Како да станете претплатник на Македонски Телеком

Доколку сакате да станете претплатник на некоја комуникациска услуга од Македонски Телеком, треба да поднесете барање за засновање на претплатнички однос во кое треба да ги пополните слединиве податоци:

  • Име и презиме на барателот / Назив на правното лице
  • Адреса на инсталација на услугата
  • ЕМБ на барателот/ ЕДБ на правното лице
  • Телефонски број за контакт

Ова барање заедно со Општите услови, ќе бидат составен дел од Договорот за засновање на претплатнички однос со Македонски Телеком- АД Скопје.

Доколку сте постоен корисник на услугите на Македонски Телеком и претходно редовно ги имате надмирувано финансиските обврски за досега обезбедените услуги, треба да ги поднесете следните документи:

За физички лица: За правни лица:
Документ за лична идентификација на увид Извод за тековната сосотојба издаден од Централниот регистар на РМ и не постар од 30 дена
  Потписен картон за жиро сметка на правното лице издаден од овластено лице во банката депонент

Доколку сте нов корисник или пак, постоен корисник кој во изминатиот период не ги надмирувал редовно своите финансиски обврски кон Македонски Телеком, треба да ги поднесете следните документи:

За физички лица: За правни лица: За правни лица со посебен статус (странско правно лице или меѓународна организација или мисија)
Документ за идентификација (лична карта или пасош со согласност за фотокопирање) Извод за тековната сосотојба издаден од Централниот регистар на РМ и не постар од 30 дена Банкарска гаранција во износ од 150.000,00 денари
М1/М2 образец (со согласност за фотокопирање), или Потврда за вработување не постара од 30 дена, или Пензиски чек, не постар од 3 месеци (еднаков или над 5000 ден.) или платена тековна сметка за една од услугите на Т-Групација (на увид) Потписен картон за жиро сметка на правното лице издаден од овластено лице во банката депонент  
  Извештај за солвентност издаден од банката депонент или извод од сметката за последниот месец  
  Една платена тековна сметка за една од услугите: телефон; парно; вода; струја.  
  Доказ за сопственост или владение на недвижноста каде ќе се инсталира претплатничката линија: Имотен лист или Поседовен лист/ Договор за купопродажба/ Договор за закуп или наем.  
Десктоп верзија