Роаминг водич

Активирајте го посакуваниот роаминг пакет

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА БЕЗГРИЖНО ПАТУВАЊЕ

Најдете ги сите потребни информации за активирање роаминг пакет за безгрижно да сурфате и разговарате, каде и да сте!

Важни чекори пред патување

Пред да патувате направете ги овие важни чекори
  • 1.

    Проверете дали имате активна роаминг услуга

  • 2.

    Проверете ги цените на СМС, разговорите на следниов линк, а вклучениот интернет во земјата во која ќе патувате преку Telekom MK App

  • 3.

    Исклучете ги ограничувањата за роаминг на вашиот смартфон:

Нагодувања за iPhone

Settings -> Mobile Services -> Mobile Data Options -> Data Roaming

Нагодувања за Android

Settings -> Mobile Network -> Mobile Data -> Data Roaming

Веќе сте во странство

Веќе сте во друга држава
  • Проверете ги цените на интернет, СМС и разговори во земјата во која сте, на следниов линк
  • Проверете на кој мобилен оператор сте најавени, и доколку истиот не е во листата на оператори со кои имаме соработка, најавете се на друг оператор
  • Проверете дали опциите за мобилни податоци и роаминг на вашиот смартфон се вклучени
  • Кој е приоритетот на трошење на роаминг пакетите?
  1. Роаминг интернет во Западен Балкан

  2. Интернет Балкан, Интернет Свет роаминг пакет

  3. Вклучен роаминг интернет во тарифата.
    Доколку е потрошена количината на интернетот во пакетот кој го користите, можете да активирате дополнително уште еден пакет.

Веќе сте дома

Кога ќе се вратите дома, не е потребно да правите дополнителни нагодувања во уредот. Услугата автоматски се гаси, со најава на мрежата на Македонски Телеком.

Ако живеете во гранична област, проверете на која мрежа сте најавени. За да избегнете несакани трошоци, одберете ја мрежата рачно и најавете се на мрежа на Македонски Телеком.

Би можело да ве интересира

  • Aко имате проблем со дојдовни или појдовни повици во роаминг, можно е да имате активни забрани за роаминг на самиот мобилен уред. Деактивирајте ги директно од смартфонот, во менито за нагодување.
  • Доколку забраните се системски, јавете се во контакт центарот, на 122. Пожелно е да го направите ова пред да патувате надвор од земјата.
  • Доколку сте во роаминг, цената за дојдовните повици е различна, во зависност од зоната во која се наоѓате, и може да ја проверите на следниов линк
  • Доколку воспоставите повик со корисник кој е веќе во роаминг, цената не се менува ако бирате број на Македонски Телеком. На корисникот кој е во роаминг ќе му се наплати цена за дојдовен повик.

ИНТЕРНЕТ БАЛКАН

Доколку патувате во Албанија, Бугарија, Грција, Косово, Турција, Хрватска, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина, Интернет Балкан роаминг пакетитe се вистинското решение за вас.

Повеќе
Roaming

ИНТЕРНЕТ СВЕТ

Одберете и активирајте пакет кој најмногу одговара на вашите потреби и уживајте во непречена интернет комуникација каде и да сте во светот.

Повеќе
Roaming

РОАМИНГ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН

Roam Like At Home“ (RLAH) се однесува на 6-те земји од Западен Балкан (WB6) и важи за сите оператори од WB6 земјите - Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора.

Повеќе
Десктоп верзија