Славко Пројкоски

Главен директор за финансии

Славко Пројкоски е Главен директор за финансии на Македонски Телеком.

Г-дин Пројкоски ја започна својата кариера во Македонски Телеком во 1995 година, каде бил назначуван на повеќе менаџерски позиции, главно во областа на финансиите, меѓу кои Извршен директор на Областа за контрола и Раководен директор за финансии. Токму поради резултатите постигнати во рамките на неговото работење, тој во 2007 година беше назначен на позицијата Главен директор за финансии на Македонски Телеком. Тој од 25 февруари 2010 година ја извршувал функцијата Главен директор за финансии на Македонски Телеком и T-Mobile Mакедонија, а од 8 април 2013 и функцијата Главен оперативен директор на Т-Мобиле Македонија.

Пројкоски е дипломиран електроинженер и има големо искуство во телекомуникациската индустрија.

Ви требаат ли повеќе информации?

Десктоп верзија