ProNET – Виртуелна приватна мрежа
ProNET е услуга со која на корисникот му се обезбедува безбедно поврзување на географски оддалечени компаниски локации и лесно и ефикасно развивање на национална приватна компаниска мрежа. Со користење на услугата ги добивате следниве придобивки:
- Едноставно управување и користење на компаниската мрежа
- Поврзување на пристапните места од типот „секој со секој"
- Сигурност и заштита на мрежата
- Приватност и интегритет преку користење на софтицирани технологии за безбедно тунелирање
- Голема скалабилност и флексибилност
Решенијата базирани на ProNET услугата можат да се приспособат на специфичните потреби на различни групи на корисници, и вклучуваат:
- Дизајн, инсталација и конфигурација на мрежа
- Избор на корисничка опрема
- Најдобра мрежна опрема од водечки производители
- Можност за управување од страна на корисникот или од Македонски Телеком
- Корисничка поддршка на бесплатниот телефонски број 0800 10 800
Благодарение на едноставната пристапна технологија, нашите решенијата базирани на ProNET услугата се со атрактивна цена и високи перформанси кога е во прашање сигурноста на податоците и расположливоста на услугата. Во нашето портфолио нудиме различни можности за имплементација на ProNET услугата, а цените се формираат соогласно посакуваната брзина на пренос на податоци и бројот на мрежни уреди. Понудениот однос цена/квалитет секогаш е во согласност со корисничките потреби.
Проширувањето на бројот на пристапните места е лесно, a управувањето е едноставно, без дополнителни ресурси и со значителна заштеда на време.