Револуција во современата
комуникација
еСИМ - нова технологија
за новиот свет

Новата еСИМ-технологија претставува нов начин на поврзување на мобилните уреди со мобилната мрежа. Ова напредно решение користи вграден електронски чип (еСИМ) во самиот смартфон или друг мобилен уред кој ја заменува стандардната СИМ-картичка. еСИМ ја има истата функција како стандардната СИМ-картичка, разликата е во начинот на активирање. Потребно е само да имате уред што ја поддржува еСИМ-технологијата на кој ќе активирате еСИМ-профил на мобилната мрежа на Телеком. Активирањето се прави преку интернет - брзо, лесно и комплетно безбедно.

еСИМ е напредно решение, кое нуди
повеќе предности.

devices

Компатибилно со сите уреди

Наместо користење различни величини СИМ-картички (мини, микро, нано) за различни уреди, еСИМ е единствена за секој уред што ја поддржува оваа технологија.

activate

Едноставно активирање

еСИМ се активира едноставно, со скенирање QR код. И тоа е сѐ. Вашиот еСИМ-профил се креира автоматски преку интернет.

esim
watch

Нов вид на комуникација

Со еСИМ вие сте подобро поврзани со смарт часовници, велосипеди и други IoT уреди, кои не мора да имаат отвор за картичка и работат независно од смартфонот.

eco

Еко решение

еСИМ значи дека нема физичка картичка, пластични пакувања, пликови итн. Покрај тоа што е ефикасна, оваа технологија придонесува за зачувување на животната средина.

Како до еСИМ-профил во неколку едноставни чекори

еСИМ е достапнa за сите нови и постојни постпејд-корисници на мобилната мрежа на Телеком. Единствен услов за активирање еСИМ е да имате уред што поддржува еСИМ-технологијa.

Доколку имате ваков уред и сакате да ги уживате придобивките од еСИМ-технологијaта, во нашите продавници побарајте:

  • Активирање нова постпејд-линија со еСИМ или
  • Промена на СИМ-картичката со еСИМ

По комплетирање на вашето барање, на е-адресата наведена од ваша страна ќе добиете инструкции и QR код потребен за активирање на вашиот кориснички профил

За активирање на профилот:

Проверете дали вашиот телефон користи најнова верзија на оперативен систем и ако е потребно направете надградба со најновата верзија

Мобилниот телефон најавете го на која било достапна безжична мрежа. Постапката на преземање на еСИМ-профилот е енкриптирана и заштитена со безбедносни сертификати, така што активирањето без никаква грижа може да се направи и преку јавна безжична мрежа.

Скенирајте го QR код за активирање што го добивте од Македонски Tелеком и вашиот профил автоматски ќе се инсталира на уредот и ќе се најави на мобилната мрежа на Телеком.

Изберете уред

Моментално достапни уреди кои поддржуваат еСИМ технологија

iphone 12 mini

Iphone 12 mini 64GB BLACK

iphone 12

Iphone 12 64GB blue

iphone 12 pro

Iphone 12 pro 256GB PACIFIC BLUE

S20-fe

S20 FE Cloud Navy

note20-ultra

GALAXY NOTE S20 ULTRA

S21+

S21+ Phantom Silver

Прашања и одговори

eSIM е дигитална SIM картичка која како софтвер се интегрира во Вашиот уред (паметен телефон или часовник). Со eSIM нема повеќе отворање на телефонот, нема прашања дали каричката е мини, микро, нано... eSIM е еден и единствен за сите уреди.
Побарајте го Вашиот eSIM профил во нашите продажни салони.

Да. Користењето на eSIM овозможува највисоко ниво на сигурност. Постапката на преземање на eSIM профилот е енкриптирана и заштитена со безбедносни сертификати, така што активацијата без никаква грижа може да се направи преку јавна WiFi мрежа.

Не. Сите мобилни услуги функционираат на ист начин како и со користење на класична картичка.

Активацискиот код за eSIM е QR кодот што го добивате од нас кога активирате нова линија со eSIM или кога правите промена на класичната картичка со eSIM. Активацискиот код Ви е потребен за да го активирате eSIM на Вашиот уред.

Не, активацискиот код се користи само еднаш. Кога ќе го скенирате и инсталирате на Вашиот уред, никој друг не може да го употреби. Ако сакате да ја користите Вашата картичка на друг уред потребно е да побарате нов код за активирање.

Да, eSIM има потполно исти карактеристики како и класичната SIM картичка со таа разлика што има и Активациски QR код и EID идентификациски број на уредот.
Интерната меморија на eSIM овозможува чување на контактите како и класичниот SIM. Со бришење на eSIM профилот од уредот се бришат и сите податоци зачувани на него.

Се разбира, повелете во нашите продажни салони ако Вашиот уред поддржува eSIM технологија. Сите Ваши услуги остануваат непроменети. Не заборавајте пред да направите промена да направите копија од сите Ваши контакти, за покасно кога ќе го активирате eSIM профилот да си ги вратите.

еSIM е достапен со сите Постпејд тарифи од актуелното портфолио.

Најпрво избришете го eSIM профилот од стариот уред. Побарајте нов QR код за истиот број и активирајте го на новиот уред.

Ако го изгубите телефонот , веднаш пријавете во нашиот центар за корисничка поддршка за да го деактивираме сервисот и да спречиме злоупотреба. Потоа на нов уред може да активирате нов eSIM профил со стариот број.
Доколку се работи за оштетен уред кој треба да се носи на сервис, профилот се брише од уредот пред да се сервисира, а новиот профил се активира потоа исто како и при првата активација.

Во овој случај ви е потребен нов профил.
После активацијата на профилот на уредот, ќе можете да продолжите сом користење на мобилните услуги. Се разбира со новиот профил го задржувате постојниот телефонски број.

Да. На еден уред можат да се користат повеќе eSIM профили, но активен во еден момент може да биде само еден профил.

Користењето на eSIM не влијае на потрошувачката на интернет.

Да, eSIM ги поддржува сите мрежи.

Да, eSIM може да се користи во роаминг, на ист начин како и стандардната картичка.

Да, доколку вашиот уред поддржува eSIM стандард. Препорачуваме користење на eSIM уредите од понудата на Телеком, бидејќи нашите уреди се детално тестирани.

Задолжително избришете го Вашиот профил претходно. Побарајте нов QR код за активација на друг уред.

Се разбира. За да ја направите промената обратете се во било кој продажен салон на Македонски Телеком.