За поедноставно и подобро работење
Pantheon Web Light (PWL) деловната програма ви овозможува пристап до деловните податоци во секој момент и работа со нив од која било локација. Со него ќе издавате фактури брзо и лесно, ќе имате можност за автоматско намалување на вредноста и количината на залиха и брз приказ на издадените фактури, едноставно ќе ги архивирате влезните фактури со сликање со телефон и ќе обезбедите пристап за сметководителот или одговорното лице за верифицирање. Со него исто така имате можност за онлајн креирање патни налози и брзо пребарување, складишно работење со преглед на залихите и нарачки, едноставно планирање и евиденција на работно време, одмори, боледувања и уште многу други поволности.