Македонски Телеком започнува со процес на исклучување на 3G технологијата како дел од стратегијата за модернизација на мрежата и подобрување на 4G и 5G искуството за сите корисници. Со замена на оваа технологија, 4G и 5G услугите ќе имаат поголем потенцијал, корисниците ќе имаат подобра поврзаност, поголеми брзини и подобар квалитет на услугата.
Активностите ќе се одвиваат по региони, во зависност од нивната локација, при што не се очекуваат прекини во комуникациските услуги.
Процесот на исклучување на 3G технологијата во сите региони е планирано да заврши до крајот на април 2024 година.
Услуги
Кои се придобивките од 4G/LTE или 5G?
4G/LTE или 5G се технологии коишто овозможуваат највисоки брзини на пристап на интернет. Тие обезбедуваат сигурно функционирање на апликациите на смартфонот, можност за гледање видеа или работа од далечина без прекини. 4G/LTE нуди стандард за гласовни повици VoLTE со што се обезбедуваат гласовни услуги со највисок квалитет (сите детали за VoLTE може да ги најдете овде).
Користам 3G мрежа - дали треба да се префрлам на 4G/LTE?
Препорачуваме да се префрлите на 4G, но доколку не го направите тоа, ќе користите 2G мрежа за гласовни повици и SMS. 2G не е соодветна за интернет услугите поради малата брзина.
Дали ми се достапни услугите 4G/LTE или 5G?
Услугата 4G/LTE е достапна бесплатно за сите корисници и се активира автоматски. Достапноста на услугата 5G зависи од тарифата којашто ја имате (сите детали за 5G можете да ги најдете овде).
Што ми е потребно за да користам 4G/LTE?
Технологијата 4G/LTE е достапна за сите, а за да ја користите оваа технологија потребно е:
смартфон или уред којшто поддржува 4G/LTE
соодветни поставки на смартфонот/уредот (проверете ги поставките во Поставки > Мобилни мрежи)
СИМ картичката да не биде постара од 14 години.
Дали имам 4G/LTE?
Ако на екранот на вашиот смартфон е прикажано 4G, LTE или 5G кога сте поврзани на мобилна мрежа (не на WiFi), тогаш ја имате најновата технологија и нема потреба да менувате ништо. Понекогаш може да се случи да се прикаже 2G/3G мрежа поради недостатокот на 4G/LTE покриеност на дадено место, па затоа треба да проверите на други локации.
Ако на екранот на вашиот смартфон не се појавува 4G, LTE или 5G, проверете ги поставките поврзани со користењето на мобилната мрежа.
Ако сè уште ви е потребна помош, контактирајте ги агентите во нашиот Контакт центар.
Дали имам пристап до VoLTE?
VoLTE е најдобриот стандард за гласовни повици. За да користите VoLTE, треба постојано да го ажурирате смартфонот/уредот со најновата достапна верзија на софтвер и да ја активирате услугата VoLTE. Сите информации поврзани со VoLTE и уредите коишто поддржуваат VoLTE може да ги најдете овде).
Телефони/Уреди
Дали мојот смартфон со само 2G/3G ќе престане да работи?
3G смартфоните поддржуваат 2G технологија и можете да ги користите за повици и SMS пораки. За користење интернет, ќе ви треба смартфон којшто поддржува понови технологии, детали за моделите достапни во нашето портфолио можете да најдете овде).
Дали мојот смартфон поддржува VoLTE
Сите смартфони коишто ги нуди Македонски Телеком во последните 24 месеци поддржуваат VoLTE технологија. Проверете дали вашиот смартфон е на списокот на смартфони што поддржуваат VoLTE.
Дали мојот смартфон може да користи 4G/LTE или 5G мрежа?
За повеќе информации за поддржаните технологии на вашиот смартфон, проверете го упатството или интернет страницата на производителот на смартфонот.
За да можете да ги користите најновите технологии и да ги искористите повеќето можности на вашиот смартфон, користете ја најновата достапна софтверска верзија на вашиот смартфон.
Имам широкопојасен 3G модем - дали ќе престане да работи?
Проверете уредот да не е поставен на режимот „само 3G“. Нагодете ја поставката за избор на технологија на „автоматски“ (auto) или „двоен фреквентен опсег“ (dual band).
2G технологијата на која ќе се префрли модемот не овозможува користење интернет со задоволителна брзина. Препорачуваме да го замените.
СИМ картичка
Дали мојата СИМ картичка е соодветна за 4G/LTE/5G?
Корисници кои имаат СИМ картички постари од 14 години или кои биле информирани дека мора да ја заменат СИМ картичката, за да имаат пристап до понови технологии, треба да ја направат замената пред исклучувањето на 3G мрежите. Овие корисници треба да појдат во некоја од Телеком продавниците, да ја заменат СИМ картичката, без надомест, при што ќе добијат и дополнителни 5 GB мобилен интернет.
M2M услуги
Корисниците на Machine 2 Machine (M2M) нема да го забележат исклучувањето на 3G
Оневозможувањето на 3G технологијата не предизвикува забележителни разлики кај корисниците на M2M СИМ картичките.
M2M терминалите ќе продолжат да работат на 2G технологија или LTE, во зависност од можностите, на начин којшто нема да предизвика нарушување во нивната работа.
Корисниците имаат добиено насоки за правилните поставки на уредите.
Ако, и покрај ова, настанат какви било проблеми со уредите, контактирајте го вашиот назначен Менаџер за клучни корисници.