FlatNET Pro

Што добивате со FlatNET Pro?

FlatNET Pro е услуга наменетa за деловни корисници кои имаат потреба од неограничен пристап кон Интернет, со симетричен проток, загарантирана брзина и статичка IP адреса.

FlatNET Pro овозможува 24-часовен пристап на Интернет од повеќе компјутери со статички јавни IP адреси, чијшто број зависи од потребите на корисникот и брзината на пристапот.

Со FlatNET Pro се стекнува можност Вашите сервери (Web ,Mail, Application, Collaboration) да бидат максимално достапни и сигурни на Интернет и да овозможат пристап и онлајн услуги на голем број корисници.

Услугата вклучува:

  • Kорисничка опрема од бизнис класа од врвни производители: Cisco, Alcatel, Actelis;
  • Симетричен пристап со брзини до 100 Мbit/s;
  • Неограничен сообраќај во upload/download;
  • 24-часовна регуларна поддршка;
  • Дополнителна безбедносна поддршка на барање на корисникот;
  • Највисоко ниво на сервисно опслужување (SLA);
  • Пакет од e-адреси;
  • Пакет од статички IP адреси;
  • WEB хостинг простор 10 GB;
  • Пристап на MRTG апликација за анализа на сообраќајот.

ProNET – Виртуелна приватна мрежа

ProNET е услуга со која на корисникот му се обезбедува безбедно поврзување на географски оддалечени компаниски локации и лесно и ефикасно развивање на национална приватна компаниска мрежа. Со користење на услугата ги добивате следниве придобивки:

  • Едноставно управување и користење на компаниската мрежа
  • Поврзување на пристапните места од типот „секој со секој"
  • Сигурност и заштита на мрежата
  • Приватност и интегритет преку користење на софтицирани технологии за безбедно тунелирање
  • Голема скалабилност и флексибилност

Решенијата базирани на ProNET услугата можат да се приспособат на специфичните потреби на различни групи на корисници, и вклучуваат:

  • Дизајн, инсталација и конфигурација на мрежа
  • Избор на корисничка опрема
  • Најдобра мрежна опрема од водечки производители
  • Можност за управување од страна на корисникот или од Македонски Телеком
  • Корисничка поддршка на бесплатниот телефонски број 0800 10 800

Благодарение на едноставната пристапна технологија, нашите решенијата базирани на ProNET услугата се со атрактивна цена и високи перформанси кога е во прашање сигурноста на податоците и расположливоста на услугата. Во нашето портфолио нудиме различни можности за имплементација на ProNET услугата, а цените се формираат соогласно посакуваната брзина на пренос на податоци и бројот на мрежни уреди. Понудениот однос цена/квалитет секогаш е во согласност со корисничките потреби.

Проширувањето на бројот на пристапните места е лесно, a управувањето е едноставно, без дополнителни ресурси и со значителна заштеда на време.

MetroNET

MetroNET (Metropolitan Area Network) е услуга која овозможува голем број деловни објекти, канцеларии или филијали на една компанија или институција, кои се наоѓаат на територијата на едно или повеќе населени места, лесно и едноставно да се поврзат во единствена мрежа.

Мрежните решенија се базирани на Metro Ethernet технологија и оптичко поврзување за постигнување големи капацитети и брзини, и тоа на поголеми растојанија, доволни да покријат површина на цел град. Овозможуваат поврзување на локации оддалечени до десетина километри и нивно непречено функционирање во иста мрежа. Metro Ethernet е најраспространета LAN технологија чија основна предност е едноставноста, без потреба од комплексна опрема и сложени решенија.

MetroNET услугата овозможува поголема:

  • Економичност - намалени трошоци за развој на мрежата
  • Безбедност - на ниво на дигитална изнајмена линија
  • Брзина - проток на податоци со гигабитни брзини
  • Едноставност - користење на истата опрема и знаење кои ги користите во вашите LAN мрежи
  • Флексибилност - MetroNET базираните решенија на Македонски Телеком имаат инфраструктурни можности за поврзување на повеќе локации со различни брзини, со што во целост можат да ги следат вашите барања и потреби
  • Доверливост - преку гарантираните брзини и достапност.

Решенијата на Македонски Телеком се целосно приспособливи на корисничките барања во поглед на брзината, и тоа од 10 Mbps до 1 Gbps. Веќе имплементираната брзина на системот може да се зголемува во согласност со потребите, без дополнително инвестирање во нова опрема или надградба на постојната.

Добиеното MetroNET решение претставува една мрежа, една технологија, и еден систем кој IT персоналот во компанијата веќе го познава. Лесно може да се имплементира и надградува, како и ефикасно да се управува.

Останатите можности што ги нуди MetroNET услугата се:

  • Поврзување на центрите за складирање податоци, Metro Storage, со минимизирано доцнење - незаменливи можности за синхронизирано складирање податоци, со едноставност, перформанси и обем на трошоци, кои не може да ги понуди ниту еден друг постоен систем
  • Поврзување LAN-to-LAN
  • Гаранција на брзината (CIR) - со основната мрежна инфраструктура преку која се одвива MetroNET услугата се овозможува следење на пристапната брзина на секој поединечен клиент  и се нуди гарантирана брзина на пренос на податоците
  • Флексибилност во поглед на надградливост на брзината
  • Можност за видео конференции.

Меѓународни дигитални водови

Македонски Телеком ви обезбедува сигурен, доверлив и брз пренос на податоци.

Меѓународните дигитални водови се одговор на најспецифичните кориснички барања и потребата од постојана врска со која било земја во светот.

Меѓународниот дигитален вод овозможува дигитално поврзување на две географски оддалечени точки на интернационално ниво. Kорисникот има ексклузивитет врз доделените интернационални ресурси што претставуваат идеално решение за сите компании и институции кои имаат одделни сектори (претставништва) или партнери во друга држава, а притоа комуникацијата и преносот на податоци меѓу нив треба да се одвива сигурно и непречено.

Цената на овие водови е во зависност од брзината на пренос на податоци, а како дополнителен фактор се зема и оддалеченоста на земјата со која се врши конекцијата, т.е. тарифната зона во која таа се наоѓа.