Нови збогатени Business тарифи
Отсега сите Business тарифи се со зголемен интернет сообраќај за подобра, побрза и посигурна деловна комуникација, во земјата и со странство.
Направете сигурен чекор кон дигитализација на вашиот бизнис, склучете нов или обновете го актуелниот договор на 24 месеци и искористете ги зголемените буџети за набавка на уреди од проширената понуда.
За поубав крај на 2020 година и нови бизнис почетоци ви обезбедивме и дополнителни промотивни количини мобилен интернет.
Прикажаните количини интернет важат за секој нов или обновен Договор24 во промотивниот период. Промоцијата трае од 7 декември 2020 до 28 февруари 2021 година.
Вклучените роаминг минути и интернет во роаминг се валидни за истите држави и оператори кои важат и за Business Travel & Surf пакетите.
Вклучените роаминг минути се однесуваат за појдовни и дојдовни повици во роаминг. По искористување на вклучените минути во роаминг, дополнителниот сообраќај ќе биде наплатен по регуларни цени.
По надминување на вклучениот интернет во домашна мрежа брзината се намалува, но дополнителниот сообраќај не се доплаќа.
Цената за SMS порака во национални мрежи за тарифниот модел Business S е 5,4 денари.
Цената на SMS порака кон меѓународни зони е 6,9 денари, ММS порака чини 15 денари, а ММS кон меѓународни зони 35 денари.
Опцијата Stream On е вклучен во месечната претплата, но се активира само на барање на корисникот.
Екстра придобивките ви се лесно достапни за избор и активирање само преку Telekom MK апликацијата, согласно избраната мобилна линија.