Оглас за ангажирање во Македонски Телеком АД Скопје

Служба за ИКТ решенија /Сектор за Дизајн и развој на ИКТ решенија и услуги/ Област на Главен оперативен директор за деловни корисници

Работно место: Специјалист за развој и испорака на ИКТ

Доколку сте амбициозни со желба за учење и напредок, со одлични комуникациски способности, доколку поседувате ефикасна лична организација и силна воља за примена на своите знаења како и желба да бидете дел од развојот на најиновативна компанија во Македонија, токму вие сте апликантот што го бараме.

Цел на работното место и работни задачи:

Подготовка на информациско-комуникациски (ИКТ) решенија, претпродажба и консултативна продажба за бизнис сегментот. Преку опсегот на активности се очекува развој на иновативни решенија базирани технологиите на светски препознатливите технолошката лидери прилагодени на функциите и потребите на крајните корисници.

Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место

Работни задачи:

  • Претпродажни активности и консултативна продажба nа комплексни ИКТ решенија
  • Подготовка на кориснички презентации кои техничките решенија ги пресликуваат во применливи концепти во функција на бизнисот и претставуваат основа за идентификување на реалните потреби на корисниците
  • Развивој на компетитивни ИКТ решенија со кои се зајакнува портфолиото на менаџирани бизнис услуги како додадена вредност над основните телекомуникациски услуги.
  • Континуирано следење и предлози за подобрување, обновување и репозиционирање на портфолиото на ИКТ решенија со цел да се одржи препознатливиот квалитет и да се креираат позитивни кориснички искуства.
  • Развој на концептуален технички дизајн со листа на потребни материјали, финансиска пресметка, проценка на ризик, модел на плаќање и предлог цена.
  • Бизнис и техничка евалуација на комерцијалните проекти од аспект на нивна остварливост и придонес кон остварување на финансиските резултати
  • Следење на иновации од телекомуникацискиот и ИТ пазарот и практична примена на истите како дел од портфолиото на Македонски Телеком
  • Подготвува анализи за остварените приходи од склучените договори со корисниците на услуги, го следи навременото извршување на услугите и остварувањето на поставените цели
  • Остварува редовна комуникација со различни сегменти во рамки на компанијата за правни, финансиски прашања и прашања од аспект на имплементација и реализација

Услови:

  • Високо образование - Технички факултет - Електротехника, Природноматематички факултет, Факултет за информатика,
  • 3-5 година соодветно работно искуство
  • Активно познавање на англиски јазик
  • Напредно познавање на MS Office
  • Напредни познавања на подготовка на Деловна студија
  • Напредни познавања на ИТ технологија (сервери, сториџ, бекап,..)
  • Напредни познавања на ГСМ и IP технологија
  • Добро познавања на телекомуникацискиот пазар и конкуренцијата

Способности и вештини:

Напредни способности за комуникација, добри аналитички способности,напредни способности за презентација, самодоверба, креативност, проактивност, флексибилност, , способност за работа под притисок и кратки крајни рокови

Кандидатот кој ги исполнува горенаведените квалификации треба да достави доказ за завршено образование, писмо за намери   и биографија (CV со препораки и дипломи), на македонски и англиски јазик 

Вашата биографија може да ја  оставите електронски на  апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за  - Специјалист за развој и испорака на ИКТ

Огласот ќе биде објавен на ден 15.06.2016   година и ќе трае  до 21.06.2016

Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667

Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00, односно, 40 часа неделно во прва смена.

Вкупна нето плата е во висина од  40.000,00 денари

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Македонски Телеком  АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.

Пријави се

Оглас за ангажирање во Македонски Телеком АД Скопје

Служба за развој ИКТ бизниси и иновации/Сектор за Дизајн и развој на ИКТ решенија и услуги/Област на Главен оперативен директор за деловни корисници

Работно место: Специјалист за деловен развој

Отворени за нови можности и деловни предизвици? И тоа како дел од тимот на Македонски Телеком, предводник во иновации и нови напредни технологии на македонскиот пазар? А притоа сте и отворени за промени, сакате динамика, имате знаење и искуство од развој на продукти и амбиција за нивно унапредување и свој личен развој, знаење од областа на телекомуникацискиот бизнис и информатички комуникациски техологии, во тој случај Ве повикуваме да се пријавите на овој оглас и да станете дел од тимот на Македонски Телеком каде тимски ќе допринесеме и дадеме свој личен печат во креирањето на нови можности за унапредување на секојдневиот живот односно деловното работење на нашите корисници!

Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место

Услови:

  • Високо образование – Технички факултет - Електротехника, Информациски технологии, Информатички науки и компјутерско инженерство, Економски факултет или друг технички факултет
  • 3-5 години соодветно работно искуство
  • Активно познавање на англиски јазик
  • Познавање на ИКТ технологии
  • Познавање од областа на развој и воведување на нови продукти ( методологии за утврдување на цени, подготовка на деловни студии и сл.)
  • Познавање на проектен менаџмент
  • Познавање на маркетинг комуникации
  • Познавање на телекомуникацискиот пазар и конкуренцијата
  • Напредно познавање на MS Office

Работни задачи:

  • Учество во дефинирање и имплементација на Стратегијата за бизнисот на компанијата од областа на Информатички Комуникациски Технологии (ИКТ)
  • Дизајн и развој на продукти и услуги од областа на ИКТ (Cloud, M2M, IoT и сл.) и иновациите (пр. мобилно плаќање, телемедицина и сл.)
  • Подготовка на деловна студија за воведување и развој на нови продукти
  • Подготовка на проект план за цели на развој и имплементација на нови продукти
  • Координација со сите интерно инволвирани субјекти за цели на реализација на проектниот план и имплементаци и воведување на нови продукти
  • Комуникација со партнерите за развој и воведување на нови продукти
  • Интерни и екстерни обуки и презентации за продуктите и услугите за кои е одговорен
  • Поддршка при продажбата на продуктите од своето портфолио
  • Учествува при дизајн и развој на пакет понуди од телко и ИКТ услуги, од аспект на ИКТ услугите и продуктите
  • Континуирано подобрување, унапредување и репозиционирање на продуктите од своето портфолио
  • Следење на финансиските резултати од продажбата на продуктите од своето портфолио
  • Пост-евалуација на продуктите од финански аспект (приходи, трошоци) и предлози за нивно подобрување
  • Континуирано следење на ИКТ пазарот и на иновациите во локални и светски рамки
  • Координира активности за прибирање на идеи за развој на нови ИКТ производи и услуги
  • Координира активности со ДТ и Маѓар Телеком групациите поврзани со воведување на нови продукт
  • Да извршува и други деловни задачи од делокругот на активностите на организациската единица дадени од страна на претпоставениот

Способности и вештини:

Стратешко размислување, организациски способности, напредни способности за комуникација, добри аналитички способности  и способност за решавање на проблеми,  напредни способности за презентација, самодоверба, креативност, проактивност, флексибилност, способност за работа под притисок и кратки крајни рокови.

Кандидатот кој ги исполнува горенаведените квалификации треба да достави доказ за завршено образование, писмо за намери   и биографија (CV со препораки и дипломи), на македонски и англиски јазик 

Вашата биографија може да ја  оставите електронски на  апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за  - Специјалист за деловен развој

Огласот ќе биде објавен на ден 15.06.2016  година и ќе трае  до 21.06.2016

Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667

Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00, односно, 40 часа неделно во прва смена.

Вкупна нето плата е во висина од  40.000,00 денари

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Македонски Телеком  АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.

Пријави се

Контакт

Област за човечки ресурси

E-адреса:career@telekom.mk

Aдреса:
Кеј 13-ти Ноември бр. 6, 1000 Скопје, Република Македонија