Магазин бр.2

Кон архивата Погледнете ги минатите броеви

Февруари, 2024
Број 2

Во ова издание

ќе ви претставиме уште неколку напредни деловни алатки што ќе го усовршат вашето работење.

Ќе дознаете зошто дигиталното присуство на вашата компанија е пресудно во современиот деловен свет и на кој начин можете да го оптимизирате истото. Ова исто така важи и за хибридните настани коишто може да ги организира вашиот бизнис за да заштеди време и ресурси, како и за да допре до повеќе учесници на настанот.

Начинот на кој комуницира вашата компанија е имиџот којшто го претставувате пред вашите корисници и потенцијални нови клиенти. Затоа ве советуваме за дигиталното известување коешто се трансформираше во моќна алатка за бизнисите што овозможува динамична и мултимедијална комуникација преку дигитален сликовен весник. Секако, брзата интернет врска е неизоставен дел од двонасочната комуникација со глобалниот дигитален свет.

Откријте повеќе и за проектите во областа на е-здравството во Грција коишто целосно го менуваат начинот на работа, благодарејќи на поврзувањето на технологијата со медицинската експертиза со цел да се унапреди здравствениот систем, при што тој ќе стане висококвалитетен и достапен за сите.

Ве информираме и за безбедносниот оперативен центар – SOC за заштита од сајбер заканите што земаат замав во последниве години.

Успешната трансформација на вашиот бизнис продолжува со Т Бизнис магазинот којшто ве информира за најсовремените дигитални алатки и техники на работење.

T Business logo
Импресум
Десктоп верзија