Целоснo и ефикасно управување со вашиот возен парк

FLEET MANAGEMENT

Што е Fleet Management

Сè под контрола, секогаш во реално време

Fleet Management е паметно решение за целосно управување со вашиот возен парк, коешто овозможува:

  • ефикасно следење на возилата во реално време,
  • оптимизација на рутите и намалување на трошоците,
  • лесно и практично управување со возен парк од која било големина и тип на возила.

Со Fleet Management, работењето со возниот парк станува поефикасно, побезбедно и поекономично.

Кому му е наменето ова паметно решение?

За секој сектор со сопствен возен парк

Ефективното управување со возниот парк е од суштинско значење за компаниите од различни економски сектори, како што се:

  • Транспорт и шпедиција
  • Дистрибуција и логистика
  • Градежништво
  • Прехрамбена индустрија, како и
  • Државни и сите други институции со сопствен возен парк без оглед на големината и разновидноста на возните паркови на деловните субјекти.

Системот е скалабилен и подеднакво ефикасен за мали, средни и големи возни паркови.

Компоненти на решението

Целосно интегрирано решение

Решението Fleet Management се состои од неколку елементи, коишто заедно обезбедуваат целосна функционалност:

  • GPS уред – следење и испраќање податоци за позицијата на возилата;
  • SIM картичка (мобилен интернет) – сигурен и континуиран пренос на податоци;
  • Апликација базирана на веб – мониторинг, контрола и администрација на возниот парк, достапна преку кој било интернет уред и
  • Инсталација и поддршка – изведена од сертифициран тим, далечинска дијагностика и редовно ажурирање на софтверот.

Функционалности

Сé што ви е потребно за управување со возниот парк

  • Лоцирање и следење – позиција и движење во реално време;
  • Управување со возачи – работно време преку RFID, двонасочна комуникација;
  • Одржување – известување за сервисирање и евиденција на трошоци;
  • Сензори и борд компјутер – управување со податоците добиени од надворешни сензори (I/O, CAN, OBD, итн.) или со информациите добиени од борд компјутерот на возилото;
  • Локации (Geo-fence) – контрола и дефинирање зони на движење;
  • Администрација на возила и компании – евиденција и привилегии за пристап.

video icon За Fleet management

Прашања и одговори

Системот за следење на возилата функционира преку интегриран GPS уред и мобилна мрежа. GPS уредот којшто е инсталиран во возилото испраќа информации за локацијата во реално време, а тие податоци се пренесуваат преку мобилната мрежа до централниот сервер. Преку веб или мобилна апликација, во секое време можете да ја видите локацијата и движењето на возилата.

Не. Уредот се интегрира без физички промени и оштетувања на возилото.

Да, системот е компатибилен со електрични возила и обезбедува податоци за нивната потрошувачка, статус на батеријата и други релевантни информации.

Цената зависи од големината на возниот парк, избраните уреди и дополнителните функционалности (на пример: следење на гориво, температурни сензори, CAN читање). За да добиете персонализирана понуда приспособена на вашите потреби, кликнете на копчето „Испрати барање” и внесете ги основните информации.

Нашиот тим ќе ве контактира со конкретна понуда.

Десктоп верзија