Индекс на
дигиталната зрелост

Откријте го степенот на дигитализација на вашата компанија

ЗА ИНДЕКСОТ
И ИСТРАЖУВАЊЕТО

Индексот на дигиталната зрелост покажува до кој степен е дигитализирана една компанија според нејзините навики и спремност за користење дигитални алатки и услуги.

Денес, токму дигитализацијата е клучна за успешен раст, напредок на бизнисот и достигнување на амбициите на компаниите, зашто овозможува брзо прилагодување на нови ситуации со воведување онлајн решенија.

Со цел да се добие увид во дигиталната подготвеност на компаниите во земјава, да се разберат навиките и потребите за користење на дигитални услуги и алатки, како и да се проценат ефектите од пандемијата на COVID-19 врз користењето на дигитални услуги, во соработка со ИПСОС, спроведовме опсежно истражување за степенот на дигитална зрелост на компаниите во Македонија според т.н. Дигитален индекс.

Искуството од истражувањето ни помогна да подготвивме калкулатор за одредување на дигиталниот индекс, којшто е показател на степенот на дигитализираност на вашата компанијата, слабите страни и полињата за унапредување.

ДИГИТАЛНИОТ ИНДЕКС СЕ МЕРИ СПОРЕД
10 ДИГИТАЛНИ ОБЛАСТИ ГРУПИРАНИ ВО 4 КАТЕГОРИИ

Комуникација на дигитални канали

ПРИСУТНОСТ И КОМУНИКАЦИЈА НА ДИГИТАЛНИ КАНАЛИ

Трансакции и промоции

ДИГИТАЛНИ ТРАНСАКЦИИ И ПРОМОЦИИ

Инфраструктура и софтвер

ДИГИТАЛНА ИНФРАСТРУКТУРА И СОФТВЕР

Систем за управување со ресурси

СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РЕСУРСИ

ВИД НА КОМПАНИИ СПОРЕД ВРЕДНОСТА
НА ИНДЕКСОТ

Добиените одговори за секоја категорија и област ја класифицираат компанијата во еден од 3-те сегменти коишто се показатели на моменталната дигитална зрелост.

Дигитален почетник

Дигитален почетник

Компанија со ниска дигитална зрелост, којашто е малку присутна во дигиталниот свет и има низок степен на употреба на дигитални алатки во секојдневното работење

Дигитален следбеник

Дигитален следбеник

Компанија со средна дигитална зрелост, којашто е во чекор со трендовите на дигиталниот свет, користи одреден број дигитални услуги и е подготвена за воведување на нови дигитални услуги за да го подобри своето работење

Дигитален предводник

Дигитален предводник

Kомпанија со висока дигитална зрелост, којашто користи комбинација од повеќе дигитални канали и има високо ниво на употреба на дигитални алатки и решенија во секојдневното работење, ги следи новитетите и препознава можности за унапредување на работните процеси

ДОЗНАЈТЕ ВО КОЈА ДИГИТАЛНА КАТЕГОРИЈА
ПРИПАЃА ВАШАТА КОМПАНИЈА ВО МОМЕНТОВ!

ДИГИТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

По стручното толкување на резултатите, нашите експерти ќе ви дадат конкретни препораки за тоа кои дигитални алатки и услуги ви се потребни за да ги унапредите деловните процеси и бизнисот воопшто.

ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА СО ТЕЛЕКОМ Е ЛЕСНА!

Искуства од корисници

Споделуваме дел од искуствата на корисниците кои со нас успешно ја спроведуваат дигитализацијата.

Вебинари

Погледнете ги вебинарите за дигитални услуги – ДИГИТАЛИЗАЦИЈА, СЕГА!