Меѓународни дигитални водови

Македонски Телеком ви обезбедува сигурен, доверлив и брз пренос на податоци.

Меѓународните дигитални водови се одговор на најспецифичните кориснички барања и потребата од постојана врска со која било земја во светот.

Меѓународниот дигитален вод поврзува две точки од крај до крај на интернационално ниво. Kорисникот има ексклузивитет врз доделените интернационални ресурси што претставуваат идеално решение за сите компании и институции кои имаат одделни сектори (претставништва) или партнери во друга држава, а притоа комуникацијата и преносот на податоци меѓу нив треба да се одвива сигурно и непречено.

Освен што меѓународните закупени водови нудат целосна сигурност при воспоставувањето  комуникација, нивна особена карактеристика е високиот квалитет на пренос, како и флексибилноста во протокот на информациите од 64 Kbit/s до n x 2 Mbit/s.

Цената на овие водови е во зависност од брзина, а како дополнителен фактор се зема и оддалеченоста на земјата со која се врши конекцијата, т.е. тарифната зона во која таа се наоѓа.

pageArea reserved, leave empty!!!