Никола Бојковски

Бизнис аналитичар

Од желба до реалност, мојата кариера го доби посакуваниот тек.

Македонски телеком уште во моите студентски денови го посакував како мој иден работадавач. Затоа ја искористив можноста за пракса во Македонски телеком, објавена на мојот факултет и се пријавив да бидам дел од Дигиталниот инкубатор во Телеком. Влегов во тим на исклучителни професионалци и луѓе кои освен што го даваа својот максимум, постојано се грижеа и за сите нас да го стекнеме потребното знаење, да работиме заедно со нив и да се чуствуваме како дел од тимот уште од првиот ден. Технологиите со кои се сретнав и процесите на кои што работев ми дадоа непорцеливо искуство. Имав можност самостојно да иницирам проекти и мојата иновативност се ценеше. Можности за учење има премногу, од платформи, до интернационално искуство до работа со вистински професионалци.

До крајот на моите студии, научив многу и добивав признание за мојата работа. Потоа добив понуда за вработување и сега гордо можам да кажам дека сум вработен во Македонски телеком, на позиција Бизнис аналитичар и ги користам сите бенефиции што ги нуди Телеком, а тоа се навистина многу.

И понатаму се гледам како дел од овој тим, сакам да напредувам и тука да го дадам својот максимум, бидејќи Македонски Телеком е вистинското место за сите млади, иновативни ентузијасти кои сакаат професионален развој на својата кариера.

Nikola Bojkovski
Десктоп верзија