Квалификувани сертификати за унапреден бизнис

КВАЛИФИКУВАНИ СЕРТИФИКАТИ

Македонски Телеком, е регистриран давател на дигитални сертификати за електронски потпис и електронски печат согласно Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.

https://trusteid.mioa.gov.mk/registar_listi/

ЕЛЕКТРОНСКИ ПОТПИС

ЕЛЕКТРОНСКИ ПЕЧАТ

ЕЛЕКТРОНСКИ ПОТПИС Ваш личен клуч во дигиталниот бизнис свет

Електронскиот потпис го заменува своерачниот потпис во дигиталниот свет. Служи за потпишување на документите што ги издавате во електронски облик и се заснова на квалификуван сертификат со највисоко ниво на безбедност.

Со електронскиот потпис ја потврдувате веродостојноста на електронските документи, како и идентитетот на потписникот.

Наменет е за физички лица кога го користат во свое лично име или во име на правното лице кое го застапуваат.

ТИПОВИ НА СЕРТИФИКАТИ

Квалификуван Електронски потпис

Квалификуван електронски потпис (QES) се заснова на квалификуван сертификат и се издава веќе повлечен на USB токен (QSCD уред), со што се овозможува највисоко ниво на безбедност.

USB токенот е QSCD – Qualified Signature Creation Device - криптографски уред, средство за создавање квалификуван сертификат за електронски потпис или квалификуван електронски печат кој ги задоволува барањата на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги и EU регулативата No. 910/2014 (eIDAS).

  • Цени без ДДВ
  • Цени со ДДВ

1 година


1.700 2.006
денари годишно

Годишен надомест

2 години


1.500 1.770
денари годишно

Годишен надомест

3 години


1.450 1.711
денари годишно

Годишен надомест

4 години


1.400 1.652
денари годишно

Годишен надомест

5 години


1.350 1.593
денари годишно

Годишен надомест

USB токен


1.490 1.758
денари еднократен

Еднократен надомест

Прикажаната цена претставува годишен надомест за договор склучен на период подолг од една година.
Вкупниот надомест за користење на сертификатот на период подолг од една година може да се плати и еднократно.
Цените важат од: 26.03.2024

Надоместокот за токен е еднократен и се наплаќа на првата месечна сметка.

Напреден Електронски потпис

Напреден електронски потпис (AdES) се заснова на квалификуван сертификат и се повлекува од страна на корисникот на дискот на компјутерот или на USB токен, со помош на претходно добиени кодовите за активирање: референтен број на е-маил адресата и авторизациски код преку СМС порака.

  • Цени без ДДВ
  • Цени со ДДВ

1 година


1.700 2.006
денари годишно

Годишен надомест

2 години


1.500 1.770
денари годишно

Годишен надомест

3 години


1.450 1.711
денари годишно

Годишен надомест

4 години


1.400 1.652
денари годишно

Годишен надомест

5 години


1.350 1.593
денари годишно

Годишен надомест

Прикажаната цена претставува годишен надомест за договор склучен на период подолг од една година.
Вкупниот надомест за користење на сертификатот на период подолг од една година може да се плати и еднократно.
Цените важат од: 26.03.2024

ЕЛЕКТРОНСКИ ПЕЧАТ За современо, брзо и ефикасно работење

Електронскиот печат е услуга слична со електронскиот потпис, со таа разлика што потписникот не е физичко туку e правно лице.

Eлектронскиот печат го заменува печатот на правното лице или институцијата кој вообичаено се користи за хартиени документи. Служи за нанесување на корпоративен печат на документите што ги издавате во електронски облик и се заснова на квалификуван сертификат за да обезбеди највисоко ниво на безбедност.

Со електронскиот печат ја потврдувате веродостојноста на вашите документи, како и вашиот бизнис (деловен) идентитет, односно дека електронските документи се издадени од соодветно правно лице.

ТИПОВИ НА СЕРТИФИКАТИ

Квалификуван Електронски печат

Квалификуван електронски печат се заснова на квалификуван сертификат и се издава веќе повлечен на USB токен (QSCD уред), со што се овозможува највисоко ниво на безбедност.

USB токенот е QSCD уред -Qualified Signature Creation Device е криптографски уред, средство за создавање квалификуван сертификат за електронски печат или квалификуван електронски печат кој ги задоволува барањата на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги и EU регулативата No. 910/2014 (eIDAS).

  • Цени без ДДВ
  • Цени со ДДВ

1 година


9.000 10.620
денари еднократно

Еднократен надомест

2 години


15.000 17.700
денари еднократно

Еднократен надомест

3 години


19.000 22.420
денари еднократно

Еднократен надомест

USB токен


1.490 1.758
денари еднократно

Еднократен надомест

Надоместокот се наплаќата еднократно, на првата месечна сметка, за целиот период на користење на сертифкатот за печат.
Цените важат од 26.03.2024

Македонски Телеком нуди и опција вашиот електронски печат да Ви биде издаден на ваш Hardware Secure Module (HSM) – безбеден мрежен уред – чијашто цена е варијабилна во зависност од вашите специфични потреби.

Напреден Електронски печат

Напреден електронски печат се заснова на квалификуван сертификат и се повлекува од страна на корисникот на сопствен медиум, со помош на претходно добиени кодовите за активирање: референтен број на е-маил адресата и авторизациски код преку СМС порака.

  • Цени без ДДВ
  • Цени со ДДВ

1 година


9.000 10.620
денари еднократно

Еднократен надомест

2 години


15.000 17.700
денари еднократно

Еднократен надомест

3 години


19.000 22.420
денари еднократно

Еднократен надомест

Надоместокот се наплаќата еднократно, на првата месечна сметка, за целиот период на користење на сертифкатот за печат.
Цените важат од 26.03.2024

Македонски Телеком нуди и опција вашиот електронски печат да Ви биде издаден на ваш Hardware Secure Module (HSM) – безбеден мрежен уред – чијашто цена е варијабилна во зависност од вашите специфични потреби.

ЗАВЕРУВАЈТЕ ГИ ЕЛЕКТРОНСКИ
ДОКУМЕНТИТЕ

ВО СЕКОЈДНЕВНИТЕ ТРАНСАКЦИИ

  • Фактури, дописи, нарачки
  • Документи за учество на тендер
  • При потпишување договори
  • За безбедна електронска комуникација

ЗА ЕЛЕКТРОНСКО РАБОТЕЊЕ СО ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ

  • Поднесување даночни пријави и биланси преку системот e-даноци на Управата за јавни приходи;
  • Поднесување документи и потпишување понуди при учество на тендери преку системот за јавни набавки;
  • При користење на едношалтерскиот систем (EXИM) на Царинската управа на РМ за електронско поднесување барања за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти, како и електронско издавање на дозволите од страна на надлежните институции;
  • За пријава и одјава на работни односи преку електронскиот систем на Агенцијата за вработување;
  • При издавање податоци за урбанистички планови преку системот Е-урбанизам на ЗЕЛС;
  • За електронска достава на судски документи преку Автоматизираниот систем за управување со судски предмети – АКМИС;
  • За поднесување извештаи по електронски пат преку порталот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето;
  • Фонд за здравствено осигурување за потпишување на договори , издавање на е-рецепти;
  • За електронско поднесување завршни сметки и основање правни субјекти во Централен регистар на РМ.

Карактеристики

icon1

Автентикација

Идентитетот на носителот на сертификатот е потврден.

icon2

Интегритет

Податоците што се испраќаат се заштитени од неовластени промени.

icon3

Неотповикливост

Трансакцијата не може да се оспори ниту од праќачот ниту од примателот.

icon3

Доверливост

Содржината на пораката може да ја прочита само назначениот примател.

video icon
КВАЛИФИКУВАН СЕРТИФИКАТ

УПАТСТВА

ДОКУМЕНТИ

Закони

Правилници

Јавни документи на Македонски Телеком АД

Десктоп верзија