FlatNET Pro
Што добивате со FlatNET Pro?
FlatNET Pro е услуга наменетa за деловни корисници кои имаат потреба од неограничен пристап кон Интернет, со симетричен проток, загарантирана брзина и статичка IP адреса.
FlatNET Pro овозможува 24-часовен пристап на Интернет од повеќе компјутери со статички јавни IP адреси, чијшто број зависи од потребите на корисникот и брзината на пристапот.
Со FlatNET Pro се стекнува можност Вашите сервери (Web ,Mail, Application, Collaboration) да бидат максимално достапни и сигурни на Интернет и да овозможат пристап и онлајн услуги на голем број корисници.
Услугата вклучува:
- Kорисничка опрема од бизнис класа од врвни производители: Cisco, Alcatel, Actelis;
- Симетричен пристап со брзини до 100 Мbit/s;
- Неограничен сообраќај во upload/download;
- 24-часовна регуларна поддршка;
- Дополнителна безбедносна поддршка на барање на корисникот;
- Највисоко ниво на сервисно опслужување (SLA);
- Пакет од e-адреси;
- Пакет од статички IP адреси;
- WEB хостинг простор 10 GB;
- Пристап на MRTG апликација за анализа на сообраќајот.