Менаџерски тим

Горан Марковиќ

Главен извршен директор

Горан Марковиќ е Главен извршен директор на Македонски Телеком. Тој е менаџер со богато меѓународно искуство, коешто опфаќа повеќе од 20 години на лидерски позиции во телекомуникациската индустрија, претежно стекнато на различни меѓународни пазари.

Во текот на својата кариера, Горан бил на високи позиции во две од водечките мултинационални компании во индустријата – Групацијата Дојче Телеком и Групацијата Теленор.

Неговата кариера вклучува низа улоги, од раководење со национални деловни единици до стратешки функции на ниво на групација и членство во одбори, што му дава широка перспектива во однос на оперативните, комерцијалните и корпоративните димензии. Тој успешно управувал со програми од клучно значење и иницијативи за трансформација од голем обем, постигнувајќи мерливи резултати.

Со богато искуство во комерцијалните области, вклучувајќи маркетинг, комуникации и бренд, како и продажба, тој внесува темелна експертиза во водењето на деловната трансформација, подобрувањето на резултатите и одржливиот раст.

Се приклучува кон Македонски Телеком од T-Mobile Полска, каде што од 2020 година бил на позицијата Главен комерцијален директор и Член на Одборот на директори. Горан се стекнал со диплома по применети компјутерски науки и диплома по менаџмент и бизнис администрација и има завршено неколку врвни меѓународни програми за лидерство.

Прочитај повеќе
Nikola Ljusev
Slavko Projkovski

Славко Пројкоски

Главен директор за финансии

Г-дин Пројкоски ја започна својата кариера во Македонски Телеком во 1995 година, каде бил назначуван на повеќе менаџерски позиции, главно во областа на финансиите, меѓу кои Извршен директор на Областа за контрола и Раководен директор за финансии. Токму поради резултатите постигнати во рамките на неговото работење, тој во 2007 година беше назначен на позицијата Главен директор за финансии на Македонски Телеком. Тој од 25 февруари 2010 година ја извршувал функцијата Главен директор за финансии на Македонски Телеком и T-Mobile Mакедонија, а од 8 април 2013 и функцијата Главен оперативен директор на Т-Мобиле Македонија. Пројкоски е дипломиран електроинженер и има големо искуство во телекомуникациската индустрија.

Прочитај повеќе

Емилија Андоновска

Главен комерцијален директор за приватни корисници

Емилија Андоновска е Главен комерцијален директор за приватни корисници, од 1 јули 2023 година.
Taa е докажан професионалец со повеќе од 20-годишно искуство во Македонски Телеком. Работела на повеќе различни раководни позиции во комерцијалниот и финансискиот сегмент.

Кариерата ја започнува во областа Контролинг и анализа, потоа во областа на финансии прво како Директор за кориснички финансии, а подоцна и Директор за корпоративни финансии на групацијата. Продолжува да го гради искуството во корисничките области, каде раководеше со Секторот за технички и продажни услуги, која е новоформирана и воедно, најголема единица во компанијата.

Емилија Андоновска е дипломиран економист и магистер во областа генерален менаџмент.

Прочитај повеќе
Emilija Andonovska
Maja Milosavlevska Naumovska

Маја Милосавлевска Наумовска

Главен директор за техника и ИТ

Маја Милосавлевска Наумовска е Главен директор за техника и ИТ во Македонски Телеком, од 1 август 2022 година.
Маја е дипломиран инженер по компјутерски науки и информатичка технологија, докажан професионалец со 22-годишно искуство во телекомуникациската индустрија во областа на техника и ИТ. Нејзината сеопфатна експертиза и искуство вклучува планирање и развој на мрежи, трансформација и интеграција на системи, ИТ и мрежни операции, имплементација на мобилни и фиксни радио пристапни мрежи, развој на решенија за дата центри и слично.

Прочитај повеќе

Марјан Богатиновски

Главен комерцијален директор за деловни корисници

Марјан Богатиновски е Главен комерцијален директор за деловни корисници од 1 мај 2023 година. Тој е искусен професионалец во областа на управување со производи и деловен развој со тридецениско искуство во телекомуникациите, системската интеграција и деловниот софтвер.

Кариерата ја започнал како асистент по телекомуникации на Електротехничкиот факултет на УКИМ, а продолжил да ја гради во неколку реномирани глобални компании, како холандските KPN Research и TNO Telecom и полската Asseco SEE, на различни одговорни позиции поврзани со иновации, бизнис консултантство и менаџирање сектори за нови производи. Исто така, има работено во Македонски Телеком, во сегментот на деловни корисници, одговорен за развивање VoIP за големи корисници, софтверски решенија за продажба, производи од системска интеграција и водење тим за продажба на клучни корисници.

На позицијата доаѓа од местото Извршен директор за управување со производи и деловен развој на Datamajoris, регионална компанија со сопствен развој на целосни IoT решенија за деловни корисници.

Богатиновски е дипломиран електроинженер на УКИМ каде што, исто така, се стекнал со магистерска диплома на насоката Телекомуникации.

Прочитај повеќе
Marjan Bogatinovski

Ви требаат ли повеќе информации?

Берзански информации

ISO СЕРТИФИКАТИ

ГОДИШНИ ИЗВЕШТАИ

Десктоп верзија