Стани постпејд претплатник

Потребни документи за новите постпејд претплатници

За физичко лице:

За вработени:

  • Потврда за вработување не постара од 30 дена или платена сметка од Македонски Телеком АД Скопје од претходниот месец без отворен доспеан долг, која гласи на име на Барателот.
  • еден валиден документ за идентификација (лична карта или пасош);

За пензионери:

  • пензиски чек од претходниот месец на износ еднаков или поголем од 5 000 денари не постар од 3 месеци; и
  • еден валиден документ за идентификација (лична карта или пасош);

Потребни документи за невработени лица:

  • еден валиден документ за идентификација (лична карта или пасош) и
  • уплата на парични средства како гаранција за редовно плаќање на сметките.(депозит)

Потребни документи за склучување нов постпејд договор за странски државјани кои имаат дозвола за привремен или постојан престој во Република Северна Македонија:

  • документ за лична идентификација на увид (пасош или лична карта за странски државјани од кои се задржува копија врз основа на согласност од претплатникот);
  • дозвола за привремен или постојан престој во Република Северна Македонија на увид (копија се задржува врз основа на согласност од претплатникот); и
  • потврда за заснован работен однос издадена од страна на организацијата / компанијата на меморандум или уплата на парични средства како гаранција за редовно плаќање на сметките (депозит).

Потребни документи за склучување нов постпејд договор за странски државјани кои имаат дозвола за престој во Република Северна Македонија до 3 месеци:

  • документ за лична идентификација на увид (пасош од кој се задржува копија врз основа на согласност од претплатникот); и
  • уплата на парични средства како гаранција за редовно плаќање на сметките (депозит).

Потребни документи за склучување нов постпејд договор за странски државјани со дипломатски статус:

  • дипломатска или службена лична карта (од кои се задржува копија врз основа на согласност од претплатникот)
Десктоп верзија