Бесплатен телефон - Зелен број 0800

Опис

Услугата ќе ви овозможи да им покажете на вашите корисници дека се грижите за нив, така што ќе им понудите бесплатни информации за вашата компанија и вашите понуди, преку телефон.

Бесплатниот телефон (на пример: 0800 12345) е телефонски број кој овозможува повиканиот (вашата компанија) да плати за повикот, а не повикувачот.

Достапноста на услугата од мобилните мрежи зависи од операторот на мобилната мрежа. За склучување на договор за користење на 0800 телефонска линија, потребно е:

  • Доставување на барање за 0800 линија до Македонски Телеком АД
  • Телефонскиот приклучок/приклучоци да се водат на деловниот субјект кој го поднесува барањето
  • Решение за доделен негеографски број од серијата 08 кое го издава Агенцијата за електронски комуникации

Цени

  Цени во денари без ДДВ Цени во денари со ДДВ
Еднократен надомест за инсталација 2.500,00 2.950,00
Зелен број месечен надомест 1.450,00 1.711,00
Тарифирање на разговори (корисникот А го повикува Б (Б е компанијата што го има 08xx бројот во Телеком мрежа)
Кога корисникот А е од Телеком фиксната мрежа
на А се наплаќа номинално по минута 0,00 0,00
на Б се наплаќа номинално по минута тарифа согласно разговорот А-Б
+ 0,36 ден./минута
тарифа согласно разговорот А-Б
+ 0,42 ден./минута
Кога корисникот А е од мобилна мрежа
на А се наплаќа номинално по минута 0,00 0,00
на Б се наплаќа номинално по минута 8,99 10,61
Кога корисникот А е од друга фиксна мрежа
на А се наплаќа номинално по минута 0,00 0,00
на Б се наплаќа номинално по минута (нормална тарифа) 2,36 2,78
на Б се наплаќа номинално по минута (евтина тарифа) 1,26 1,49
pageArea reserved, leave empty!!!