5G Новости

14.05.2024

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

 Моќен процесор за извршување повеќе операции истовремено, оптимизирано гејминг и стриминг искуство

 Извонредни цена, перформанси и одржливост

 Остри слики на голем екран

Македонски Телеком ја носи на пазарот новата генерација 5G паметни телефони на Дојче Телеком: T Phone 2 и T Phone 2 Pro. Уште со првите верзии на T Phone идејата беше да се овозможат  5G телефони за сите со одлична цена и перформанси, што ќе биде основа на дигиталната инклузија ширум Европа. Секој треба да има можност со максимална брзина да се поврзе со сè она што му е важно во животот – во духот на нашиот слоган „Connecting Your World“. T Phone 2 моделите го одат токму овој пат.

Новите уреди нудат големи подобрувања и оптимизирано корисничко искуство, вклучувајќи моќен процесор, извонредна одржливост и пристапни цени. T Phone 2 и T Phone 2 Pro се втората генерација на модели коишто се развиени во партнерство со Google. 

Спој на одржливост и перформанси: T Phone 2 и T Phone 2 Pro поставуваат нови стандарди 

Новите уреди се доказ дека еко дизајнот и извонредната цена и перформанси не се исклучуваат меѓусебно. T Phone 2 и T Phone 2 Pro се издвојуваат во однос на одржливоста. Тие постигнаа одлични еко рејтинг резултати. Со оцена 88/100 за T Phone 2 и 84/100 за T Phone 2 Pro, двата уреди котираат високо во рангирањето. 

Двата модела се стекнаа и со ознаката „Green Magenta“ на Дојче Телеком, којашто се доделува на производи што придонесуваат во заштитата на животната средина и одговорното користење на ресурсите. 

Уредите се карактеризираат со натпросечна можност за рециклирање и доаѓаат во мали пакувања изработени од одржливи материјали што не содржат пластика. Оптимизираната употреба на полупроводници ги намалува емисиите на стакленички гасови во текот на производствениот процес. 

Во однос на корисниците, одржливото користење е потпомогнато од фактот што новите T Phone уреди добиваат месечни софтверски и безбедносни ажурирања од Телеком, како и ажурирања на системот на Google во период од три години. Во четвртата и петтата година, ажурирањата на софтверот ќе бидат достапни секое тримесечје. Двата модела ќе добијат по две надградби на оперативниот систем.

 

Силни перформанси за сечиј животен стил 

Срцето на новите модели на T Phone е процесорот Snapdragon® 6 од првата генерација − важен пробив во овој ценовен сегмент. Чипсетот овозможува висококвалитетно искуство − без разлика дали станува збор за видео повици, стриминг или мобилни игри.

6,6-инчниот FHD+ 120 Hz дисплеј (T Phone 2) или 6,8-инчниот FHD+ AMOLED 120 Hz дисплеј (T Phone 2 Pro) овозможува удобно користење – непречено и стабилно искуство благодарејќи на RAM меморијата од 6 GB (T Phone 2) и од 8 GB (T Phone 2 Pro). 

Тројната камера од 50 мегапиксели и предната камера од 8 мегапиксели (T Phone 2) / четирите камери од 50 мегапиксели и предната камера од 16 мегапиксели (T Phone 2 Pro) овозможуваат прецизно фотографирање. Камерата со висока резолуција на T Phone Pro 2 вклучува оптичка стабилизација на сликата. Тоа значи дека острината на сликите е можна дури и при силно движење.  

T Phone 2 нуди голем простор за складирање со 128 GB, додека кај T Phone 2 Pro тој е со 256 GB. 

Двата уреди се опремени со слот за двојна SIM-картичка, којшто поддржува нано SIM картичка и eSIM картичка, со тоа што можноста за eSIM картичка е уште еден чекор напред во овој ценовен опсег.

T Phone 2 е достапен во арктичка сива боја, а T Phone 2 Pro во азурна сина боја.

Истовремена промоција во повеќе европски земји и САД

Од 23 мај, T Phone 2 и T Phone 2 Pro ќе бидат достапни на десет европски пазари: Австрија, Хрватска, Чешка, Германија, Унгарија, Црна Гора, Македонија, Полска, Романија и Словачка. Истовремено, T-Mobile US ќе ги пласира на американскиот пазар овие нови уреди под брендот REVVL. 

Доминик Лерој, член на Управниот одбор за Европа во Дојче Телеком АД, изјави: „Без разлика дали нашите корисници уживаат во нивните омилени серии во движење, водат видео разговори со саканите или споделуваат фотографии од одмор, со нашите T Phone 2 и T Phone 2 Pro постојаната поврзаност е лесно достапна во секој момент. Возбудени сме што ќе им понудиме на нашите корисници уште поголема вредност, додека истовремено ѝ помагаме на животната средина и се осигуруваме дека сè повеќе луѓе во Европа имаат пристап до дигиталните услуги“. 

 

04.04.2024

Дејан Влаховиќ: 3G заминува во историјата, се фокусираме на новите технологии

Како што новите технологии доаѓаат така старите излегуваат од употреба и заминуваат во историјата. Ова е особено потенцирано во телекомуникациската индустрија, каде што нови стандарди се поставуваат практично на секои неколку месеци. Многу европски и светски телеком оператори ја напуштаат старата 3G технологија и отвораат простор за доминација на новите технологии. Македонски Телеком е првиот оператор кој ќе ја деактивира 3G, како што најавуваат до крајот на април, годинава. Најавата за поново, побрзо и подобро претставува примамлива визија за иднината, но и понатаму се поставува прашањето: Што ќе значи ова за обичниот корисник? На оваа тема разговаравме со Дејан Влаховиќ, Лидер за оптика и мрежи од следната генерација во Македонски Телеком.

За почеток, прво да објасниме... што значи поимот „деактивирање на 3G технологијата“? 

Во последните 30 години бевме сведоци на развојот на телекомуникациската индустрија и појавата на 4 генерации мобилни технологии. Денес сме сведоци на крајот на ерата на третата генерација (3G). Со деактивирање на 3G технологијата, корисниците повеќе нема да може да ја користат оваа технологија за податочни и говорни сервиси. Би сакал да напоменам дека во мрежата остануваат 4G и 5G технологиите преку кои во моментот, но и во иднина ќе се обезбедува супериорно корисничко искуство како во делот на податочни услуги (мобилен интернет) така и во делот на говорни услуги преку VoLTE сервисот. Секако за постарата генерација на телефони кои се 2G/3G тука е и 2G технологијата преку која и понатаму ќе можат да се обезбедуваат основните услуги како што е пренос на говор и текстуални пораки-СМС.

Која е причината? Зошто се донесе оваа одлука и какво влијание ќе има овој чекор? 

Со гасењето на 3G технологијата и пренамената на фреквентниот спектар за понапредни 4G/5G технологии, Македонски Телеком е во тек со светските индустриски трендови и одново ја потврдува технолошката лидерска позиционираност, со фокус на побрзи и понапредни мобилни технологии и услуги.

Истовремено, замената на старите технологии освен технолошки носи и еколошки поволности. Во споредба со 3G, 4G е за пет пати, а 5G за дури 15 пати енергетски поефикасна. Ова значи намалување на јаглеродниот отпечаток, што е дел од ESG агендата на Македонски Телеком.

Можете ли да ни дадете повеќе детали околу тоа како и кога ќе се одвива процесот?

Подготвителните активности за гасење на 3G технологијата се започнати уште во 2021 година. Активностите ќе се одвиваат постепено, по региони, за да се обезбеди транзиција без нарушување на корисничкото искуство. До крајот на април 2024 година, 3G ќе биде целосно надвор од употреба во мрежата на Македонски Телеком. 

Што ќе се случи со корисниците кои имаат постари уреди? Дали ќе биде потребно да го менуваат нивниот мобилен телефон?

Корисниците кои имаат 2G/3G уреди и немаат можност за користење на 4G/5G технологиите, можат и понатаму да продолжат да ги користат своите услуги преку 2G технологијата која овозможува користење говорни услуги и текстуални пораки – SMS, како и податочни услуги согласно можностите на технологијата. Корисниците кои сакаат супериорно искуство на податочните услуги (мобилен интернет) потребно е да го заменат својот уред со нов уред којшто ги поддржува 4G/5G технологиите. За корисниците кои веќе поседуваат уреди кои ја поддржуваат 5G технологијата би препорачал да ја активираат 5G услугата за да ги почувствуваат придобивките и новите можности како во делот на брзини така и во делот на латенција.

Каков ќе биде глобалниот ефект од оваа промена? Што ќе се промени во начинот на кој ги користиме мобилните телефони и вмрежените уреди?

Глобалниот ефект од оваа промена има два аспекта. Еколошки, во областа на заштита и зачувување на животната средина преку намалени CO2  емисии. Од друга страна, технолошки преку обезбедување услуги со поголеми брзини и помала латенција што ќе отвори и можност за воведување вештачка интелегенција (AI), развој и користење напредни апликации и услуги во реално време (виртуелна и проширена реалност) како и решенија за паметен град, кои денес се повеќе од неопходни.

Што да очекуваме во наредниот период од новите технологии?

Брзиот општествен развој проследен од секојдневни промени и новини претставува движечка сила за постојан развој на телекомуникацискиот сегмент. Поради ова во блиска иднина ќе можат да се очекуваат нови генерации на мобилни уреди и М2М со кои максимално ќе се искористи потенцијалот на мобилните мрежи како во поглед на брзини така и во поглед на латенција. Тука несомнено е големиот потенцијал кој 5G технологија го носи во делот на бизнис решенијата кои ќе стануваат секојдневие. На крај не смееме да ја заборавиме и 6G технологијата која е во фаза на тестирање и се очекува да најде примена по 2030 година.

 

Види останати новостиВиди ги сите новости

Што е 5G?

5G е нова генерација на мобилна технологија којашто носи револуција во светот на телекомуникациите и ја продолжува еволуцијата на безжичната мрежа!

Mobile image 5g view
5g-icon

5G ќе поттикне иновации и ќе го трансформира начинот на кој живееме, работиме и ја користиме модерната технологија.

Предности на 5G мрежата

Воведувањето на 5G мрежата, којашто може да достигне и 10 пати поголема брзина од досегашната 4G мрежа, ќе придонесе за подобрување на мрежната врска, но ќе создаде и досега невидени можности за луѓето и бизнисите.

Сето она што можеме да го направиме преку мобилните телефони, сега, со 5G мрежата, ќе можеме да го направиме уште побрзо и подобро. 5G ќе овозможи спојување голем број уреди и нивна сигурна комуникација со минимално доцнење, со што се отвораат огромен број можности за примена на оваа технологија.

100
100
100

Како до 5G

5G е тука! Сега и вие можете да ги искусите придобивките од супериорната 5G технологија на најдобрата мрежа, потврдено од корисниците.

Одберете тарифа според вашите потреби и бидете дел од возбудливиот свет на 5G.

Magenta 1 Business Professional
Business Professional / Executive / Premium

5G вклучен
во претплатата

Magenta 1 Business Standard /Business Standard

Aктивирајте 5G преку Telekom MK
апликацијата, без дополнителен надомест во промотивниот период.*

Важи за сите останати
стандардни тарифни модели

5G услуга
Дополнителен пакет
99 ден со ДДВ/месечно**

*Промоцијата трае ограничен временски период.
**Се активира со јавување на 120 или преку Вашиот продажен агент.

За да ја користите 5G мрежата на тарифите наведени погоре треба:

  • да се наоѓате во област со 5G покриеност
  • да имате 5G уред со соодветна надградба на софтверот која ја обезбедува производителот на уредот
  • мрежното подесување на уредот да е поставено на 5G

Уреди компатибилни со 5G мрежата на Телеком

Мрежата на иднината
е тука

Првата 5G
мрежа во
Македонија

Finished state 5G подготвени
In progress state Во реализација
Во план

5G временска рамка

5G можности

Можностите коишто ни ги нуди овој револуционерен отскок во технологијата, супер брзата конекција, драстично намалената латентност и зголемениот пропусен опсег, ќе придонесат за трајни општествени решенија, истовремено трансформирајќи ги сите индустрии.

Нови можности се отвораат во автономното возење, далечинскиот надзор и дијагностика на пациенти, автоматизацијата на производството, во посигурниот и поверодостоен видео надзор на јавните и земјоделските површини итн.

5G можности

Погледнете како 5G ќе ни го
олесни животот во:

Медицината

Индустријата

Музиката

Гејмингот

Грижа за животната средина

Технологијата e нашиот најважен сојузник во борбата против климатските промени. Новата 5G технологија којашто е основата на IoT и паметни решенија, ќе придонесе да се намали емисијата на штетни гасови и користењето на природните ресурси, а ќе влијае и на енергетската ефикасност во индустријата генерално. Со примена на технологии и решенија од најновата генерација директно се влијае на заштита на животната средина.

Опремата од најновата петта генерација - 5G, е во согласност со сите пропишани стандарди за безбедност на животната средина.

5G грижа за животната средина
5G smart city icon

Почитување на сите безбедносни стандарди

Користиме опрема од најнова генерација, во согласност со пропишаните безбедносни стандарди дефинирани со меѓународните и националните регулативи. Мерењата за влијанието на телекомуникациската опрема врз околината ги вршат релеватни институции. Mерењата за безбедноста од нејонизирачко зрачење спроведени од АЕК на нашата тестна мрежа, покажуваат дека вкупното зрачење е само 15% од максимално дозволената гранична вредност.

Официјалниот став на Светската здравствена организација
базиран на истражувањата собрани до денес на светско ниво е дека нема убедливи научни докази дека слабите сигнали од базните станици и безжичните мрежи предизвикуваат негативни влијанија врз здравјето.

Десктоп верзија