикасноста во работењето на секој поединец во компанијата.

Делокругот на ISO 14001:2004 е следниот:

Инженеринг, продажба и малопродажба на телекомуникациски, ИТ и електронски услуги, опрема и системи.

Делокругот на ISO 9001:2015 е следниот:

Инженеринг, продажба, обезбедување,и малопродажба на телекомуникациски, ИТ и електронски услуги, опрема и системи.

Делокругот на ISO 27001:2013 е следниот:

Употреба на сите информации, информациски системи и информациски средства вклучувајќи објекти, податоци, софтвер, печатени документи и вработени а во врска со инженеринг, продажба, обезбедување,и малопродажба на телекомуникациски ИТ и електроски услуги, опрема и системи.


Делокруг на ISO 20000-1:2005 е следниот:

Управување со услуги за продажба и обезбедување на телекомуникациски услуги, ИКТ, системска интеграција, мобилни податочни услуги и ИКТ опрема за деловни корисници.

Политика за животна средина на Македонски Телеком АД – Скопје

Политика за животна средина на Македонски Телеком АД – Скопје, како водечки оператор во областа на телекомуникациските услуги во Република Македонија, ја превзема одговорноста и се обврзува да го почитува законот за животна средина и друга регулатива поврзана со животната средина и да се залага за постојано подобрување на влијанието на компанијата врз животната средина.

Во согласност со тоа, Македонски Телеком го смета за најважно извршувањето на своето работење со свесност за своето влијание врз животната средина и затоа ќе се труди ваквиот став да го примени во целост во сите свои операции, грижејќи се да ги изведува своите активности на национално ниво како “Одговорен Граѓанин”.

преземи документ

Политика за квалитет на Македонски Телеком АД – Скопје

преземи документ


pageArea reserved, leave empty!!!