Со Статутот на Македонски Телеком АД – Скопје се уредуваат:
- 1. Фирмата и седиштето на Друштвото,
- 2. Предметот на работење на Друштвото,
- 3. Прашања во врска со износот на основната главнина на Друштвото,
- 4. Органите за управување и раководење на Друштвото,
- 5. Општите акти и постапката за нивно донесување,
- 6. Номиналната вредност на акциите, бројот на акции од секој род и класа, правата, обврските, ограничувањата и погодностите,
- 7. Постапката за свикување и одржување на Собранието на Друштвото,
- 8. Други прашања од значење за Друштвото.
Покрај овие одредби, Статутот содржи и одредби за прашањата коишто, во согласност со Законот за трговски друштва, се уредуваат со Статутот.
Статутот содржи и други одредби значајни за Друштвото кои не се забранети со закон.