MetroNET

MetroNET (Metropolitan Area Network) е услуга која овозможува голем број деловни објекти, канцеларии или филијали на една компанија или институција, кои се наоѓаат на територијата на едно или повеќе населени места, лесно и едноставно да се поврзат во единствена мрежа.

Мрежните решенија се базирани на Metro Ethernet технологија и оптичко поврзување за постигнување големи капацитети и брзини, и тоа на поголеми растојанија, доволни да покријат површина на цел град. Овозможуваат поврзување на локации оддалечени до десетина километри и нивно непречено функционирање во иста мрежа. Metro Ethernet е најраспространета LAN технологија чија основна предност е едноставноста, без потреба од комплексна опрема и сложени решенија.

MetroNET услугата овозможува поголема:

  • Економичност - намалени трошоци за развој на мрежата
  • Безбедност - на ниво на дигитална изнајмена линија
  • Брзина - проток на податоци со гигабитни брзини
  • Едноставност - користење на истата опрема и знаење кои ги користите во вашите LAN мрежи
  • Флексибилност - MetroNET базираните решенија на Македонски Телеком имаат инфраструктурни можности за поврзување на повеќе локации со различни брзини, со што во целост можат да ги следат вашите барања и потреби
  • Доверливост - преку гарантираните брзини и достапност.

Решенијата на Македонски Телеком се целосно приспособливи на корисничките барања во поглед на брзината, и тоа од 10 Mbps до 1 Gbps. Веќе имплементираната брзина на системот може да се зголемува во согласност со потребите, без дополнително инвестирање во нова опрема или надградба на постојната.

Добиеното MetroNET решение претставува една мрежа, една технологија, и еден систем кој IT персоналот во компанијата веќе го познава. Лесно може да се имплементира и надградува, како и ефикасно да се управува.

Останатите можности што ги нуди MetroNET услугата се:

  • Поврзување на центрите за складирање податоци, Metro Storage, со минимизирано доцнење - незаменливи можности за синхронизирано складирање податоци, со едноставност, перформанси и обем на трошоци, кои не може да ги понуди ниту еден друг постоен систем
  • Поврзување LAN-to-LAN
  • Гаранција на брзината (CIR) - со основната мрежна инфраструктура преку која се одвива MetroNET услугата се овозможува следење на пристапната брзина на секој поединечен клиент  и се нуди гарантирана брзина на пренос на податоците
  • Флексибилност во поглед на надградливост на брзината
  • Можност за видео конференции.
pageArea reserved, leave empty!!!