Порака од менаџментот


Програмата за корпоративна усогласеност важи за сите тела, организации, директори, главни директори и вработени во Македонски Телеком АД - Скопје, како и за консултанти, агенти, претставниците и сите други лица или органи коишто вршат работа во име на која било компанија во рамките на Друштвото. Исто така, ние очекуваме од нашите деловни партнери, добавувачи и корисници да помогнат во нашите напори постапувајќи на сличен етички начин. Како такви, одредени аспекти од Програмата за корпоративна усогласеност на Македонски Телеком не се однесуваат само на вработените на Македонски Телеком, туку и на трети лица со коишто работиме.

Програмата за корпоративна усогласеност на Македонски Телеком е изготвена на таков начин што осигурува дека Друштвото го води своето деловно работење во согласност со највисоките стандарди на свесност, обука, посветеност и почитување на применливите закони и регулативи. За таа цел, потребна е имплементација на сите политики и процедури кои се однесуваат на потенцијално ризични области во поглед на усогласеноста, заедно со идентификувачки механизми за известување, истражување, следење и коригирање на случаи за кои постои сомневање или фактичко вршење на неусогласеност. Потребно е сите вработени и други засегнати страни да ги извршуваат своите активности не само буквално според упатствата туку и во духот на овие упатства.

Од клучно значење е секој од нас да ја признае и прифати личната одговорност за сите наши индивидуални постапки во согласност со етичките стандарди на Друштвото. Како помош и насока ги имаме политиките придружени со сеопфатна и тековна програма за обука.  
Само преку нашите секојдневни активности и однесувања во согласност со овие највисоки етички стандарди можеме да го одржиме нашиот успех. Ние ќе ги исполниме нашите деловни цели, притоа одржувајќи го нашиот интегритет и подобрувајќи ја нашата репутација како етички лидер во телекомуникациската индустрија.

Андреас Елснер
Главен извршен директор

Жарко Луковски
Главен оперативен директор

Елементи на Системот за управување со усогласеност

Менаџментот и Одборот на директори на Македонски Телеком се едногласни во нивната заложба Македонски Телеком АД – Скопје да ги врши сите свои деловни активности во согласност со највисоките правни и етички стандарди. Во прилог на оваа заложба подготвена е Програмата за корпоративна усогласеност на Македонски Телеком со цел да се креира интерна култура во која „Почитта и интегритетот“ се едни од најважните вредности и таа се состои од следниве елементи.

Елементите од Програмата за усогласеност постојано се приспособуваат на промените во деловниот сектор, локацијата на работењето, деловните околности, културата и ризиците и меѓународните најдобри практики.

Програмата за усогласеност се рефлектира во Кодексот на однесување кој е интерно прифатен од сите вработени и од сите добавувачи преку веб страницата на Набавки на Македонски Телеком.

Директорот за усогласеност е одговорен за функционирање и следење на Програмата за усогласеност.

Мерки за спречување на корумпирано однесување

Македонски Телеком не толерира планирање или вршење на корупција и затоа подготвени се неколку интерни политики и процедури за забрана и спречување на поткуп (вклучувајќи и олеснувачки плаќања).

Македонски Телеком има намера да ги почитува правилата за спречување на корупција кои се релевантни за Друштвото и очекува од своите деловни партнери да не користат пари или друг надомест исплатен од Македонски Телеком за незаконски цели, вклучувајќи ги и целите со коишто ги прекршуваат законите за спречување на корупција, како што се вршење или предизвикување на вршење на директни или индиректни плаќањаМакедонски Телеком не толерира планирање или вршење корупција и затоа подготвени се неколку интерни политики и процедури за забрана и спречување на поткуп (вклучувајќи и олеснувачки плаќања).  

Македонски Телеком има намера да ги почитува правилата за спречување корупција кои се релевантни за Друштвото и очекува од своите деловни партнери да не користат пари или друг надомест исплатен од Македонски Телеком за незаконски цели, вклучувајќи ги и целите со коишто ги прекршуваат законите за спречување корупција, како што се вршење или предизвикување на вршење директни или индиректни плаќања на кој било јавен службеник или приватно лице за да му помогне на Македонски Телеком или на некој што дејствува во негово име да стекне или да задржи бизнис или, пак, да го насочи бизнисот кон некое лице или да обезбеди каква било несоодветна предност.

Телеком забранува секаква форма на корупција или поткуп, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на обезбедување или прифаќање или ветување лична предност, подмитувачки или олеснувачки плаќања.

Друштвото исто така им забранува на своите вработени да донесуваат одлуки во корист на вработените или семејството, пријателите, соработниците и познајниците на вработените.

Не смеат да се доделуваат подароци или покани за настани на трети страни со кои тие би можеле да влијаат или да се перципира дека влијаат на исходот на некоја деловна трансакција.

Македонски Телеком не поддржува политички партии, политички организации или нивни претставници ниту финансиски ниту морално.  Неговите активности за добротворни придонеси се објавени на компаниската интернет страница

Македонски Телеком нема намера да соработува со трети страни кои ги прекршуваат регулативите за спречување корумпирано однесување или прекршување на водечките принципи на Програмата за усогласеност.

Систем на обуки

Во 2007 година беше воведена програмата е-учење за усогласеност со деловната етика и спречување корумпирано однесување. Програмата за деловна етика е задолжителна за сите вработени во Групацијата; за курсот за е-учење за спречување корумпирано однесување вработените се избираат и се покануваат по спроведување на оценувањето базирано на ризици.   

Од добавувачите се бара да се регистрираат на веб страницата на Набавки на Македонски Телеком и со тоа да го прифатат Кодексот на однесување на Групацијата и клаузулата за спречување корумпирано однесување.

Ефективен систем на интерни контроли

Менаџментот на Македонски Телеком е посветен на воспоставување и одржување соодветен систем на интерни контроли за да обезбеди веродостојност на финансиските извештаи. Нашиот систем на интерни контроли е дизајниран за да обезбеди разумно уверување во врска со веродостојноста на финансиското известување и подготовката на финансиските извештаи за надворешни цели во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ).

Контролите на ниво на трансакција ги опишуваат контролите вградени во нашите деловни процеси кои се дизајнирани и функционираат за да обезбедат дека материјалните погрешни прикажувања на фактите се благовремено спречени или откриени во секое значајно финансиско конто и обелоденување во финансиските извештаи. Паралелно со тоа, ги документираме и оценуваме основните контроли на системот на интерни контроли врз основа на методологијата на Дојче Телеком.

Во согласност со критериумите од усвоената рамка на интерни контроли, менаџментот ја оценува ефективноста на системот на интерни контроли секоја финансиска година.

Целосната евалуација на нашиот систем на интерни контроли се базира на методот утврден во „Интерна контрола – Интегрирана рамка“ издадена од Комитетот на спонзорски организации на Националната комисија за измамнички финансиски извештаи (Treadway Commission). Работењето на системот на интерни контроли е исто така поддржано од независната функција на интерната ревизија. Покрај задачите поврзани со планот за работа на интерна ревизија базиран на ризици, придонесува за подобрувањето на процесите на интерна контрола и за намалување на постојните ризици преку ад хок ревизии. Секторот на интерна ревизија ја следи имплементацијата на мерките дефинирани врз основа на ревизиите. Одборот на директори и Одборот за ревизија добиваат редовни извештаи за наодите од ревизиите, мерките базирани на наодите и исполнувањето на задачите.

Следење на Програмата за усогласеност

Континуирано се применува систем за управување со формални измени за да се следи дизајнот и ефективноста на Програмата за усогласеност и таа да се приспособи на измените и на новите предизвици во деловните трендови, опкружувањето и законодавството. 

Директорот за усогласеност исто така доставува квартални извештаи до Менаџмент колегиумот, Одборот на директори и Одборот за ревизија за напредокот и резултатите од Програмата за усогласеност.

Надворешна верификација и сертификација

Во 2010 година Дојче Телеком, матичната компанија на Групацијата Маѓар Телеком иницираше процес на сертификација за да се ревидира дизајнот на Системот за управување со усогласеност. Овој процес ги утврди минималните барања за Системот за управување со усогласеност и ја ревидираше соодветната имплементација на овие минимални барања. Македонски Телеком, како членка на Групацијата Маѓар Телеком, учествува во овој процес на сертификација. Резултатите се достапни на: http://www.telekom.com/company/at-a-glance/compliance/98946.

Сличен проект за сертификација е спроведен во текот на 2013 година и по финализацијата на извештајот ќе можат да се видат резултатите од него.

Интерна комуникација со вработените

Друштвото сериозно го сфаќа Кодексот на однесување и неговата детална регулатива и неговото спроведување го смета за еден од своите највисоки приоритети, но исто така потврдува дека понекогаш е тешко да се разликува правилното од погрешното однесување. Затоа вработените се поттикнуваат да иницираат отворена комуникација преку Ask Me! Контакт точката.

Пријавување на прекршување на Програмата за усогласеност, интерните регулативи или закони:

Приговорите и коментарите поврзани со прашања и несоодветно однесување во однос на регулативите можат да бидат доставени до етичката линија „Кажи ми!“ на Македонски Телеком.

Контакт информации за Кажи ми!

Македонски Телеком
Адреса: Директор за усогласеност
Кеј 13 Ноември, бр. 6, 1000 Скопје
Телефон: +389 2 3242530
E-маил: tell.me@telekom.mk

Постои можност за поднесување на приговорите на порталите Кажи ми! на Групациите Маѓар Телеком и Дојче Телеком:

Групација Маѓар Телеком
Адреса: Директор за усогласеност на ниво на Групација
1013 Будимпешта, ул. Кристина 55., Унгарија
Телефон: +36 1 458 7780
E-маил: mondd.el@telekom.hu

Дојче Телеком
140 Фридрих-Еберт-Але, 53113 Бон, Германија
Телефон: +8000 382 4835 (од понеделник до петок, од 9 часот наутро - до 5 часот попладне GMT+1)
Факс: +8000 382 4329
E-маил: Tell-me@telekom.de
Интернет: http://tell-me.telekom.de

Би сакале да ви укажеме дека приговорите до порталот Кажи ми! на Групацијата Дојче Телеком и порталот Кажи ми! на Групацијата Маѓар Телеком можат да се поднесат само без лични податоци на лицето во врска со кое сакате да поднесете приговор. Сите други незаконски трансфери на лични податоци можат да резултираат со граѓански или кривични санкции.

Коментарите и приговорите можат да се праќаат анонимно.

pageArea reserved, leave empty!!!